Прејди на содржината

Атлас (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Атлас
РодителиЈапет и Азија

Атлас (грчки: Ἄτλας) или Атлант, во старогрчката митологија бил титан. Тој бил син на Јапет и Азија[1], и брат на Прометеј.

Одлики и дела

[уреди | уреди извор]

Атлас се одликувал со огромна сила. Бил најстар од своите браќа и бил целосно верен на Титаните. Бил голем познавач на морињата и владеел со кралството Атлантида кое било толку огромно што се ширело надвор од столбовите на Херакле и било поголемо од Африка и Азија. Атлантида била потопена по наредбата на Зевс. Тогаш Атлант и неговиот брат Менотиј им се придружиле на Титаните во војна против Зевс.[2] Атлас бил татко на Плејади, Хијади и Хеспериди. Една од ќерките на Атлас била Калипсо, која го држала Одисеј седум години под своја власт.

Вечната казна

[уреди | уреди извор]

Атлас бил еден од титаните кои биле најсурово казнети по крајот на Титаномахијата (војна на титаните против боговите), а казната била да го носи на своите раменици целиот небесен свод. Според една легенда, со помош на главата на Медуза, Персеј го претворил Атлас во планина и го осудил да го носи небесниот свод.[3] Според друга легенда, Атлас сакал да му помогне на Херкул да ги украде јаболката на Хесперидите. Затоа, го замолил Херкул да го подржи небото за миг, а тој да ги украде јаболката. Откако се вратил со јаболката, Атлас не сакал повторно да се врати на својата поранешна положба, но, Херкул успеал да го измами и така Атлас повторно се вратил да го држи небото.

  1. Pseudo-Apollodorus, Bibliotheke i.2.3.
  2. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 127.
  3. „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 136.