Ад
Ад (старогрчки: ᾍδης) — во старогрчката митологија, син на титаните Хрон и Реја; еден од четирите браќа што владееле со светот. Тој бил бог на подземјето, „темното царство“ така што често подземниот свет се нарекува „ад“.[1]
Поделба на власта
[уреди | уреди извор]По падот на Титаните, заедно со браќата Зевс и Посејдон го сочинувал тројството на најголеми грчки богови. Кога го одзеле престолот на таткото Крон, ја поделиле власта. На Зевс му припаднала власта над небото и земјата. Посејдон ја добил власта над морето, а Ад станал владетел на подземниот свет.
Особености
[уреди | уреди извор]Неговата сила и власт се споредува со силата на Зевс на горниот свет. Тој бил Зевс на подземјето, неговата сила, суровост и неумоливост се огледувале во тоа што неговите поклоници никогаш не гледале во негоовиот лик кога принесувале жртви. Неговата сопруга била Персефона.
Негов еквивалент во римската митологија е богот Плутон.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Artur Koterel, Rečnik svetske mitologije, Nolit, Beograd, 1998, стр. 225 - 226.
|
|