Суровичево
Суровичево Αμύνταιο | |
---|---|
Црквата „Св. Константин и Елена“ | |
Координати: 40°41′N 21°41′E / 40.683° СГШ; 21.683° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерин |
Површина | |
• Општина | 599,6 км2 (2,315 ми2) |
Население (2001)[1] | |
• Општ. | 18.975 |
• Општ. густина | 3,2/км2 (8,2/ми2) |
• Општ. един. | 8.378 |
Заедница | |
• Население | 4407 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Рег. таб. | ΡΑ |
Суровичево или Соровичево (грчки: Αμύνταιο, Аминдео; до 1928 г. Σόροβιτς, Соровиц;[2]турски: Soroviç, Сорович) — град во Леринскиот округ во Егејска Македонија, денес во Грција. Претставува седиште на општината Суровичево.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Градот се наоѓа на 33 километри југоисточно од центарот на округот Лерин, во североисточниот дел на котлината Сариѓол (Кајларско Поле) на 21 километар северно од Кајлар[3], и на еден километар јужно од Петерското Езеро во подножјето на планината Ниџе. Планините Мала Ниџе и Мала Река го одделуваат градот од Пелагонија, а низ него тече Суровичка Река која води од Рудничкото до Петерското Езеро. Суровичево е сместено е на надморска височина од 590 метри[4]. Маалото „Аналипси“ (создадено од грчките власти) во северниот дел од градот се води како одделно село и има 629 жители. Суровичево е расположено на едно песокливо место близу до јужниот крај на Петрското Езеро, нешто на еден час североисток од Екши Су[4]. Тоа е железничка станица на пругата Солун – Битола и е средиште на Рудничката нахија[4]. Поради средишната местоположба на крстосувањето на повеќе патишта, Суровичево е сообраќаен центар на округот, а неговото сообраќајно значење се зголемило по Граѓанската војна со изградбата на кракот кој води за Калјар и Кожани од железничката пруга Солун - Лерин - Битола[3]. Атарот на општината Суровичево зафаќа површина од 25 килокилометри квадратни, од кои еден квадратен километар е под водите на Петерското Езеро[3].
Историја
[уреди | уреди извор]Едни од најстарите пишани податоци за селото Суровичево се среќаваат во турските пописни дефтери од XV век, односно од опширниот пописен дефтер број 16 за Леринската нахија од 1481 година каде за селото запишано како Сировичево е забележано дека имало 52 христијански македонски семејства кои произведувале пченица до 42 товари, јачмен до 15 товари, 'рж до 9 товари, просо до 6 товари, граор до 7 товари, зелки, кромид, свила од кожурци, се обработувале лозја, се чувале свињи и имало 2 воденици за што селото остварувало свкупен приход од 5153 акчиња[5]. Според записите на Ѓорче Петров од крајот на XIX век, Суровичево имало околу 120 куќи направени од плитари, од коишто околу 100 куќи биле Македонци под Цариградската патријаршија, десетина биле турски и десетина биле ромски, а имало и една црква [4]. Во статистиките на К’нчов од 1910 Суровичево се споменува со 835 жители од кои 750 Македонци, 35 Турци и 50 Роми, додека Милоевиќ го забележал како село со 150 македонски куќи[3]. Во текот на Првата светска војна, грчките власти во Суровичево населиле претежно влашки бегалски семејства од Битолско и од други области. Поради поволната местоположба и управното значење по Втората светска војна со наредба во 1946, Суровичево се здобило со статус на градска општина[3].
Стопанство
[уреди | уреди извор]Поголемиот дел од населението на Суровичево се занимава со земјоделство, но прилично е развиена и трговијата, како и занаетчиството[3]. Кон крајот на XIX век селаните произведувале пченица, ’рж, јачмен, анасон и многу добро вино и ракија. Во тоа време, секој понеделник во Суровичево се одржувал пазар на кој доаѓале не само селаните од околните села, туку и од подалечни села, па дури и од градот Лерин[4].
Население
[уреди | уреди извор]Во пописот од 1913 година во селото се попишани 1105 жители, додека во 1920 година нивниот број благодарение на доселувањето на бегалски семејства се зголемил на 1514, за во 1928 да порасне на 2148 луѓе од кои 177 бегалски семејства дојдени во Грција по 1922 година и голем број на македонски семејства населени тука од соседните македонски села[3]. Поради поволната местоположба и управното значење по Втората светска војна Суровичево започнува да бележи постојано зголемување на бројот на жителите па така во 1951 имало 3239, во 1961 имало 3861, за да опадне во 1971 на 3699, во 1981 на 3205, а во 1991 се намалило на 2927 жители[3].
години | население |
---|---|
1928 | 2148 |
1940 | 2650 |
1951 | 3239 |
1961 | 3861 |
1971 | 3699 |
1981 | 3205 |
1991 | 2972 |
2001 | 3636 |
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Поради поволната местоположба во сообраќајно и админстративно значење, во Суровичево постојат бројни општестевени установи меѓу кои: жандармериска поткоманда со неколку истурени жандармериски станици во околните места, општински суд, пошта, финансиска инспекција, инспекција за основно образование, државна благајна и други установи.[3]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]- Ѓорѓи Филиповски (1919-2019) — академик и член на МАНУ, врвен научен истражувач на почвите (педолог) во Македонија
- Христо Оџаклиевски (1921-1943) — македонски партизан
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 176. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 465. ISBN 978-608-245-113-8.
- ↑ Соколоски, Методија (1973). Турски документи за историјата на македонскиот народ. II. Скопје: Архив на Македонија. стр. 324–325.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|