Елевиш
Елевиш Λεβαία | |
---|---|
Координати: 40°38.43′N 21°42.11′E / 40.64050° СГШ; 21.70183° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Суровичево |
Општ. единица | Чалџиево |
Надм. вис. | 630 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 919 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Елевиш или Елеово (грчки: Λεβαία, Левеја; до 1988 г. Λακκιά[2], Лакија; до 1926 г. Έλλεβη, Елеви[3]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 919 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено со Турци.[4]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото е сместено во котлината Сариѓол, 2 км северно од Чалџиево и 6 км југоисточно од Суровичево.[4]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Ооманското Царство
[уреди | уреди извор]Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека 1873 Елевиш (Elevich) е село во Џумалиската каза со 20 домаќинства и 48 жители Македонци,[5][6] што најверојатно е погрешно.
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Елевиш:
„ | Оттука [Чалџиево] на половина час на запад над езерото, исто така по Ларискиот пат, е сместено селото Елевеш со 150 муслимански куќи. Данокот на ова село е 17.900 пијастри.[7] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Елевиш имал 700 жители Турци.[8]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Елевиш се води како чисто турско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 100 куќи.[9]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 779 жители, кои во 1920 г. нараснале на 986.[4] Во 1920-тите по сила на Лозанскиот договор жителите се иселени во Турција, а на нивно место властите довеле грчки колонисти, претежно од Понд, Тракија и Мала Азија.[10]
Во 1926 г. е преименувано во Лакија, а во 1988 г. во Левеја.[10][11] Во 1928 г. Елевиш е заведено како наполно дојденско село со 973 жители од 232 семејства.[12] Во 1940 г. нивниот број се намалил на 883 поради преселувања во други села.[4] Во 1960-тите и 1970-тите имало уште иселувања од селото, поради што населението дополнително се намалило, за да се поврати на 1.022 лица во 1991 г.[4] Во следните десетлетија е забележано уште едно опаѓање и повторен повраток на бројот на жители.
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 883 | 1.048 | 1.205 | 959 | 887 | 1.022 | 826 | 919 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
[уреди | уреди извор]Во селото се одгледува жито, леќа, и грозје, а делумно е застапено и говедарството.[4]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Λεβαία (Λακκιά)“. www.amyntaio.gr. Архивирано од изворникот на 13 април 2019. Посетено на 13 април 2019.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Έλλεβη -- Λακκιά
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 152–153.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 98-99.
- ↑ Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр.152.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 270. ISBN 954430424X.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 27.
- ↑ 10,0 10,1 „Λιθοξόου, Δημήτρης. Η περιοχή Φλώρινας (Λέριν) / Florina (Lerin) γεωγραφία της ιστορίας“. Архивирано од изворникот 2008-09-05. Посетено на 2008-09-05.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
|