Прејди на содржината

Сотир

Координати: 40°40.27′N 21°39.55′E / 40.67117° СГШ; 21.65917° ИГД / 40.67117; 21.65917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сотир
Σωτήρας
Црквата во Сотир
Црквата во Сотир
Сотир is located in Грција
Сотир
Сотир
Местоположба во областа
Сотир во рамките на Суровичево (општина)
Сотир
Местоположба на Сотир во општината Суровичево и областа Западна Македонија
Координати: 40°40.27′N 21°39.55′E / 40.67117° СГШ; 21.65917° ИГД / 40.67117; 21.65917
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаСуровичево
Општ. единицаСуровичево
Надм. вис.&10000000000000595000000595 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно108
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Сотир или Сотер грчки: Σωτήρας, Сотирас; турски: Sotur, Сотур) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 108 жители (2011).

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на надморска висина од 595 м. Сместено е на околу 2 км од гратчето Суровичево во непосредна близина на термоелектраната. Селото е со одлична местоположба во околината поради близината на крстосницата на магистралните патишта Суровичево-Костур од една страна и Птолемаида-Флорина Кајлари-Лерин од друга страна. Атарот на Сотир е сместен во низинскиот дел на Сариѓолската рамнина. На оддалеченост од 5,5км од Сотир се наоѓа и населбата Ксино Неро или Долно Врбени познато по изворите на кисела вода.

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото Сотир е старо село кое се спомнува уште во XV век во турките документи со над 95 семејства како тимар на Мустафа син на Акдем и Муса син на Иљаз.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сотир се води како чисто турско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[2]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Со оглед на околината наоѓајќи се во низинскиот дел жителите отсекогаш се занимавале со земјоделство. Во поново време од 1987 година навака еден дел од населението директно или индиректно работи во Термоелектраната Аминдео што е на само 12км близина.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Според повеќето автори кои го имаат споменато селото Сотир, неговото население во големо мнозинство го сочинувале муслимани претежно Турци, но и голем број на циганско население Роми. Понекои автори како 1886 наведуваат и христијанско (македонско) население но во мал број. Во 1924 година со „доброволната“ размена на население муслиманските жители со вкупно 37 семејства и 327 лица, се селат во Турција. На нивно место се населени 48 семејства, христијански бегалци, од кои 26 семејства од Кавказ, 18 семејства од Источна Тракија и 4 семејства од насекаде низ Мала Азија со вкупно 151 жител-маџири.

година извор жители
1886 Schinas 571
1900 Кънчов 340
1910 Χαλκιόπουλος 294
1913 Απαρίθμηση 1913 305
1920 Census 1920 327
1928 Census 1928 137
1940 Census 1940 248
1951 Census 1951 186
1961 Census 1961 162
1971 Census 1971 153
1981 Census 1981 199
1991 Census 1991 141
2001 Census 2001 142

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 27.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]