Прејди на содржината

Петар Ацев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петар Ацев
Роден 1877
с. Ореовец, Прилепско
Починал 1939
Пловдив, денес Бугарија

Петар Ацев — македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден е во селото Ореовец, Прилепско. Завршил VI клас во Софија. Од 1897 до 1901 година е учител во Прилеп, Крушево и други места во Македонија. Заедно со браќата Мирче и Георги се вклучува во револуционерната дејност на Македонската револуционерна организација. Во 1901 година негов четник е Крсто Гермов, подоцна познат како Шаќир војвода.

Ацев во комитска облека

На почетокот на 1902 година станува нелегален, а од мај бил околиски војвода за Прилепско. Тогаш негов четник е и Атанас Иванов. Петар Ацев е претставник на Прилепскиот револуционерен реон на Смилевскиот конгрес, тој бил еден од главните противници за кревање на востанието. Како главна причина за таквиот став биле недоволната подготвеност и немањето на оружје во регионот.

Петар Ацев, заедно со Георги Поп Христов и Лазар Поп Трајков, бил избран за резервен член на Генерал штабот, составен од Даме Груев, Анастас Лозанчев и Борис Сарафов [1].

По завршувањето на Илинденското востание бил избран за нелегален член на окружниот комитет, заедно со Павел Христов и Панде Кљашев, а за легални Милан Матов, Петар Нешев и Михаил Ракаџиев. Ацев водел неколку борби со отомански сили и четите на српската и грчката пропаганда во Македонија.

На 28 јуни 1904 година четите на војводите Петар Ацев и Никола Каранџулов воделе борбата со турски аскер кај село Селце, во која загинува Никола Карандџулов. Во 1905 година Трајко Кралев, Петар Ацев, Ѓуре Спирков и Крсто Гермов имале средба со српскиот ренегат Глигор Соколов, кој со фалсификувани документи ги убедувал да му дозволат да влезе во Македонија [2].

Во 1907 година учествувал во Битката на Ножот заедно со војводите Тане Николов, Иван Наумов, Михаил Чаков, Христо Цветков и Мирче Најдов.

На Ќустендилскиот конгрес Петар Ацев бил избран за дополнителен член на ЦК, заедно со Петко Пенчев, Павел Христов, Ефрем Чучков, Аргир Манасиев и Стамат Икономов [3].

По Младотурската револуција излегол од илегала и се населил во Прилеп. Две години подоцна е уапсен и 15 месеци е носен низ разни затвори низ Македонија и Мала Азија. Бил ослободен во средината на 1911 година по што се населил во Пловдив, Бугарија.

Учествувал како доброволец во Балканските војни, а потоа и во Првата светска војна. Петар Ацев учествувал во Привременото претставништво на поранешната ВМРО, а подоцна е член на Илинденската организација. Ранет е во текот на Горноџумајските случувања во септември 1924 година.

Починал во Пловдив во 1939 година.[4][5]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Николов Тома, Спомени от моето минало, глава 10-та, Изд. на Отеч. фронт, София, 1989.
  2. Аврамов, Стоян, „Революционни борби въ Азоть (Велешко) и Порѣчието“, стр.46
  3. 100 години от Кюстендилския конгрес на ВМОРО (1908 г.), Слави Славов
  4. Енциклопедия България, том 1, Издателство на БАН, София, 1978, стр. 161.
  5. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 14.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • Мирче Ацев, војвода од Илинденскиот период
  • Ѓорѓи Ацев, војвода од Илинденскиот период
  • Мирче Ацев, македонски комунист и Народен херој на Македонија од Втората светска војна. Внук на војводата Мирче Ацев.