Иван Кафеџијата
Иван Кафеџијата | ||
Роден | непознато Раково, Леринско, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Починал | 5 септември 1903 Штрково, Леринско, Егејска Македонија |
Иван (Јованче) Кафеџијата или Јон Кафеџијата, — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Иван Кафеџијата е роден во битолската село Раково, тогаш во Османлиското Царство, денес Кратеро, Грција. Влегува во ВМОРО како терорист заедно со Јордан Гавазов, Стојан Лазов и Никола Мрсев, а потоа со Кочо Песнаџиев, Миалече Лисолаец, Михаил Димев и Начо Џивџанов. Заедно со Ташко Христов стоанисувале кафеана што ја користат за средби на дејци на ВМОРО. Подоцна е четник при Георги Сугарев. Во Илинденското востание во 1903 година е војвода на чета од битолските села, во која влегуваат и Иван Димов Паша и Димче Сарванов. Загинува во голема борба во месноста Бигла, Преспа на крајот на востанието. Во четата влегуваат 40 лица, пет од кои по потекло од Крстоар [1].