Јордан Варналиев
Изглед
Јордан Петрев Варналиев | ||
Роден | 1883 Велес | |
---|---|---|
Починал | 11 март 1903 Карбинци, Штипско |
Јордан Петрев Варналиев ( 1883, Велес - 11 март 1903, Карбинци, Штипско) — македонски револуционер, кратовски војвода и учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Јордан Варналиев е роден во 1883 година во Велес, тогаш во Отоманското Царство. Тој бил роднина (внук) на револуционерот Петар Михов[1]. Завршил четврто одделение во егзархиската машка гимназија во Солун. Се приклучил на ВМОРО и од 1901 година станал четник, а подоцна организатор и војвода во Кратовската околија. На 11 март 1903 година водел борба со Турците во селото Карбинци, и се самоубил со последниот куршум [2][3].
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Македоно-одрински куриер, бр.15, 30 април 1903 г., стр. 1
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 24.
- ↑ Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопие, 2009, стр. 244