Машинската опрема на сметачот или хардвер (од англиски: hardware) и нејзината поставеност зависи од намената на личниот сметач и од задачите кои треба да ги извршува. Машинската опрема всушност го претставува физичкиот дел од сметачкиот систем т.е., електричните и електронските делови (на пр. печатените кола), електромеханичките делови (на пр. дисковите) и механичките делови (на пр. кутијата, лежиштата), уредите за поврзување во мрежа итн.
Уредите (единиците) коишто можат да влезат во поставката на машинскиот дел можат да се поделат во следните групи:
Останати елементи - куќиштата во кои се сместени единиците, трансформатор (кој се наоѓа во куќиштето и кој го трансформира високиот напон на електричната мрежа во низок), изворите за напојување, разни кабли, специјални маси и подлоги итн.)