Прејди на содржината

Тандерболт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тандерболт
Thunderbolt
Тип двопротоколен приклучок[1]
Производна историја
Конструктор Интел и Епл[2]
Конструиран 2009
Произведувач разни
Производство февраури 2011 —
Општи карактеристики
Должина највеќе до 3 метри (бакарна)[3]
Ширина 7,4 мм машки
(8,3 мм женски)
Висина 4,5 мм машки
(5,4 мм женски)
Непосредно прикл. да
Верижно поврз. да, до 7 уреди[3]
Надворешен да
Аудиосигнал преку протоколот Displayport или преку надворешни аудиокарти со USB. Поддржува аудио кон HDMI адаптер.
Приклучок Mini DisplayPort
Електрика
Сигнал 10 W[3]
Податоци
Подат. сигнал да
Проточност 20 ГбитPCIe и DisplayPort
Протокол PCI Express, DisplayPort v1.1a[3]

Тандерболт (англиски: Thunderbolt „громов удар“, порано под шифрата „Light Peak“) — нова технологија на високопроточни оптички кабли на „Интел“ наменети за меѓусебно поврзување на електронски уреди во периферна магистрала. Има способност за високопроточност, почнувајќи од 10 Гбит/сек,[4] со потенцијална можност за проширување до 100 Гбит/сек. Предвиден е како единствена универзална замена за постоечките магистрали како SCSI, SATA, USB, FireWire, PCI Express и HDMI. Во споредба со овие магистрали, Тандерболт е многу побрз, со поголем досег, помали димензии, и пофлексибилен во поддршката на протоколи.

Тандерболт е измислен со цел да се намали намножувањето на порти кај денешните сметачи. Магистралните системи како USB ја имале истата цел, и успешно замениле ред постари технологии како RS232 и IEEE 1284. Меѓутоа, со потребата од сè поголема проточност воведени се нови системи со високa моќност како eSATA и DisplayPort со кои USB и сличните системи не можат да се справат. Тандерболт овозможува доволно проточност за работа на сите овие системи преку еден единствен посредник, а во многу случаи и преку само еден кабел, користејќи венечно поврзување.

Приклучок за Тандерболт на преносен сметач Macbook Pro 17 (2011)

Кабелот на Тандерболт содржи пар оптички влакна што се користат за влезен и излезен проток. Ова значи дека Тандерболт нуди највеќе до 10 Гбит/сек во двете насоки истовремено. На прототипниот систем има два управувачи на матична плоча и секој од нив поддржувал двонасочни магистрали истовремено, кои пак се поврзани со надворешни спојувачи. Секој пар оптички кабли од управувачите води до приклучокот, каде струјата се дополнува преку засебни жици. Физичкиот приклучок во проротипниот систем е налик на оној кај постоечките USB или FireWire приклучоци.

„Интел“ вели дека Тандерболт е независен од протоколот, овозможувајќи му да ги поддржува постоечките стандарди при промена на физичкиот медиум. Досега се објавени само малку подробности за проблемите како протоколи и временската конкуренција на пристап до магистралата. „Интел“ изјавиле дека Light Peak има доволна моќност за да ги работи сите нешта, од мемориски уреди до екрани и мрежна работа, и дека може да ја одржува истата брзина (проточност) на растојанија од 100 метри кабел. Како друга предност над постоечките системи, „Интел“ вели дека системот кој користи Light Peak ќе има помал број на приклучоци и со помали димензии, подолги и потенки кабли, повисока проточност (појасна широчина), и може да работи со повеќе протоколи преку еден кабел.[5]

Клучен дел од склопот кој досега не е претставен е управувачот на магистралата за приклучениот кориснички уред. Во случајот на USB, еден управувач ги работи сите струјно кола, логичките функции на USB уредот, заедно со купечки, приспособени или програмирани логички функции за работење со уреди. Може да се направи прост USB уред со додавање на приклучок, еден придвижувачки чип, и хардверскиот систем што треба да го придвижува; глушецот е добар пример за систем што се применува користејќи еден купечки чип.[6] Слично едночипно решение ќе се бара и за Тандерболт, но засега Интел едноставно потсетува дека работи со партнери за да изработат такво нешто.[7] Според „Интел“, претпријатијата кои ќе произведуваат Тандерболт-технологија се Foxconn, Foxlink, IPtronics[8][9], SAE Magnetics[10], FOCI Fiber Optics Communications Inc, Avago, Corning, Elaser, Oclaro, Ensphere Solutions[11] и Enablence.[12]

Историја

[уреди | уреди извор]

Претставување

[уреди | уреди извор]

Иако Тандерболт сè уште е во рана развојна фаза, Intel во 2009 г. прикажале наполно функционален таков систем на Intel Developer Forum (IDF). На презентацијата, прикажаното работело преку прототипна Mac Pro матична плоча, користејќи Тандерболт за емитување на две видеа од по 1080p, LAN и мемориски уреди преку еден 30 метарски кабел со USB завршетоци приспособени за Тандерболт.[13] Intel изјавиле дека системите опремени со Тандерболт ќе почнат да се појавуваат во 2010 г.[14]

Intel изработиле прототипна PCI Express картичка за столни сметачи како дополнителен приклучок.[15] Со ова корисниците не мораат да купуваат нова матична плоча за да го користат овој нов вид на кабел. Картичката има две оптички магистрали што поддржуваат 4 порти. Note that such a card might not be able to keep up with проточноста од 40 Гбит/сек на четири Тандерболт-порти. Во 2010 г. највеќето матични плочи имаа еден или повеќе PCIe 16x жлеба, додека само малку PCIe 1x жлебови и малку Standard PCI жлебови. PCIe 1x жлебот е ограничен на 4 Гбит/сек; еден PCIe 16x жлеб би бил доволен, но тој обично се користи за видео картичка—иако 1x видео картички впрочем постојат, што значи дека ќе може да се постави Тандерболт-картичка во 16x жлеб. Други матични плочи пак, имаат повеќе PCIe 16x жлебови за двојна графика.

На 4 мај 2010 во Брисел, Intel прикажал лаптоп со Тандерболт-приклучок (со тоа покажувајќи дека технологијата има достигнато доволно мали димензии за да може да се смести во таков уред) и лаптопот емитувал 2 засебни истовремени HD видеа преку таа врска (indicating that at least some fraction of the software/firmware stacks and protocols are now functional). На истата презентација Intel се искажале дека очекуваат потребниот хардвер да влезе во производство кон крајот на 2010 г.[16]

Тандерболт користи кабел со оптички влакна со широчина од 125 микрони кои го пренесуваат инфрацрвениот сигнал до далечина од 100 метри. [17]. Оптичките влакна се обложени со пластични слоеви за заштита од влага и други оштетувања.

Особености

[уреди | уреди извор]

Тандерболт ги има следниве особености:[18]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Технологијата Thunderbolt™“. Интел. Посетено на 25 ефвруари 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. Кротерс, Брук (29 септември 2009). „Извори: Технологијата „Light Peak" не е идеја на Епл“. CNet News. CNet. Архивирано од изворникот на 2010-06-23. Посетено на 23 февруари 2011.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Технолошки преглед“ (PDF). Интел. Посетено на 25 девраури 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help) (англиски)
  4. http://www.popsci.com/scitech/article/2009-09/new-optical-cable-tranfers-10-gb-second
  5. Пател, Нили (23 септември 2009). „„Интел" го открива оптичкиот приклучок Light Peak 10Gbps за преносни уреди“. engadget.
  6. На пример, VT5363 од STMicroelectronics применува целосен систем за ласерски или кугличен глушец кој работи на USB или PS2 магистрали, и има потреба само од физички хардвер.
  7. Адикари, Ричард (28 септември 2009). „„Интел" даде увид во приклучокот за уреди Light Peak“. TechNewsWorld.
  8. IPtronics, http://www.iptronics.com
  9. Кларк, Питер (1 октомври 2009). „IPtronics, Avago со удел во Интеловиот оптички приклучок“. EETimes. Посетено на 1 октомври 2009.
  10. SAE Magnetics (H.K.) Ltd, http://www.sae.com.hk, подружница во целносна сопственост на TDK Corporation кои произведуваат магнетни глави за снимање за тврди дискови и магнетни делови за сметачи и потрошувачки електронски уреди
  11. Ensphere Solutions http://www.enspheresolutions.com
  12. Enablence, http://www.investingnideas.com/lightpeak.png[мртва врска]
  13. Пател, Нили (24 септември 2009). „Видео: Интеловиоот „Тандерболт" емитува HD додека префрла податотеки... на хакинтош“.
  14. Шилс, Меги (25 септември 2009). „Иднината има облик на ТВ, вели Intel“. BBC News. Посетено на 27 септември 2009.
  15. http://www.youtube.com/watch?v=nfGevFIVKw4
  16. Колинс, Бери (4 мај 2010). „Intel го прикажа првиот Light Peak лаптоп“. PC Pro. Архивирано од изворникот на 2013-06-17. Посетено на 5 мај 2010.
  17. „Оптички кабел широк 125 микрони“. Intel. 23 септември 2009.
  18. Пател, Нили (24 септември 2009). „Видео: Интеловиот Light Peak емитува HD додека префрла податотеки... на хакинтош“. Engadget. Посетено на 27 септември 2009.
  19. Шенкленд, Стивен (24 септември 2009). „Интеловиот Light Peak ќе ги сече каблите“. ZDNet. Архивирано од изворникот на 2009-09-28. Посетено на 2010-05-19.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Македонски

[уреди | уреди извор]

Англиски

[уреди | уреди извор]