Прејди на содржината

Дијана (принцеза од Велс)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дијана
Принцеза од Велс; Војвотка од Ротси; Војвотка од Корнвол и др.
Принцезата Дијана во Бристол (1987)
Роден(а)1 јули 1961(1961-07-01)
Парк Хаус, Сендригем, Норфолк
Починал(а)31 август 1997(1997-08-31) (возр. 36)
болница „Питје Салпетриер“, Париз, Франција
Почивалиште
СопружникЧарлс, принц од Велс
(29 јули 1981, разв. 1996)[1]
ДецаПринц Вилијам, принц од Велс
Хари, принц од Велс
Полно име
Дијана Френсис
ДинастијаВиндзор
ТаткоЏон Спенсер, XVII Ерл Спенсер
МајкаФренсис Шанд Кид

Дијана, Принцезата од Велс (англиски Diana, Princess of Wales, родена на 1 јули 1961 — починала на 31 август 1997 година) — член на британското кралско семејство и меѓународно позната личност кон крајот на XX век, како прва жена на Чарлс, принцот од Велс, со кого се омажила на 29 јули 1981 година. Свадбата која се одржала во Катедралата на Св.Павле била телевизиски емитувана и гледана од страна на светска публика од околу 750 милиони луѓе. Во бракот младенците добиле два сина, принцовите Вилијам и Хари, кои во моментот се втор и петти во редот за наследување на кралскиот престол. Дијана е родена во старо англиско аристократско семејство со благородничко потекло, станала јавна личност уште од денот на објавувањето на нејзината свршувачка со принцот Чарлс и останала во фокусот на вниманието на светските медиуми пред, за време и по бракот кој завршил со развод на 28 август 1996 година. Вниманието на медиумите продолжило и по нејзината смрт во сообраќајна несреќа на 31 август 1997 година во Париз заедно со нејзиниот партнер Доди Ал-Фајед и возачот Хенри Пол (телохранителот на Ал-Фајед, и единствен преживеан во сообраќајната несреќа бил Тревор Рис-Џонс) како и прикажувањето на јавното жалење по трагично загинатата принцеза една недела подоцна. Современите одговори за нејзиниот живот и наследство се измешани, но интересот за омилената принцеза опстојува. Дијана исто така добила признание за нејзината добротворна работа, како и за нејзината поддршка на Меѓународната кампања за забрана на нагазни мини. Од 1989 година таа била претседател на болницата за деца Ормонд Стрит.

Рани години

[уреди | уреди извор]
Марка на Македонски Пошти по повод 50 години од раѓањето на принцезата Дијана (ФДЦ 5/2011, 12 април 2011)

Дијана Френсис Спенсер е родена во Парк Хаус, Сандрингам во Норфолк, Англија[2], како најмлада ќерка на Џон Спенсер, виконт Олторп (подоцна осми ерл Спенсер) и неговата прва жена Френсис Спенсер, виконтеса Олторп (претходно Почитувана Френсис Бурк Роше, подоцна Френсис Шанд Кид)[3]. Нејзиниот татко бил со британско потекло и се вбројува меѓу неговите предци како прв војвода од Марлборо. Нејзината мајка, која била со англиско и ирско потекло, била ќерка на четвртиот Барон Фермој. Дијана има помал брат Чарлс, и две постари сестри, Сара и Џени[4]. Таа била крстена на 30 август 1961 година[5] во црквата света Марија Магдалена од Високопреосветениот Перси Херберт[6] (пастор на црквата и поранешен епископ во Норвич и Блекбурн), со кумови кои го вклучуваат Џон Флојд (претседател на Кристи). Дијана имала осум години кога се развеле нејзините родители во 1969 година[7], по многу лутина и како резултат на аферата на нејзината мајка со оженет маж. На почетокот, нејзината мајка ги зела Дијана и нејзиниот помал брат да живеат заедно во стан во лондонскиот Најтсбриџ, каде што Дијана посетувала часови во локалното училиште. Сепак, по судската расправа (таткото на Дијана добил старателство над децата) на која мајката на Френсис, бароницата Фермој ја окарактеризирала сопствената ќерка како несоодветна мајка, таткото на Дијана го добил старателството над децата. Набргу потоа, по разводот на нејзиниот љубовник од неговата сопруга, Френсис се омажила за него и се преселила на островот Сеил, на западниот брег на Шкотска. Оттогаш, Дијана и нејзините сестри биле под старателство на нивниот татко, но често ја посетувале и мајка си. Подоцна, во 1976 година нивниот татко ги следел стапките на нивната мајка со тоа што имал афера со мажена жена - Рајна, грофицата од Дармут, ќерка на Александар МекКокордејл и Барбара Картланд[8]. Тој подоцна се оженил со Рајна откако таа и нејзиниот сопруг се развеле. Ниту еден од родителите на Дијана немал деца од нивниот втор брачен другар. Дијана и нејзините сестри не се согласувале добро ниту со нивната мајка ниту со нивниот очув. Од страна на нејзиниот татко, таа се смета за потомок преку четири незаконски сина на кралот Чарлс II на Англија.

  • Хенри Фицрој, прв војвода од Графтон, син на Барбара Вилиер прва војвотка на Клевленд
  • Чарлс Ленокс, прв војвода на Ричмонд и Ленокс, син на Луис де Керуал
  • Чарлс Беклерк, прв војвода на Сент Олбанс, син на Нел Гвин

Таа исто така се смета за потомок на кралот Јаков II од Англија преку неговата вонбрачна ќерка, Хенриета ФицЏејмс, од страна на неговата љубовница Арабела Черчил. Од страна на нејзината мајка, Дијана била Ирка и Шкотланѓанка, како и потомок на американската наследничка Френсис Ворк, баба и истоименичка на нејзината мајка, од која потекнува значајното богатство на Рош. Спенсерови со векови биле блиски со британското кралско семејство[9], близина која била во корист на кралското семејство за време на 17 век. Рут - мајката на баба ѝ на Дијана, била долгогодишна и дворска дама на Елизабета Боуз-Лајон, мајка на кралицата Елизабета II. Нејзиниот татко бил поданик на кралот Џорџ VI и на кралицата Елизабета II[6].

Образование

[уреди | уреди извор]

Дијана прво се школувала во школото Сифилд Скул, Кингс Лин, Норфолк, потоа во Ридлсворт Хол во Хорфолк[10] и во училиштето за девојчиња Вест Хит (подоцна познато како Новото школо во Ветс Хит). Во Севенокс, Кент каде била оценета како лош студент двапати обидувајќи се и притоа не успевајќи да го добие општиот сертификат за образование[11]. Нејзиниот извонреден дух на заедништво бил признат со награда од Вест Хит[12]. Во 1977 година, на 16 годишна возраст таа заминала од Вест Хит[13] и кратко време го посетувала Институтот Алпин Видеманете[14], и приватниото училиште во Ружмон во Швајцарија.

Во тоа време, таа за првпат го сретнала нејзиниот иден сопруг кој тогаш се забавувал со нејзината најстара сестра леди Сара МекКорокодејл[15][16]. Дијана, во тој период бриљирала во пливање и нуркање и копнеела да биде професионална балерина во Кралскиот Балет. Иако одредено време му била посветена на балетот [17], нејзината висина од 1,78 м не ѝ дозволила да се занимава со таа професија. Дијана се преселила во Лондон пред да наполни 17 години и живеела во зградата на нејзината мајка бидејќи во тој период мајка ѝ поголемиот дел од годината го поминувала во Шкотска. Набргу потоа, како подарок за нејзиниот 18 роденден ѝ бил купен станот во вредност од 50 илјади фунти во Колерне Корт на Еарл Корт. Со своите три состанарки живеела таму сè до 1981 година. На предлог на нејзината мајка, во Лондон посетувала и напреден курс за готвење, иако никогаш не станала вешта готвачка. Во прво време работела како инструктор по танцување за млади, сè до несреќата која и се случила за време на скијање и која предизвикала таа да отсуствува три месеци од нејзината работа[18]. Потоа, нашла вработување како помошник во забавиште (претшколска настава), чисти за нејзината сестра Сара и неколку нејзини пријателки и работела како хостеса на забави. Дијана исто така некое време работела и како негувателка за едно американско семејство кое живеело во Лондон[19].

Врската со Принцот од Велс

[уреди | уреди извор]

Принцот Чарлс ја познавал Дијана неколку години, но тој за првпат сериозно се заинтересирал за неа како идна невеста во летото 1980 година[20][21], кога биле на викенд во природа, каде што таа го гледала додека тој играл поло. Нивната врска почнала да се развива кога тој ја поканил на едрење до Коус со Кралската јахта HMY Britannia, проследено со покана до Балморал (шкотската резиденција на кралското семејство) за да се запознае со неговото семејство. Таму Дијана била добро примена од Елизабета II, од принцот Филип, Војвода од Единбург и од кралицата мајка. Подоцна двојката ја одржувала врската во Лондон. Принцот и предложил брак на 6 февруари 1981 година и Дијана прифатила, но нивната свршувачка била чувана во тајност некоку недели.[22].

Дијана,принцезата од Велс на Канскиот филмски фестивал".

Свршувачка и венчавка

[уреди | уреди извор]

Нивната свршувачка станала официјална на 24 февруари 1981 година[23] откако Дијана одбрала голем прстен од 30,000 фунти, во денешни услови 85,700 фунти, кој се состоел од еден сафир, опкружен со 14 дијаманти[23], сличен на свршеничкиот прстен на нејзината мајка. Прстенот бил направен од тогашниот кралски златар Жерард, но невообичаено за еден член на кралското семејство е тоа што прстенот не бил уникатен и во тоа време се наоѓал во златарската колекција на Жерард. Подоцна прстенот бил употребен како свршенички прстен на Кејт Мидлтон, во 2010 година свршеничка на принцот Вилијам, најстариот син на принцезата Дијана[24]. Кралицата Мајка на Дијана и подарила diamond brooch[25]

По ангажманот, Дајана ја напуштила својата професија како учител во градинка и живеела кратко време во Кларенс Хаус, која била дом на Кралицата Мајка[26]. Таа потоа живеела во Бакингемската палата до свадбата[26]. Дијана била првата Англичанка што станала сопруга на наследник кој бил видлив за 300 години, а таа била и првата кралска невеста што имала платена работа пред нејзиниот ангажман.[11][23]. Таа го направила својот прв јавен настап со принцот Чарлс во март 1981 година во салата Голдсмитс, каде што се запознала со принцезата од Монако[26].

Дваесетгодишната Дијана станала принцеза од Велс кога се омажила со Чарлс на 29 јули 1981 година во Катедралата Свети Павле која понудила повеќе места за седење од Вестминистерската опатија која најчесто се користи за Кралски венчавки[11][23]. Свадбата била долго најавувана како „венчавка од бајките“ гледана од страна на светска телевизиска публика од 750 милиони, додека 600,000 луѓе излегле на улиците да ја видат Дијана на пат кон местото на свеченоста[23][27]. Пред олтарот Дијана случајно го сменила редоследот на првите две имиња на Чарлс велејќи Филип Чарлс Артур Џорџ наместо Чарлс Филип Артур Џорџ[27]. Таа не кажала дека ќе го „почитува него“ - оваа традиционална заклетва била изоставена на барање на двојката која во тоа време предизвикало многу коментари[28] . Дијана носела фустан во вредност од 9.000 фунти со 25 стапки (8 метри во должина)[29]. Свадбената торта на двојката била направена од белгискиот шеф слаткар С.Г.Сендер, кој бил познат како „кралски слаткар“.

Откако станала принцеза од Велс, Дијана автоматски се стекнала со ранг како трета највисока жена во британското кралско семејство (по кралицата и кралицата мајка), и била петти или шести по редоследот на нејзините други царства, по кралицата, релевантниот вицекрал, војводата од Единбург, кралицата мајка и принцот од Велс.

На 5 ноември 1981 година официјално била најавена првата бременост на принцезата и таа отворено разговарала за нејзината бременост со новинарите[30]. Во приватното крило Линдо на болницата Св. Богородица во Бадингтон, на 21 јуни 1982 година, Дијана го родила нејзиниот и на принцот Чарлс, прв син и наследник, Вилијам[31]. И покрај некои медиумски критики, таа одлучила да го земе Вилијам, иако сè уште бебенце, на нејзиното прво големо патување до Австралија и Нов Зеланд. Но нејзината одлука била општо поздравена. Како што подоцна признала и самата, Дијана на почетокот не планирала да го земе и Вилијам со себе, сè додека тоа не и било предложено од страна на австралискиот премиер[32].

Вториот син Хари е роден околу две години по Вилијам, на 15 септември 1984 година[33]. Дијана потврдила дека таа и принцот Чарлс биле најблиски во текот на нејзината бременост со Хари, како што подоцна бил наречен помалиот принц. Таа знаела дека и нивното второ дете ќе биде момче, но оваа информација не ја споделила со никого, вклучувајќи го и принцот Чарлс.[34] Шпекулациите дека таткото на Хари не е Чарлс, туку Џејмс Хјуит, со кого Дијана имал афера, се засновале на наводна физичка сличност меѓу Хјуит и Хари; сепак, Хари се родил пред да започне аферата помеѓу Дијана и Хјуит[34][35][36].

За целиот свет таа била посветена и грижлива мајка[23][37][38]. Таа ретко се покорувала на принцот Чарлс или пак на кралското семејство и често била непопустлива кога станувало збор за децата. Таа ги одбрала нивните имиња, се спритивставила на кралскиот обичај на обрежување, ја отпуштила кралската дадилка и ангажирала друга по нејзин избор, покрај изборот на училиште и облека таа ги планирала и нивните излети и ги земала од училиште толку често колку што и дозволувале обврските. Таа исто така преговарала и околу нивниот распоред за нејзините јавни должности[39].

Проблеми и развод

[уреди | уреди извор]

Пет години во бракот, некомпатибилноста на двојката и разликата во возраста од речиси 13 години станале видливи[40]. Во текот на раните деведесетти години се распаднал бракот на Дијана и Чарлс - настан кој на почетокот бил потиснат, а потоа предизвикал сензација во светските медиуми. Како што се тврди, принцот и принцезата Велс зборувале со новинарите преку нивните пријатели, секој од нив го обвинувал другиот за пропаѓањето на бракот. Хронологијата на распадот идентификува проблеми меѓу Чарлс и Дијана уште во 1985 година[41]. Во текот на 1986 година принцот Чарлс се вратил кај неговата поранешна девојка Камила Шанд[42], подоцна позната како Камила Паркер-Боулс, сопруга на Ендру Паркер-Боулс. Оваа афера била разоткриена во мај 1992 година, со објавувањето на „Дијана: Нејзината вистинска приказна“ од Ендру Мортон[43][44].

Книгата која предизвикала медиумска бура исто така ги изнесува на виделина околностите за наводната самоубиствена несреќа на Дијана. Ова објавување било проследено со објавување на снимки од телефонски разговори кои негативно се одразиле на двата кралски противници во текот на 1992 и 1993 година. Записите од снимените интимни разговори меѓу Дијана и Џејмс Гилбеј биле објавени во весникот Сан во Британија во август 1992 година[45]. Насловот на статијата “Скуџигејт[46][47] (Мек премин) го посочил нежниот прекар на Гилбеј за Дијана. Во ноември 1992 година на површина излегле снимки, т.н. „Камилагејт“ (алузија на Вотергејт) кои претставуват размена на интимности меѓу Чарлс и Камила, а биле објавени во весниците Тудеј и Мирор. Во меѓувреме на површина започнале да излегуваат гласини за врската на Дијана со Џејмс Хјуит, нејзин поранешен инструктор по јавање, по што тој излегол во јавност со објавувањето на „Вљубената принцеза“ во 1994 година. Во декември 1992 година, премиерот Џон Мајер го соопштил „пријателскиот развод“ на Долниот Дом и целосните снимки за „Камилагејт“ биле објавени во весниците еден месец подоцна, во јануари 1993 година[23][48].

На 3 декември 1993 година, Дијана го најавила нејзиното повлекување од јавниот живот[49]. Чарлс побарал јавно разбирање преку телевизиско интервју со Џонатан Димблби на 29 јуни 1994 година[50][51][52]. Во ова интервју тој ја потврдил неговата вонбрачна афера со Камила Шанд велејќи дека тој само ги разбудил нивните дружења од 1986 година, откако неговиот брак со принцезата од Велс неповратно се распаднал. Додека ја обвинувала Камила Паркер-Боулс за нејзините брачни проблеми, во еден момент Дијана почнала да верува дека Чарлс имал и други афери. Во октомври 1993 година, Дијана и напишала писмо на една пријателка дека верува дека нејзиниот сопруг е вљубен во Тиџи Леџ-Бург и дека планира да се ожени со неа[53]. Тиџи Леџ-Бург била ангажирана од страна на принцот Чарлс додека тие биле чувани од него, како млада платена дадилка за неговите синови, а Дијана била крајно огорчена кон Леџ-Бург и нејзиниот однос со младите принцови.

Дијана била гостин на БиБиСи Панорама од страна на новинарот Мартин Вашир во интервју кое било емитувано на 20 ноември 1995 година[54], и во кое Дијана за Хјуит му каќала: „Да, јас го сакав. Да, јас го обожавав“. За Камила таа тврди: „во тој брак бевме тројца“, додека за себе Дијана изјавила „јас би сакала да бидам Кралица на срцата на луѓето“. За тоа колку Чарлс е соодветен за кралствување таа изјавила: „Бидејќи јас му го познавам карактерот, би помислила дека „главната работа“ како што јас ја нарекувам ќе му наметне големи ограничувања и не знам дали тој би можел да се прилагоди на тоа[54].

Во декември 1995 година, кралицата побарала од Чарлс и Дијана „побрз развод“, како директен резултат од интервјуто на Дијана за Панорама[55][56]. Ова следело кратко време по обвинувањето на Дијана дека Тиџи Леџ-Бург абортирала дете од Чарлс, а по оваа изјава Леџ-Бург побарала извинување преку Питер Сартер-Рук[57]. Два дена пред да се прекине оваа приказна, Патрик Џефсон, секретарот на Дијана поднел оставка, подоцна пишувајќи дека Дијана била „воодушевена од нејзиното обвинување дека Леџ-Бург имала абортус“. На 20 декември 1995 година Бакингамската палата јавно објавила дека кралицата им испратила писма на Чарлс и Дијана советувајќи ги да се разведат. Овој потег на кралицата бил поддржан од страна на премиерот и од постариот личен советник на кралицата и според БиБиСи се решиле на овој потег по двонеделни разговори. Принцот Чарлс веднаш се согласил со предлогот. Во февруари Дијана го најавила нејзиното согласување по преговорите со принцот Чарлс и претставниците на кр

ралицата[58], иритирајќи ја Бакингамската палата со објавување на нејзино соопштение за договор за развод како и неговите услови[59]. Разводот бил завршен на 28 август 1996 година[49]. Дијана добила исплата на голема сума на пари од околу 17 милиони фунти заедно со член (клаузула) стандарден за кралски разводи кои спречуваат таа да зборува за деталите[60][59].

Неколку дена пред судската одлука за развод, издадени биле патентно писмо и општи правила за регулирање на кралските титули по разводот. Имајќи го предвид фактот дека таа не била повеќе омажена со принцот Чарлс, Дијана го изгубила називот „Нејзиното кралско височество“ и наместо тоа била нарекувана Дијана, Принцезата од Велс[61]. Бакингамската Палата на денот на судската одлука за развод испратила соопштение до медиумите, соопштувајќи за промената на титулата на Дијана[11]. Бакингемската палата изјавила дека Дијана сè уште е член на кралското семејство[62], бидејќи е мајка на вториот и третиот во редот за претстолонаследници. Ова било потврдено од страна на заменик вештакот на кралското семјство[63], бароницата Батлер Шлос, по претходното сослушување на 8 јануари 2007 година: „Дијана, принцезата од Велс беше сметана за член на Кралското семејство и во мигот на нејзината смрт“. Ова е наводно потврдено од Врховниот суд при судскиот преглед на предметот Ал Фајед и Орс против Батлер Шлос[64]. Во тој случај, тројца судии од Врховниот суд ги прифатиле судските барања дека „самиот назив -Вештак на Кралското семејство- дава изглед на пристрасност во однос на истрагата за смртта на две лица од кои едниот е член на кралското семејство, а другиот не е[64].

Добротворна работа

[уреди | уреди извор]

Во 1983 година таа му се доверила на Брајан Пекфорд, премиер на Њуфаундлед, кажувајќи му: „Јас тешко се соочувам со притисокот да се биде Принцезата од Велс, но учам да се справам со тоа[65]. Од средината на осумдесеттите години принцезата од Велс била поврзувана со многубројни добротворни активности. Како принцеза од Велс од неа се очекувало да посетува болници, училишта итн. како пример на кралско покровителство. Дијана покажала голем интерес за сериозни болести и прашања поврзани со здравјето кои не спаѓаат во доменот на традиционалното кралско учество, вклучувајќи ги сидата и лепрата. И покрај тоа, принцезата била покровител на добротворни работи и организации кои работат со бездомници, млади луѓе, зависници од дрога и постари лица. Таа била претседател на болницата за деца Грејт Ормонд Стрит од 1989 година. За време на нејзината последна година од животот, Дијана придонела за видлива поддршка на Меѓународната кампања за забрана на нагазни мини, кампања која ја освои Нобеловата награда во 1997 година по нејзината смрт.

Личниот живот по разводот

[уреди | уреди извор]

По разводот Дијана го задржила нејзиниот двоен стан на северната страна од Кензингтонскаta палата кој таа го делела заедно со принцот Чарлс уште од нивната прва година во брак, а кој останал нејзин сè до смртта[59][66]. Дијана скоро две години излегувала со почитуваниот кардиохирург Хаснат Кан од Џелам, Пакистан[67], сè додека тој не ја прекинал врската. По нејзината смрт од страна на нејзините најблиски пријатели тој бил нарекуван „љубовта на нејзиниот живот[68][69][70][71]. Кан бил крајно дискретен и врската се одвивала во тајност, а Дијана ги лажела новинарите кога ја прашувале за оваа нејзина врска[72][73]. Кан припаѓал на традиционално пакистанско семејство кое очекувало тој да се ожени со девојка во сродство со муслимански клан и разликите меѓу него и Дијана[73][74] She is said to have spoken of her distress when "he" ended their relationship.[67], не само религиските, биле премногу големи за нив. Според сведочењето на Кан за време на истрагата за нејзината смрт[75], тој изјавил дека самата Дијана ја прекинала нивната врска во јуни 1997 година за време на една вечерна средба во Хајд Парк кој се граничи со Кенсингтонската палата[76].

Истото лето, во рок од еден месец Дијана почнала да излегува со Доди Ал Фајед, кој бил син на нејзиниот домаќин за тоа лето, Мохамед Ал Фајед[77][78]. Дијана размислувала да ги однесе нејзините синови тоа лето во Хемптонс на Лонг Ајленд, Њујорк, но безбедносните служби го спречиле тој план. По донесувањето на одлуката да не патуваат на Тајланд, таа ја прифатила поканата на Фајед да му се придружи на неговото семесјтво на југот од Франција каде заградениот простор и многубројното обезбедување нема да предизвикаат грижа за кралската служба за заштита. Мохамед Ал Фајед купил јахта вредна повеќе милиони фунти на која планирал да ги забавува принцезата и нејзините синови[77][78][79][80].

Нагазни мини

[уреди | уреди извор]

Во јануари 1997 година, биле прикажани слики низ целиот свет од принцезата со балистички шлем на главата и панцир во обиколка на минско поле во Ангола[81]. За време на оваа кампања некои ја обвиниле принцезата за мешање во политиката и ја прогласиле за „надвор од контрола“. Во август 1997 година на само неколку дена пред нејзината смрт, таа ја посетила Босна и групата на преживеани луѓе од нагазни мини: нејзиниот интерес за нагазни мини се однесуваше на повредите кои тие ги создаваат често кај деца многу подоцна откако ќе заврши еден конфликт. Иако по нејзината смрт сепак се верува дека таа имала големо влијание врз потпишувањето на Договорот во Отава кој формирал меѓународна забрана за употреба на противпешадиски мини[82]. Образложувајќи го пред Долниот дом на Британскиот парламент нацрт-законот за нагазни мини, на Второто читање, секретарот за надворешни работи Робин Кук одадл почит на делото на Дијана: „Сите почитувани членови на овој Дом ќе се уверат од пристигнатите вреќи со пошта во огромниот придонес на Дијана, Принцезата од Велс да укаже пред нашите гласачи за големите човечки загуби од нагазните мини. Најдобар начин да и одадеме почит за нејзиното дело, и за работата на НВО-ата кои водеа кампањи против нагазните мини е да го усвоиме овој закон и да го отвориме патот кон глобалната забрана на нагазни мини.[83]

Обединетите нации апелирале до земјите кои произведуваат и складираат нагазни мини (САД, Кина, Индија, Северна Кореја, Пакистан и Русија) да го потпишат договорот од Отава кој го забранува нивното производство и употреба за кои и самата Дијана ја водела кампања[84]. Извршниот директор на УНИЦЕФ (Фондот на Обединетите на Нации за деца) изјавил дека: „Нагазните мини остануваат “смртоносна атракција за деца“ чијашто вродена љубопитност и потреба за игра ги намамуваат во директна опасност“.

На 31 август 1997 година Дијана била смртно повредена во сообраќајна несреќа на патниот тунел кај мостот Алма во Париз која исто така предизвикал смрт кај нејзиното тогашно момче Доди Ал Фајед и кај Анри Пол, нивниот возач и вршител на должноста обезбедување во хотелот Риц во Париз. Погребот на Принцезата бил проследен од милионска публика.

Теории на заговор и истрага

[уреди | уреди извор]

Почетната судска истрага во Франција донела заклучок дека несреќата била предизвикана од Анри Пол кој во пијана состојба ја изгубил контролата над возилото. Од февруари 1999 година, таткото на Доди, Мохамед Ал-Фајед (сопственик на хотелот Париз Риц) за кого работел и Пол тврдел дека несреќата била планирана, обвинувајќи ги за тоа МИ-6, како и принцот Филип, Војводата од Единбург. Истрагата во Лондон во периодот од 2004 до 2007 година конечно му ја препишува несреќата на крајно несовесното возење од страна на Анри Пол, како и на гонењето од страна на папараците. Следниот ден Ал Фајед изјавил дека ќе стави крај на неговата десетгодишна кампања за доброто на децата на покојната Принцеза од Велс.

Почит, погреб и погребение

[уреди | уреди извор]

Ненадејната и неочекувана смрт на една популарна кралска личност предизвикало изјави од страна на истакнати личности од целиот свет и голема почит од страна на јавни личности од целиот свет. Луѓето неколку месеци оставале во јавноста цвеќиња, свеќи и лични пораки пред дворот на Кенсингтонската палата. Погребот на Дијана се одржал во Вестминистерската Опатија на 6 септември 1997 година. Претходниот ден кралицата Елизабета II ја изразила нејзината почит преку директен телевииски пренос. Нејзините синови принцовите Вилијам и Хари чекореле во погребната поворка позади нејзиниот ковчег заедно со Принцот од Велс, Војводата од Единбург и Чарлс Спенсер, Деветти Ерл Спенсер, братот на Дијана. Телевизискиот погреб на 6 септември бил набљудуван од британската телевизиска публика што достигнала 32,10 милиони гледачи, што било едно од највисоките резултати на Обединетото Кралство досега. Милиони го следеле настанот низ целиот свет[85][86].

Веднаш по нејзината смрт многу градови низ целиот свет за кратко време станале ад хок споменици на Дијана, каде луѓето оставаат цвеќиња и други пораки. Најголемиот бил надвор од портите на Кенсингтон. Во постојани споменици се вбројуваат:

  • • Меморијален парк во чест на Дијана, Принцезата од Велс во Регент, Централ Парк, Киркинтилох
  • • Меморијален споменик во чест на Дијана, принцезата од Велс во Хајд Парк од Лондон отворен од Кралицата Елизабета II
  • • Игралиште во чест на Дијана, Принцезата од Велс во Кенсингтонската градина во Лондон
  • • Меморијална патека во чест на Дијана, Принцезата од Велс, кружен пат помеѓу Кенсингтон Гарденс Грин Парк, Хајд Парк и Сент Џејмс во Лондон

Исто така, постојат и два споменика внатре во стоковната куќа Хародс во Лондон, во тоа време во сопственост на Мохамед Ал Фајад, таткото на Доди Ал Фајад. Првиот споменик се состои од фотографија од нив двајцата, поставена зад пирамида која во себе ја чува чашата за вино со траги од кармин од последната вечера на Дијана како и свршеничкиот прстен што го купил Доди еден ден пред да загинат.

Вториот свечено откриен во 2005 година е насловен како „Невини жртви“ претставува бронзена статуа од нив двајцата како танцуваат на плажа под крилјата на албатрос. Постои и еден неофицијален споменик во Париз, на плоштадот Алма, кој претставува пламен на слободата, поставен таму во 1989 година[87][88].

Сувенири

[уреди | уреди извор]

По смртта на Дијана, Меморијалниот Фонд на Дијана ги добил правата на интелектуална сопственост околу заштита на нејзиниот лик[89]. Во 1998 година по одбивање на барањето на Френклин Минт за добивање на официјална лиценца за производство на сувенири со ликот на Дијана, Фондот ја тужел неговата компанија обвинувајќи ги за нелегална продажба на кукли, чинии и накит со ликот на Дијана[90][91]. Во Калифорнија каде што бил докажан првиот случај, судска тужба за да се зачува правото на публицитет може да се поднесе во име на починато лице само доколку лицето е жител на Калифорнија[90][91].

Како резултат на тоа Меморијалниот Фонд започнал постапка во однос на заштитата и по губењето на случајот од страна на судот било побарано Меморијалниот Фонд да му ги плати судските трошоци на Франклин Минт во износ од 3 милиони фунти заедно со други надоместоци кои ќе предизвикаат меморијалниот фонд да ги замрзне своите финансиски средства а добротворни цели. Во 1998 година Аеримарк издал поштенска марка со текст на англиски и азерски јазик во чест на Дијана. Англискиот текст гласи: „Дијана Принцезата од Велс. Принцезата која ги освои срцата на луѓето.“ Во 2003 година Франклин Минт поднел против тужба и случајот на крај бил решен во 2004 година со пресуда да постигнат заеднички договор со меморијаниот фонд надвор од судот[92]. Двете страни се договориле средствата да се донираат за добротворни цели. Денес во согласност со оваа тужба две компании од Калифонија Френклин Минт и Принцес Ринг Доо, продолжија со продавањето на сувенири со ликот на Дијана без потреба од каква било дозвола од Фондот за зажтита на ликот на Дијана.

На 13 јули 2006 година италијанскиото списание Ки, објавил фотографии од принцезата меѓу остатоците од возилото од сообраќајната несреќа и покрај неофицијалната забрана за необјавување на такви фотографии[93][94]. Уредникот на Ки ја бранел својата одлука велејќи дека ги објавил фотографиите бидејќи тие претходно не биле видени и дека смета дека фотографиите не го навредуваат споменот на Дијана. Нови дискусии произлегле околу прашањето за овие фотографии кога британскиот Канал 4 ги емитувал за време на еден документарец во јуни 2007 година. 1 јули 2007 година, го одбележал концертот на стадионот Вембли. Настанот кој бил организиран од страна на Принцовите Вилијам и Хари, бил по повод прославувањето на 46 годишнината од раѓањето на нивната мајка, а настанот се случил на неколку недели пред десет годишнината на нејзината смрт која се случи на 31 август[95][96] The proceeds that were earned from this event were donated to Diana's charities.[97]. Документарниот филм за Дијана од 2007 година: „Последните денови на принцезата“, ги покажува во детали последните два месеца од нејзиниот живот. Во октомври 2007 година, епизода од The Chaser’s War on Everything на Ендру Хансен ја исмева Дијана во неговата “пофална песна“ која веднаш предизвикала големи дискусии кај австралсиките медиуми.

Дијана во современата уметност

[уреди | уреди извор]

Дијана била насликана во современата уметност уште од денот на нејзината смрт. Некои од уметничките дела се однесуваа на теорииите на заговор како и на оддавањето почит на нејзината сочувствителност и признавања, кои ја сметале за жртва. Во јули 1999 година Трејси Емин создал голем број на цртежи со текстуални белешки за јавниот и приватниот живот на Дијана во тематската изложба „Храмот на Дијана“ во Сината галерија во Лондон[98] . „Тие сакаа да бидеш уништена1999 година е дело кое што се однесува на болеста булимија на Дијана додека некои други дела вклучуваат чувствителни текстови како што се “љубовта беше на ваша страна“ и “фустанот на Дијана со надуени ракави[81]. Уште еден текст оддадел признание на нејзината несебичност – “она што го направи за да им помогнеш на другите“ прикажувајќи ја Дијана како чекори во заптитна облека низ минско поле во Ангола, додека останатите дела се однесуваат на теориите на заговор. За нејзините цртежи Емин тврди дека “тие се малку чувствителни...и дека нема ништо цинично околу тоа“.

За време на Венециското биенале Мартин Састре во 2005 година го промовирал филмот Дијана. Ова измислено дело започнува како светот ја пронаоѓа Дијана жива како ужива во нов таен живот во опасната фавела која се наоѓа на периферијата на Монтевидео, снимен во автентични уругвајски квартови од Саун Пауло. Филмот бил избран за најдобро дело на Биеналето во Венеција од стана на Здржението на Италијански уметнички критичари[99][100][101][102].

Во 2007 година следејќи ја претходната низа која се однесувала на теоријата на заговор Стела Вин создала серија на слики со Дијана за прва самостојна иложба во Галеријата за современа уметност Оксфорд[103][104]. Вин одбрал да направи портрет на силата во комбинација со ранливоста на Дијана како и нејзината близина со нејзините два сина. Сите дела биле завршени во 2007 година, вклучувајќи ги и: „Дијана се разгранува“, „Семејниот пикник на Дијана“, „Превезот на Дијана“ и „Прамот на Дијана“ кои го вклучуваат и цитатот „Ти давам завет земјо моја[105][106]. Блејз нескромно вели дека била згрозена од несреќата на Дијана наоѓајќи ја едновремено „ужасна, збунувачка и загадочна“. Вин ја потврдил нејзината долготрајна привлечност од убавината и трагедијата на животот на Дијана.[107]

Во 1997 година, рускиот поет Јарослав Могутин ја напишал песната „Принцезата Динамо (таа бегаше неа ја бркаа), посветена на смртта на принцезата Дијана.[108]

Современи мислења

[уреди | уреди извор]

Уште од нејзината свршувачка со принцот Чарлс сè до нејзината смрт во 1997 година, Дијана била присутна како икона на светската сцена често опишувана и како најфотографирана жена на светот. Таа била позната по нејзината сочувствителснот, стил, харизма и добротворната работа со која привлекла многу внимание како и енјзиниот проблематичен брак со принцот Чарлс. Дијана била откриена како главна инспирација за „Дијана: нејзината вистинска приказна“ од Ендру Мортон кој ја опишува како обесправена од домот на Виндзор (британската кралска фамилија)[43][44]. Мортон како пример го наведува тврдењето на Дијана дека додека била бремена таа се обидела да се самоубие со паѓање надолу низ неколку скали и дека за време на бременоста Чарлс ја оставал да јава. Тина Браун Смета дека не се работи за обид за самоубиство бидејќи таа никогаш намерно не би пробала да му наштети на своето неродено дете. Браун цитира еден советник кој вели дека Дијана случајно се лизнала како и други извори кои тврдат дека се работи за несреќен случај. Наснимени аудио касети Дијана самата јавно признава дека таа навистина се фрлила надолу по скалите имајќи на ум дека е бремена и си ги исекла вените со жилет“ (доказ за себеповредување). Биографот на кралското семејство Сара Бредфорд забележува дека „единствен лек за нејзиното страдање би била љубовта на принцот од Велс“ која таа страсно ја посакувала, нешто што секогаш и било одбиено. Негово беше последното одбивање. Начинот на кој тој постојано ја омаловажувал ја доведе до очај. Дијана самата коментира: „мојот сопруг на секој можен начин направи да се чувствувам несоодветно и секогаш кога ќе дојдев до воздух тој повторно ме туркаше надолу...“. Дијана признала дека се борела со депресија, самоповредување, булимија, кои се повторувале во текот на нејиниот живот. Еден биограф сугерира дека Дијана страдала од ограничено растројство на личноста[109][110].

Во 2007 година, Тина Браун напишала биографија за Дијана како „нервозен и напорен зависник од купување постојано опседната со нејзиниот јавен изглед (имиџ)“ како и „зајадлива, манипулативна, медиумски – итро невротична“. Браун исто така тврди дека Дијана стапила во брак со Чарлс поради неговата моќ и дека била во романтична врска со Доди Ал Фајад само за да го изнервира кралското семејство, без намера да се омажи со него.

  1. „Животот на Дијана, принцезата од Велс 1961-1997“. (англиски)
  2. Morton 1997, стр. 70.
  3. Morton 1997, стр. 70–71.
  4. Brown 2007, стр. 37–38.
  5. Chua-Eoan, Howard (16 August 2007). „The Saddest Fairy Tale“. Time. Архивирано од изворникот на 3 February 2017. Посетено на 3 February 2017. ...she died, suddenly, the day after the 36th anniversary of her christening...
  6. 6,0 6,1 Morton 1997, стр. 71.
  7. Brown 2007, стр. 42.
  8. Bradford 2006, стр. 25.
  9. Brown 2007, стр. 32–33.
  10. Bradford 2006, стр. 21–22.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 „Diana, Princess of Wales“. The British Monarchy. The Royal Household. Архивирано од изворникот на 24 January 2017. Посетено на 17 February 2017.
  12. Bradford 2006, стр. 23.
  13. Bradford 2006, стр. 35.
  14. Bradford 2006, стр. 41, 44.
  15. Bradford 2006, стр. 40.
  16. Glass, Robert (24 July 1981). „Descendant of 4 Kings Charms Her Prince“. Daily Times. London. Посетено на 24 April 2016.
  17. Brown 2007, стр. 55.
  18. Brown 2007, стр. 68.
  19. Morton 1997, стр. 103.
  20. „Royal weekend fuels rumours“. The Age. London. 17 November 1980. Посетено на 22 July 2013.
  21. Dimbleby 1994, стр. 279.
  22. Morton 1997, стр. 118.
  23. 23,0 23,1 23,2 23,3 23,4 23,5 23,6 „International Special Report: Princess Diana, 1961–1997“. The Washington Post. 30 January 1999. Архивирано од изворникот на 19 August 2000. Посетено на 13 October 2008.
  24. „Princess Diana's engagement ring“. Ringenvy. September 2009. Архивирано од изворникот на 2011-01-04. Посетено на 12 November 2010.
  25. „Queen Mother on 'abhorrent' Diana, Princess of Wales“. The Telegraph. London. 17 September 2009. Посетено на 24 April 2015.
  26. 26,0 26,1 26,2 „It was love at first sight between British people and Lady Diana“. The Leader Post. London. AP. 15 July 1981. Посетено на 23 July 2013.
  27. 27,0 27,1 „1981: Charles and Diana marry“. BBC News. 29 July 1981. Посетено на 27 November 2008.
  28. Frum, David (2000). How We Got bare: The '70s. New York: Basic Books. стр. 98. ISBN 0-465-04195-7.
  29. Denney, Colleen (April 2005). Representing Diana, Princess of Wales: cultural memory and fairy tales revisited. Fairleigh Dickinson University Press. стр. 57. ISBN 978-0-8386-4023-4. Посетено на 30 April 2011.
  30. Brown 2007, стр. 195.
  31. Morton 1997, стр. 138.
  32. Morton 1997, стр. 142–143.
  33. Morton 1997, стр. 147.
  34. 34,0 34,1 „Hewitt denies Prince Harry link“. BBC News. 21 September 2002. Посетено на 23 April 2016.
  35. Holder, Margaret (24 August 2011). „Who Does Prince Harry Look Like? James Hewitt Myth Debunked“. The Morton Report. Архивирано од изворникот на 2012-05-29. Посетено на 2017-10-02.
  36. „New controversial Princess Diana play asks 'Is James Hewitt Prince Harry's real father?'. Mirror Group. 28 December 2014. Посетено на 9 February 2017.
  37. „Prince William Biography“. People. Архивирано од изворникот на 2008-10-30. Посетено на 15 October 2008.
  38. „Prince Harry“. People. Архивирано од изворникот на 2016-08-29. Посетено на 15 October 2008.
  39. Morton 1997, стр. 184.
  40. Brown 2007, стр. 174.
  41. „Timeline: Long road to the altar“. CNN. 25 March 2005. Посетено на 31 January 2016.
  42. Smith 2000, стр. 561.
  43. 43,0 43,1 „Interview: Andrew Morton: He couldn't shout: `Diana was in on this.' `She trusted me. It would have been a betrayal'. The Independent. 1 December 1997. Посетено на 7 January 2017.
  44. 44,0 44,1 „Princess Di breaks down after making appearance“. Eugene Register Guard. 12 June 1992. Посетено на 14 August 2013.
  45. „Princess Diana's 'admirer' named by Press“. New Straits Times. London. 27 August 1992. Посетено на 14 August 2013.
  46. Brown 2007, стр. 304, 309.
  47. Brandreth, Gyles (2007). Charles and Camilla: Portrait of a Love Affair. Random House. стр. 257–264. ISBN 0-09-949087-0.
  48. „Tiggy Legge-Bourke“. The Guardian. 12 October 1999. Посетено на 7 January 2017.
  49. 49,0 49,1 „Timeline: Diana, Princess of Wales“. BBC News. 5 July 2004. Посетено на 13 October 2008.
  50. „The Princess and the Press“. PBS. Посетено на 7 January 2017.
  51. „Timeline: Charles and Camilla's romance“. BBC. 6 April 2005. Посетено на 7 January 2017.
  52. Dimbleby 1994, стр. 395.
  53. Rosalind Ryan (7 January 2008). „Diana affair over before crash, inquest told“. The Guardian. London. Посетено на 13 October 2008.
  54. 54,0 54,1 „The Panorama Interview with the Princess of Wales“. BBC News. 20 November 1995. Посетено на 8 January 2010.
  55. Montalbano, D. (21 December 1995). „Queen Orders Charles, Diana to Divorce“. Los Angeles Times. London. Посетено на 23 July 2013.
  56. „Charles and Diana to divorce“. Associated Press. 21 December 1995. Посетено на 23 July 2013.
  57. „[[:Предлошка:-']]Divorce': Queen to Charles and Diana“. BBC. 20 December 1995. Посетено на 2 November 2010. URL–wikilink conflict (help)
  58. „Princess Diana agrees to divorce“. Gadsden Times. London. AP. 28 February 1996. Посетено на 23 July 2013.
  59. 59,0 59,1 59,2 Lyall, Sarah (13 July 1996). „Charles and Diana Agree on Divorce Terms“. The New York Times. Посетено на 23 April 2016.
  60. Bradford 2006, стр. 306.
  61. „HRH The Princess of Wales: Titles and Address“. The Baronage Press and Pegasus Associates. 15 July 1996. Архивирано од изворникот на 3 ноември 2015. Посетено на 1 February 2016.
  62. Buckingham Palace (12 јули 1996). "Divorce: Status And Role of The Princess of Wales". Соопштение за печат.  посет. 24 април 2016 г
  63. „Inquests into the deaths of Diana, Princess of Wales and Mr Dodi Al Fayed: Decisions of 8 January 2007“. Butler Sloss Inquests. Архивирано од изворникот на 30 October 2007. Посетено на 2 November 2010.
  64. 64,0 64,1 „High Court Judgment Template“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 25 June 2008. Посетено на 13 October 2008.
  65. MacLeod, Alexander (28 June 1983). „The Princess of Wales: life as a star“. The Christian Science Monitor. Посетено на 10 April 2015.
  66. „Royal Split“. The Deseret News. London. AP. 28 February 1996. Посетено на 23 July 2013.
  67. 67,0 67,1 Ansari, Massoud; Alderson, Andrew (16 January 2008). „Dr Hasnat Khan: Princess Diana and me“. Sunday Telegraph. London. Посетено на 25 August 2008.
  68. „Princess Diana's 'Mr Wonderful' Hasnat Khan Still Haunted by her Death“. Sky News. 13 January 2008. Посетено на 25 August 2008.
  69. Truscott, Claire (14 January 2008). „Background to Dr Hasnat Khan and Diana, Princess of Wales“. The Guardian. Посетено на 5 August 2013.
  70. Khoshaba, Christy (31 July 2013). „Princess Diana: Mag details 'secret romance' with Pakistani doctor“. Los Angeles Times. Посетено на 5 August 2013.
  71. „Princess Diana's ex-lover Hasnat Khan to give evidence“. Herald Sun. Victoria, Australia. 9 January 2008. Архивирано од изворникот на 2009-02-08. Посетено на 24 August 2008.
  72. „Imran and Jemima Khan Welcomed Princess Diana In Pakistan“. Huffington Post. 25 May 2011. Посетено на 31 May 2013.
  73. 73,0 73,1 „Princess Diana was 'madly in love' with heart surgeon Hasnat Khan“. The Telegraph. 31 July 2013. Посетено на 10 April 2015.
  74. „The doctor and Diana“. The Guardian. 14 January 2008. Посетено на 10 April 2015.
  75. „Hasnat Khan Tells Diana Inquest They Enjoyed "Normal" Sex Life, Says She Ended Affair“. Huffington Post. 25 May 2011. Посетено на 28 May 2013.
  76. Rayner, Gordon (16 January 2008). „Diana 'planned secret wedding to Hasnat Khan'. Telegraph. London. Архивирано од изворникот на 19 June 2008. Посетено на 24 August 2008.
  77. 77,0 77,1 „The Life of Diana, Princess of Wales 1961–1997: Separation And Divorce“. BBC. Посетено на 10 May 2015.
  78. 78,0 78,1 „Dodi 'ignored' protect Diana advice“. Metro (UK). 18 December 2007. Посетено на 11 October 2014.
  79. „Diana chauffeur was driving like a maniac“. Daily Express. 19 December 2007. Посетено на 11 October 2014.
  80. {{наведени вести |date=19 May 2010 |url=http://www.vanityfair.com/culture/features/2008/05/dunne200805%7Ctitle=Two[мртва врска] Ladies, Two Yachts, and a Billionaire|newspaper=[[Vanity Fair (magazine)|Vanity Fair|location=New York|author=Dominick Dunne|accessdate=11 October 2013}}
  81. 81,0 81,1 Adams, Tim (16 July 2009). „The tent is empty“. New Statesman. Посетено на 15 February 2016.
  82. Maslen, Stuart; Herby, Peter (31 December 1998). „The background to the Ottawa process“. International Review of the Red Cross (325): 693–713. Архивирано од изворникот на 13 May 2008. Посетено на 31 January 2016.
  83. „House of Commons Hansard Debates for 10 July 1998 (pt 1)“. British Parliament. Посетено на 13 October 2008.
  84. „Landmines pose gravest risk for children“. UNICEF. Посетено на 13 October 2008.
  85. "Tracking 30 years of TV's most watched programmes". BBC. Retrieved 21 June 2015
  86. „Diana's funeral watched by millions on television“. BBC News. 6 September 1997. Посетено на 13 October 2008.
  87. Bennhold, Katrin (31 August 2007). „In Paris, 'pilgrims of the flame' remember Diana“. International Herald Tribune. Архивирано од изворникот на 14 February 2008. Посетено на 23 April 2016.
  88. Silverman, Stephen M. (28 August 2002). „Paris Honors Diana with Two Memorials“. People (magazine). Архивирано од изворникот на 2016-02-07. Посетено на 30 January 2016.
  89. Rajan Datar (13 May 2005). „Diana's lost millions“. BBC News. Посетено на 13 October 2008.
  90. 90,0 90,1 „Diana Memorial Fund faces £15m legal bill as sister of Princess is sued by US company“. The Independent. Посетено на 10 April 2015.
  91. 91,0 91,1 The Franklin Mint (14 септември 2000). "Federal Court Orders Princess Diana Memorial Fund to Pay $2.3 Million in Attorneys' Fees to Franklin Mint". Соопштение за печат.  посет. 10 април 2015 г
  92. Datar, Rajan (11 November 2004). „BBC NEWS | Business | Diana's lost millions“. BBC News. Посетено на 2 April 2009.
  93. „Photos Of Dying Diana Outrage Britain, Italian Magazine Printed Photos Of Princess At Crash Site In 1997 – CBS News“. CBS News. 14 July 2006. Посетено на 13 October 2008.
  94. „Princes' 'sadness' at Diana photo“. BBC News. 14 July 2006. Посетено на 13 October 2008.
  95. „Diana concert a 'perfect tribute'. BBC. Посетено на 25 August 2012.
  96. „Concert for Diana“. BBC. Посетено на 18 May 2015.
  97. „What is the Concert for Diana?“. BBC. Посетено на 23 April 2016.
  98. Work illustrated on page 21 of Neal Brown's book Tracey Emin (Tate's Modern Artists Series) (London: Tate, 2006) ISBN 1-85437-542-3
  99. „Vídeo do artista Martín Sastre revive Lady Di em favela uruguaia“. Diversao (португалски). 24 August 2005. Архивирано од изворникот на 10 May 2006. Посетено на 23 April 2016.
  100. „Vídeo do artista Martín Sastre revive Lady Di em favela uruguaia“. Terra (португалски). 24 August 2005. Архивирано од изворникот на 22 December 2015. Посетено на 7 September 2013.
  101. Ezabella, Fernanda (24 August 2008). „Vídeo do artista Martín Sastre revive Lady Di em favela uruguaia“ (португалски). UOL Entretenimento. Посетено на 9 April 2009.
  102. „Lady Di vive en Uruguay“ (шпански). infobae.com. 2 април 2007. Архивирано од изворникот на 10 октомври 2007. Посетено на 9 април 2009.
  103. „Stella Vine: Paintings“. Modern Art Oxford. Архивирано од изворникот на 4 May 2009. Посетено на 23 April 2016.
  104. „Modern Art Oxford To Present Stella Vine: Paintings“. Art Daily. Посетено на 10 April 2015.
  105. Nairne, Andrew and Greer, Germaine. "Stella Vine: Paintings", Modern Art Oxford, 2007. This was the first line of a favourite English hymn, which had been sung at Diana and Charles's wedding.
  106. Barnett, Laura. "Portrait of the artist: Immodesty Blaize, burlesque dancer", The Guardian, 4 September 2007. Retrieved 16 December 2008.
  107. Stella Vine's Latest Exhibition Modern Art Oxford, 14 July 2007. Retrieved 7 January 2009.
  108. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 271-273.
  109. Cohen, David (2005). „Diana: Death of a Goddess“. Random House. стр. 18. Посетено на 13 June 2016. Jonathan Dimbleby and ...Penny Junor...said that there were several people who had mentioned Borderline Personality Disorder. Psychiatrists had provided learned opinions that sadly (Diana) had suffered form Borderline Personality Disorder as well as eating disorders...
  110. Kermode, Frank (22 August 1999). „Shrinking the Princess“. The New York Times. Посетено на 5 February 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Останати проекти
Викицитат
Збирка цитати
Викиречник
Речник на разни јазици
Викивидови
Директориум на видови
Викивести
Извор на бесплатни вести
Викиизвор
Библиотека на слободни дела
Ризница
Заедничка медиумска колекција
Викиверзитет
Центар за безгранично учење
Викикниги
Учебници и прирачници
Мета-Вики
Координација на проектите