Прејди на содржината

WorldCat

Од Википедија — слободната енциклопедија
WorldCat
Вид место
каталог и заедница
СедиштеХонгконг
Адресаworldcat.org
Комерцијалнода
Зачленувањебесплатна

WorldCat е заемен каталог каде се заведени збирките на 72.000 библиотеки од 170 земји и територии[1] што учествуваат во глобалната задруга OCLC. Неговата изградба и одржување ја вршат сите членки заеднички.

Историја

[уреди | уреди извор]

Каталогот е создаден во 1971 и денес содржи над 246 милиони записи кои се однесуваат на над 1,77 милијарди физички и дигитални материјали на повеќе од 470 јазици.[1] Со тоа, ова е најголемата библиографска база на податоци на светот. OCLC го нуди WorldCat бесплатно на библиотеките, но каталогот е основа и за други бесплатни услуги на OCLC (како споделување на ресурси и раководење со збирки). Организацијата е основана во 1967 од американскиот библиотекар Фред Килгур во 1967.[2]

Во 2003, OCLC го започнале пилотниот програм „Open WorldCat“, со кој записите од WorldCat во скратен облик им се нудат мрежни места и книгопродажни претпријатија, сè со цел да ја зголеми достапноста на збирките на библиотеките-членки. Во 2006 е пуштено во употреба непосредното пребарување на самото мрежно место на WorldCat. Во 2007 е воведена услугата „WorldCat Identities“, каде се нудат страници од над 20 милиони „идентитети“, претежно автори и лица од објавените наслови.

  1. 1,0 1,1 „Факти и статистики за WorldCat“. OCLC. 2011. Посетено на 6 ноември 2011. (англиски)
  2. Маргалит Фокс (2 август 2006). „Почина иновативниот библиотекар Фредерик Г. Килгур на возраст од 92 години“. New York Times. Посетено на 22 декември 2009. (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]