Прејди на содржината

Грејс Кели

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грејс Кели
Грејс Кели во „Високо општество“ (1956).
Роден(а)12 ноември 1929(1929-11-12)
Филаделфија, Пенсилванија
Починал(а)14 септември 1982(1982-09-14) (возр. 52)
Монако
Почивалиште
Катедрала Св. Никола, Монако
СопружникРејнер III
ДецаКаролина, Хановерска принцеза
Алберт, Кнез на Монако
Стефани, кнегиња на Монако
Полно име
Грејс Патриша Кели
ДинастијаДинастија Грималди
ТаткоЏон Б. Кели
МајкаМаргарет Кетрин Маер
ВероисповедКатолик
Занимањеглумица
ПотписГрејс Кели's signature

Грејс Патриша Келис (родена на 12 ноември 1929 – починала на 14 септември 1982) - американска глумица која по венчавањето во 1956 година кнезот на Монако, Рејнер III станала Кнегиња на Монако, именувана како Нејзиното Височество Кнегињата од Монако, често нарекувана „Принцеза Грејс“.

По впуштањето во глумечките води во 1950 година, на 20 годишна возраст, Грејс Кели се појавила на њујоршката театарска сцена, како и во повеќе од четириесет епизоди од актуелните драмски дела, емитувани за време на раните 50-ти години, Златната Доба на телевизијата. Во октомври 1950 година со објавувњето на филмот Могамбо, таа станала филмска ѕвезда, углед потврден и во 1954 година со наградата Златен глобус и номинацијата за Оскар, како и главни улоги во 5 филма, вклучувајќи го и „Провинцијалка“, во кој покажала изведба наградена со Оскар. Се повлекла од глумецството на 26 години за да започне со нејзините должности во Монако. Таа и кнезот Рејнер имале три деца: Каролина, Алберт и Стефани. Таа исто така ги задржала своите американски корени, одржувајќи двојно, американско и монашко државјанство.[1].

Грејс Кели починала на 14 септември 1982 година, кога изгубила контрола врз своето возило, доживувајќи удар, и се судрила. Нејзината ќерка, Принцеза Стефани, била во автомобилот со неа и ја преживеала несреќата.

Во јуни 1999, Американскиот филмски институт ја поставил на 13-то место на нивната листа за врвни женски ѕвезди на америкнското кино.

Семејство

[уреди | уреди извор]
Куќата на фамилијата каде Грејс е родена

Грејс Кели е родена во Филаделфија[2], во семејството на Џон Брендан ‘Џек’ Кели,[3] и неговата сопруга Маргарет Кетрин Мејџр. Новороденчето било крстено по сестрата на нејзиниот татко, која починала на рана возраст. Таа била од ирско и германско потекло[4][5], израсната како католик. Пред својот брак, нејзината мајка учела физичко образование на универзитетот Темпл и подоцна станала првата жена која управувала со одделот за физичко образование на Универзитетот во Пенсилванија.[5][6]. Џек Кели бил веслар, кој трипати освоил златен медал на Олимписките игри и станал богат кога неговата фирма за изградба станала најголемото претпријатие на источниот брег, од тој тип. Изјаснувајќи се како демократ, тој ја стекнал партиската номинација за градоначалник на изборите во 1935 година, но ги изгубил изборите. Во понатамошните години служел во комисијата на Фермон парк и за време на Втората светска војна бил назначен за државен директор на Фитнес од страна на претседателот Теодор Рузвелт.

Кога се родила Грејс, семејството Кели веќе имало две деца, Маргарет Кетрин, позната како Пеги и Џон Брендан, познат како Кел. Другата ќерка, Елизабет Ан, позната како Лизан се родила триипол години по раѓањето на Грејс. Сите биле одгледени како верни католици[7][8].

На крштевката на Маргарет во 1925 година, мајката на Џек Кели го изразила своето разочарување поради тоа што бебето не било крстено Грејс, во спомен на нејзината последна ќерка, која починала млада. Следната година, по смртта на неговата мајка, Џек Кели решил дека неговата следна ќерка ќе го носи името и по три години, во ноември 1929 година со пристигнувањето на Грејс Патриша, последната желба на неговата мајка била испочитувана.

Следејќи ги атлетските стапки на својот татко, во 1947 година Џон ја освоил наградата Џејмс И. Саливан, како државен, врвен аматерски атлетичар. Исто така, по стапките на својот татко кој во 1920 година и 1924 година освоил златни медали во веслање на Летните олимписки игри, тој се натпреварувал во 1948 година, 1952 година и 1956 година на Летните олимписки игри во Мелбурн, каде на 27 ноември, седум месеци по свадбата на неговата сестра во Монако, освоил бронзен медал кој и го подарил во таа прилика. Тој служел и како градски советник, и патот Филаделфија-Кели Драјв е именуван по него.

Двајца од чичковците на Грејс Кели биле познати во областа на уметноста; најстариот брат на нејзиниот татко, Волтер Кели бил естраден уметник чие познато дело The Virginia Judge било снимено во 1930 година под продукцијата на MGM а во 1935 година и под Paramount Pictures, а другиот постар брат, Џорџ Кели, одвоен од семјството поради неговата хомосексуалност, станал прочуен во 1920 година како драматург, сценарист и режисер со комедијата-драма хит, The Show Off во 1924-25 и бил награден со Пулицеровата награда за драма во 1926 година, за неговата следна драма Сопругата на Крег[9].

Рани години

[уреди | уреди извор]

Додека го посетувала престижното католичко училиште, Академијата Равенхил, Кели со своите сестри и мајка работела на модни општествени настани. Во 1942 година, на дванаесет годишна возраст таа ја одиграла главната улога во Не ги храни животните[9]. Додека била средношколка таа глумела и танцувала, а матурирала во мај 1947 година во училиштето Стивенс, мала приватна институција во палатата на Волнат Лејн. Во нејзиниот алманах како омилени глумци биле наведени Ингрид Бергман и Џозеф Котен[10]. Во делот на претскажувањето на Стивенс било запишано: „Г-ѓица Грејс П. Кели – позната ѕвезда на сцената и филмското платно

Поради ниските резултати по математика, Кели била одбиена од колеџот Бенингтон[11], во јули 1947 година. На вчудовиденоста на нејзините родители (наспроти занимањата на нејзините браќа, татко и гледал на глумата како низок удар дури и за некој уличар[8]), Кели решила да си ги исполни своите соништа поврзани со сценската кариера. За една аудиција на Американската Академија за Драмски Уметности во Њујорк, таа искористила сцена од делото на својот вујко од 1923 година Носители на факелот. Иако училиштето веќе ја имало пополнето квотата за семестарот, Кели се изборила за интервју со канцеларот за приеми Емили Дистел и била примена поради нејзиниот чичко, Џорџ[8]. Живеејќи во хотелот за жени, Барбизон, угледна зграда која спречувала влез за мажи по 22ч. и работејќи како модел за да ги поткрепи своите студии, Кели започнала со нејзиниот прв семестар следниот октомври.

Кели во Точно на пладне (1951)

Како внимателен студент, за да го подобри и усоврши својот говор, таа користела магнетофон. Нејзините глумечки активности ја одвеле до сцената, каде била најзабележителна како дебитант, во Стриндберговото дело, Таткото, покрај Рејмонд Масеј. За нејзината матурска изведба, на 19 годишна возраст таа ја играла Трејси Грејс, во претставата Приказната Филаделфија.[8]. Улогата на Бетел Меридеј и била доделена на Кели од страна на режисерот Делберт Ман, улога од преработка на новелата Синклер Луис, во првата од шеесетте телевизиски програми во живо. Најпосле, телевизискиот успех донел улога и во поголем филм.[8]. Филмското дебитирање Кели го доживеала со мала улога во филмот Четиринаесет Часа во 1951 година. За време на снимањето таа била забележана од Гери Купер, кој подоцна ја делел главната улога со неа во филмот Точно на Пладне. Тој бил восхитен од неа и изјавил дека таа е различна од сите оние глумици кои ги има премногу.

Сепак, нејзината изведба во Четиринаесет Часа не била забележана од страна на критичарите и со тоа не ја одвело до други улоги. Продолжила со работата во театарот и на телевизија[9], иако и недостигале гласовни способности и долга кариера на сцената не било она кон кое целела, Кели глумела во Градините Елич во Колорадо, кога добила телеграма од режисерот Стенли Крамер, во која и понудил главна улога покрај Гери Купер во Точно на пладне.

Глумица на МГМ

[уреди | уреди извор]
Кели во 1956 година
Кели во филмот Могамбо (1953)

Иако најпрвин улогата била доделена на Џин Тирни, таа се откажала во последен момент поради приватни проблеми.[12][13]. Режисерот Џон Форд ја забележал Кели за првпат на пробно снимање во 1951 година[8], а во 1952 година студиото ја однело Кели на аудиција во Лос Анџелес. Форд изјавил дека Кели покажала воспитување, квалитет и класа. Таа ја добила улогата, заедно со 7-годишен договор со релативно ниска плата од 850$ неделно. Кели го потпишала договорот под два услова: првиот бил секоја година да има одмор за да може да работи во театарот, а вториот да живее во Њујорк, Менхетен, на 200 И. Улица 66-та[14][8]. По два месеци, во ноември, Кели и екипата пристигнале во Наироби за да го започнат снимањето на филмот Магамбо. Подоцна, на холивудската новинарка Хеда Хупер, Кели и изјавила: „[[Бев заинтересирана за Могамбо поради три нешта. Џон Форд, Кларк Гејбл и патување во Африка со сите платени трошоци. Доколу Могамбо се снимаше во Аризона, немаше да прифатам]]“[15]. Една пауза во распоредот на снимањето им овозможила на Кели и нејзината колешка Ава Гарднер и посета на Рим[16]. Улогата во Могамбо, како Линда Нордли, под продукцијата на МГМ и донела на Кели Златен Глобус за најдобра женска споредна улога и нејзината прва номинација за Оскар за најдобра женска споредна улога.

По успехот од Могамбо, Кели ја играла главната улога во телевизиската серија ''Правецот на Еден Орел'' заедно со Жан-Пјер Омонт, пред да и биде доделена улогата во бродвејскиот хит на Фредерик Нот, Одбери У за Убиец. Режисерот Алфред Хичкок исто така го гледал пробното снимање од 1950 година и станал еден од последните советници на Кели. Тој целосно ја искористил нејзината убавина пред камерите[8]. Во една сцена во која нејзиниот лик Маргот Вендис е речиси убиен, пламнува борба помеѓу неа и убиецот кој го игра Тони Дасон, во која таа го клоца и удира, обидувајќи се да му се спротиви на својот убиец. Одбери У за Убиство ја доживеал својата премиера во кината во мај 1954 година, проследена со позитивни критики и успех во сите продавници за билети.

Кели во Заден прозорец (1954)

Кели започнала со снимање на нејзиниот следен филм, Мостовите во Токо-Ри во јануари 1954 година заедно со Вилијам Холден. Улогата на Ненси, сопругата на морнарскиот чиновник Хари, се покажала како ситен, но сепак значаен дел од целата приказна. Издаден во јуни 1955 година, Њујоркер ја искоментирал очигледната хемија на екраните помеѓу Кели и Холден, и изведбата која ја покажала Кели, ја забележал како доста самоуверена.

Кели без двоумење ја одбила можноста да ја сподели главната улога со Мерлон Брандо во На Крајбрежјето[17], која на нејзината замена Ева Мари Сент и донело Оскар. Но, наместо таа, Кели ја прифатила улогата на Лиза Фримонт во Западниот прозорец. Кели изјавила: „За време на снимањето на Одбери У за Убиство , Хичкок ми збореше за Задниот Прозорец цело време, дури и пред да одлучиме за моето учество во него[18]. Иако Кели и Хичкок ги поврзувало заедничката смисла за хумор и воодушевување, понекогаш се јавувала мала неслога во врска со гардеробата:

На пробата за сцената во Задниот Прозорец каде што носам тенка ноќница, Хичкок ја побара Едит Хед. Тој дојде до нас и рече: ‘Видете, градите во ноќницава не се во ред, ќе мора да ставиме нешто тука’ Тоа беше толку слатко, бидејќи не сакаше да ме навреди, зборуваше тивко со Едит. Кога отидовме во мојата соблекувална, Едит рече: ‘Г-динот Хичкок е загрижен бидејќи тука има лажна фалта. Сака да ставам вештачки влошки за гради’ A јас реков: ‘Не може да ставите влошки, ќе се познава и нема да ги носам’ ‘Па што ќе правиме?’рече таа. Па набрзина одземавме нешто оттука, направивме некои исправки онаму и стоев исправена колку што можам – без влошки. Кога излегов на снимањето, Хичкок не’ погледна мене и Едит и рече: ‘Гледате колкава разлика прават?

Новиот колега на Кели, Џејмс Стјуарт, бил полн со ентузијазам поради снимањето со неа[19]. Улогата на Лиза Фримонт, богат модел од менхетенското високо друштво, не била ниту малку слична со ниту една од претходните улоги кои ги играла. За првпат, таа била независна жена со кариера. Стјуарт играл улога на шпекулативен фотограф со скршена нога, врзан за инвалидската количка и осуден на тоа да ги набљудува случувањата само од неговиот прозорец. Како што правел и претходно, Хичкок го започнал филмот со забавена сцена од силуетата на Кели, а понатака го запечатил со бакнежот на двете ѕвезди, на крајот задржувајќи се на профилот на Кели. Со издавањето на филмот во октомври 1954 година, Кели повторно била величена.

Кели ја добила и улогата на трпеливата сопруга на Бинг Крозби, Џорџ Елгин, во Провинцијалка, откако Џенифер Џонес се повлекла поради бременоста. Веќе запознаена со претставата, Кели била повеќе од заинтересирана за улогата. Но, продукцијата МГМ морале да ја позајмат Кели на Парамаунт. Таа непопустливо им се заканила дека доколку не и биде дозволено да снима со нив, ќе се спакува и ќе си замине за Њујорк засекогаш. МГМ попуштиле и улогата била нејзина.

За овој филм Кели била повторно споена со Вилијам Холден. Нејзината улога, како сопруга на упропастениот алкохоличар, кој го играл Крозби, е емотивно растргната помеѓу двајца љубовници. Холден ја моли Кели да го напушти нејзиниот сопруг и да биде со него. Парче нежност успева да се протне во неа, дури и откако била маѓепсана од Крозби, опишувајќи ‘патетична алузија на слабост во прекрасно блескав човек. Тоа нам не’ привлекува многу. Ме привлече мене. Бев толку млада. Неговата слабост ми изгледаше трогателна и слатка, направи да го засакам уште повеќе‘ Како резултат на нејзината изведба во Провинцијалката, Кели била номинирана за Оскар за најдобра глумица. Нејзината главна конкурентка за наградата била Џуди Гарланд со нејзината нагласена изведба со која се вратила на сцената, во Ѕвездата е родена, глумејќи не само способна глумица-пејачка, туку и иронично, сопруга на филмска ѕвезда, алкохоличар. Иако Кели ја освоила наградата за најдобра глумица, од Награди на здружените њујоршки филмски критичари, за изведбите во нејзините три големи улоги во 1954 година (Задниот прозорец, Одбери У за убиство и Провинцијалката), двете, и таа и Гарланд добиле Златен Глобус за нивните изведби за почит.

Кели во To Catch a Thief (1955)

До следнитот март, трката помеѓу Кели и Гарланд станувала се потесна. На доделувањето на Оскарите, на 30 март 1955 година, Гарланд била во болница, веќе породена, со својот син Џозеф Луис, и поради тоа не можела да присуствува. Сепак, се зборело дека таа е фаворитот, и поради тоа NBC ги поставиле своите камери во нејзината болничка соба, за доколку биде прогласена за победнк, да може да го даде својот говор во живо. Меѓутоа, кога Вилијам Холден ја прогласил Кели за победник, камерите биле веднаш исклучени, без да и кажатн ниту збор на Гарланд. Подоцна било соопштено дека на Гарланд не и било многу мило за победата на Кели, изјавувајќи во подоцнежните години: Не го ценам тоа што Кели ја тргна својата маска и замина со мојот Оскар.

Во април 1954, Кели заминала за Колумбија, на десетдневно снимање на нејзиниот следен проект, Зелен Оган[15], со Стјуарт Гренџер. Кели ја играла Кетрин Ноуланд, сопственичка на плантажа за кафе. Во својата биографија, Гренџер напишал за својата одбивност кон филското сценарио, додека Кели подоцна и се доверила на Хеда Хупер: „Не беше пријатно. Работевме во бедно село, мизерни и валкани колиби Дел од екипата претрпе бродолом ... Ужасно беше.“ Зелен Оган бил неуспех и кај критичарите, и во продавниците за билети.

По непрекинатото снимање на Задниот прозорец, Токо-Ри, Провинцијалката и Зелен Оган, Кели заминала за Франција, заедно со Бернард „Барни“ Штраус, за да започне со снимањето на нејзиниот трет и последен филм на Алфред Хичкок, Да се фати крадец. Помеѓу Кели и нејзиниот колега, Кери Грант се развил заемен восхит. И двајцата го одржувале нивното пријателство до крајот на своите животи. Години подоцна, кога бил прашан која е неговата омилена глумица, Грант без двоумење одговорил: „Со цела почит кон драгата Ингид Бергман, јас ја претпочитам Грејс. Таа има некоја ведрина во себе“.

Врска со кнезот

[уреди | уреди извор]

Во април 1955 година Кели ја водела американската делегација на Канскиот филмски фестивал[20][21]. За време на фестивалот, таа била поканета да учествува на една фотосесија, во палатата во Монако, со кнезот Рејнер III, владетелот на кнежевството. По неколку одложувања и компликации, Кели го запознала кнезот на Монако.

По враќањето во Америка, Кели почнала да работи на „Лебед“, во кој како резултат на коинциденција таа е кнегиња. Во меѓувреме, таа започнала приватна преписка со Рејнер. Во декември, Рејнер заминал на патување за Америка, кое било одредено како службено патување, иако се шпекулирало дека тој активно барал жена. Во спогодбата со Франција, во 1918 година било наведено дека доколку Рејнер нема наследник, Монако ќе се врати на Франција, како резултат на кризите околу престолот на Монако во [1918] година. На една прес конфереција во САД, кога Рејнер бил прашан дали е во потрага по сопруга, тој одговорил дека не е. Второто поставено прашање гласело: „'Доколку бевте во потрага по сопруга, каква би сакале да биде'?’“ тој се насмеал и одговорил: „Не знам-најдобра“. Рејнер се сретнал со Кели и нејзиното семејство, и по три дена, кнезот ја запросил. Кели прифатила и семејствата започнале да се подготвуваат за она кое печатот го нарекувало Венчавка на Столетието. Кели и нејзиното семејство морале како чеиз да обезбедат 2 милиони американски долари[22], како бракот би тргнал. Религиозната венчавка била закажана за 19 април 1956 година. Вестите за свршувачката биле сензација, иако тие навестувале можен крај на филмската кариера на Кели. На тоа Алфред Хичкок дал духовит одговор, велејќи дека е: „многу среќен што Грејс си најде себеси таква добра прилика“.

Подготовките за венчавката се развивале. Палатата во Монако била бојадисана и целосно преуредена. На 4 април 1956, заминувајќи од пристаништето на Њујорк, Кели заедно со своето семејство, деверуши, со својата пудлица и преку осумдесет куфери, се качила на прекуокеанскиот брод СС Конститушн до Француската Ривиера. Околу 400 новинари поднеле барање да испловат на истиот брод, но биле одбиени. Повеќе од 20.000 обожаватели ги наполниле улиците на Монако, да ја поздрават идната кнегиња.

Истата таа година, бил издаден последниот филм на Кели, музичката комедија Високо Општество, заснован на комедијата од 1940 година Приказната Филаделфија. Еден поважен дел од овој филм бил дуетот на Кели со Бинг Крозби, изведувајќи ја Вистинска Љубов, со текст и музика на Коул Портер.

Врска со кнезот

[уреди | уреди извор]

Во април 1955 година Кели ја водела американската делегација на Канскиот филмски фестивал[20][21]. За време на фестивалот, таа била поканета да учествува на една фотосесија, во палатата во Монако, со кнезот Рејнер III, владетелот на кнежевството. По неколку одложувања и компликации, Кели го запознала кнезот на Монако.

По враќањето во Америка, Кели почнала да работи на „Лебед“, во кој како резултат на коинциденција таа е кнегиња. Во меѓувреме, таа започнала приватна преписка со Рејнер. Во декември, Рејнер заминал на патување за Америка, кое било одредено како службено патување, иако се шпекулирало дека тој активно барал жена. Во спогодбата со Франција, во 1918 година било наведено дека доколку Рејнер нема наследник, Монако ќе се врати на Франција, како резултат на кризите околу престолот на Монако во [1918] година. На една прес конфереција во САД, кога Рејнер бил прашан дали е во потрага по сопруга, тој одговорил дека не е. Второто поставено прашање гласело: „'Доколку бевте во потрага по сопруга, каква би сакале да биде'?’“ тој се насмеал и одговорил: „Не знам-најдобра“. Рејнер се сретнал со Кели и нејзиното семејство, и по три дена, кнезот ја запросил. Кели прифатила и семејствата започнале да се подготвуваат за она кое печатот го нарекувало Венчавка на Столетието. Кели и нејзиното семејство морале како чеиз да обезбедат 2 милиони американски долари[22], како бракот би тргнал. Религиозната венчавка била закажана за 19 април 1956 година. Вестите за свршувачката биле сензација, иако тие навестувале можен крај на филмската кариера на Кели. На тоа Алфред Хичкок дал духовит одговор, велејќи дека е: „многу среќен што Грејс си најде себеси таква добра прилика“.

Подготовките за венчавката се развивале. Палатата во Монако била бојадисана и целосно преуредена. На 4 април 1956, заминувајќи од пристаништето на Њујорк, Кели заедно со своето семејство, деверуши, со својата пудлица и преку осумдесет куфери, се качила на прекуокеанскиот брод СС Конститушн до Француската Ривиера. Околу 400 новинари поднеле барање да испловат на истиот брод, но биле одбиени. Повеќе од 20.000 обожаватели ги наполниле улиците на Монако, да ја поздрават идната кнегиња.

Истата таа година, бил издаден последниот филм на Кели, музичката комедија Високо Општество, заснован на комедијата од 1940 година Приказната Филаделфија. Еден поважен дел од овој филм бил дуетот на Кели со Бинг Крозби, изведувајќи ја Вистинска Љубов, со текст и музика на Коул Портер.

Кнегиња на Монако

[уреди | уреди извор]

Според, биографичарите кои пишуваат за Грејс Кели, велат дека нивниот брак не бил среќен. Таа била несреќна поради тоа што нејзиниот споруг како и кралското семејство не дозволувале да продолжи да се занимава со глума и да снима филмови, така што и покрај многуте понуди таа не смеела да прифати ниту една.

Кели и Рејнер ги направиле и двете, цивилна и религиозна венчавка[23]. 40-минутната граѓанска свеченост се одвивала на 18 април 1956 година[23], во престолната просторија на палатата, и се емитувала низ цела Европа, со посета од 3,000 луѓе[24][25]. Следниот ден, црковната прослава се случила во катедралата Св. Никола во Монако[23]. Венчалниот фустан на Кели, создаден од познатата дизајнерка на МГМ Хелен Роуз[25], го подготвувале триесетина шивачки цели шест недели. Фустаните на деверушите биле дизајнирани од Џо Ален Хонг во Неиман Маркус.[26], откако Лоренс Маркус го посетил Монако. Помеѓу 600-те гости биле и холивудските ѕвезди Дејвид Нивен и неговата сопруга Хјордис, Глорија Свансон, Ава Гарднер, крунисаниот Ага Кан, Глорија Гинис[27], Аиме де Ерен, Дејзи Фелоуз, Ети Плеш, Лејди Дијана Купер и Конрад Хилтон. Френк Синатра отпрвин ја прифатил поканата[28][29], но во последен момент се премислил, стравувајќи да не ја засени невестата на денот на нејзината венчавка. Гледаноста на свеченоста на телевизиските екрани била проценета на 30 милиони гледачи. Истата вечер кнезот и книгињата заминалe на нивниот седум дневен меден месец, на крстарење по Медитеранот, на јахтата на Рејнер, Део Хуванте II[25][30].

Подоцнежни години

[уреди | уреди извор]

Кнегињата Грејс го родила нивното прво дете, принцезата Каролина, девет месеци и четири дена по венчавката. Настанот бил најавен од дваесет и една пушка, бил прогласен за државен празник и насекаде по кнежевството имало бесплатно шампанско. По помалку од една година, 101 пушка го најавиле раѓањето на нивното второ дете, кнезот Алберт. Кнезот Рејнер и кнегињата Грејс имале три деца:

  • Каролина Луис Маргарит, Принцезата од Хановер, родена на 23 јануари 1957 година, веројатна наследничка на престолот на Монако
  • Алберт II, Кнезот од Монако, роден на 14 март 1958 година, сегашен владетел на Кнежевството Монако
  • Стефани Мари Елизабет, родена на 1 февруари 1965 година.

По венчавката, кнезот Рејнер забранил емитување на филмовите на Кели. Хичкок и ја понудил на Кели главната улога во неговиот филм Марни во 1962 година. Иако копнеела за тоа, јавниот повик против нејзиното учество во филм каде игра клептоманка, ја натерало повторно да размисли , за конечно да го одбие тој проект. Режисерот Херберт Рос се обидел да ја примами кнегињата Грејс во неговиот филм од 1977 година Пресвртница, но кнезот ја укинал идејата. Подоцна, истата таа година, Кели и се вратила на уметноста со низа поетски читања на сцена и прераскажување на документарецот Децата од театарската улица. Таа исто така го прераскажувала и играниот филм на Американската Радиодифузна Компанија (ABC) И афионот е цвет (1966 година).

Возејќи од француската ривиера, на 13 септември 1982 година, заедно со ќерка си Стефани[31], кнегињта Грејс доживеала мозочен удар, поради кој таа изгубила контрола врз својот автомобил Ровер 6 и доживеала сообраќајна несреќа[32]. Иако од рушевините била извлечена жива,[33] , таа имала претрпено сериозни повреди и била онесвестена[34]. Починала следниот ден, во медицинскиот центар Монако (кој во 1985 година бил преименуван во Медицнски центар „Кнегиња Грејс“) без повторно да и се поврати свеста[35], на 52 години. На почетокот било соопштено дека принцезата Стефани поминала само со помали повреди, но подоцна се разјаснило дека таа се здобила со сериозни скршеници на вратот[36].

Гробот на Грејс Кели

Грејс била закопана на семејната гробница Грималди, на 18 септември 1982 година, по масовното опело во катедралата Св.Никола во Монако[37]. На службата имало 400 гости, вклучувајќи и истакнати претставници од странски влади и кралски семејства. Како претставник на британското кралско семејство присуствувала принцеза Дијана. А помеѓу членовите од филмската заедница, кои присуствувале на погребот бил и Кери Грант. Кнезот Рејнер, кој не се преженил, бил закопан до неа, по неговата смрт во 2005 година Џејмс Стјуарт, во својата пофалба напишал:

Знаете, јас едноставно ја сакам Грејс Кели. Не поради тоа што беше кнегиња, или глумица, не бидејќи ми беше пријателка, туку поради тоа што таа беше најљубезната дама која ја познавав. Грејс во мојот живот донесе исто што и во вашите, нежна, топла светлина секој пат кога ќе ја видев и секој пат кога ќе ја видев беше празник за мене. Без сомнеж, ќе ми недостасува, на сите ќе ни недостасува, Господ да те благослови, кнегињо Грејс.

Приватен живот

[уреди | уреди извор]

Низ целиот свој живот, Кели била предмет на озборувања и на таблоидите. Посебно нејзиниот љубовен живот кој бил мета на шпекулации. Од нејзината прва поголема улога кружеле разни приказни за афери со речиси секој поголем глумец од тоа време. Многу е веројатно дека повеќето од приказните биле преувеличени и претерани.

За време на снимањето Одбери У за убиство, се зборело дека била заведена од нејзиниот колега, Реј Миланд, кој бил постар од неа цели 22 години. Тој ја убедувал Кели дека ја напуштил својата сопруга, за што подозна таа ќе дознае дека било само лага. Мјуриел Миланд била една од најпознатите сопруги во Холивуд и добивала поддршка од многу пријатели, вклучувајќи ја и озборувачката колумнистка Хеда Хупер. Откако Мјуриел дознала за наводната афера, Кели била етикетирана како растурачка на домови. Но градот го загубил интересот за целиот тој скандал откако Кели дала интервју за печатот објаснувајќи ја нејзината страна од приказната. Никогаш не се докажало дека Кели не подлегнала на приоѓањето од страна на Миланд; всушност нејзините тогашни пријатели, како Рита Гем верувале дека таа била помалку заинтересирана за него. Веднаш по гледањето на Могамбо, американскиот дизајнер со француско потекло, Олег Касини уште истата вечер ја поканил Грејс на вечера во ресторанот Le Veu d’Or. Претходно венчан со глумицата Џин Тирни, првичниот избор за улогата на Линда Нордли во Могамбо, Касини пораснал во Фиренца, изгледал доста културно и поседувал големо изобилство на шарм и љубезност. Тој лично бил исто толку освоен од Кели, како додека ја гледал во филмот, и многу наскоро побудил интерес кај неа, секојдневно праќајќи и’ букет од црвени рози. Неговата упорност се исплатела кога таа ја прифатила неговата покана за ручек, под услов да ги придружува нејзината најстара сестра, Пеги. Иако Кели и Касини биле на чекор до венчавка, нивната врска била прекината кога нејзините родители одбиле да го прифатат разведениот икатолик како нивни иден зет.

Кога кнегињата станала дел од палатата, кнезот Рејнер приложил список на строги правила, во која забранил автограми, фотографии и уреди за аудио снимање. Без разлика на причините, на никој не му било дозволено да ја напушти просторијата, сè додека кнегињата не излезе прва, како би избегнала какви било замки од толпите обожаватели. Дали кнезот или кнегињата имале вонбрачни врски, не е познато, но двојката почнала да се зближува кратко пред смртта на Кели.

Во едно интервју во 1960 година Кели објаснила дека почнала да го прифаќа надзорот како дел од јавниот живот, но била загрижена за изложувањето на своите деца на такви немилосрдни сплетки. Биографите на познатите личности, по смртта на Кели, со обновен интерес почнале да копаат по озборувањата.

Како кнегиња на Монако, таа ја основала AMADE Mondiale (светско здружение на пријателите на децата), непрофитна организација, основана во Монако и признаена од ООН како невладина организација. Според мрежното место на УНЕСКО, АМАДЕ ги поддржува и заштитува духовниот и физичкиот интегритет и душевната благосостојба на децата низ целиот свет, без разликување на раса, националност или религија и во духот на целосна политичка независност. Денес, по смртта на својата мајка, улогата на претсетадел ја има нејзината ќерка Каролина.

Како кнегиња, Кели била активна во подобрување на уметничките институции во Монако, а најпосле била формирана и Фондацијата на кнегињата Грејс која ги поддржувала локалните занаетчии. Таа била една од првите славни личности која ја поддржувала и зборела во името на меѓународната асоцијација за помагање на доилките , организација која се зазема за доењето; таа организирала годишна Божиќна прослава за локалните сирачиња и се посветила на градинарскиот клуб, со што се одразила нејзината љубов кон цвеќињата. Од 1960 година, Кели станала и член на Интернационалната листа за најдобро облечени.

Пријателството со Џозефина Бејкер

[уреди | уреди извор]

Во 1951 година неодамна славната Кели смело се спротивила на еден рацистички инцидент во кој била вклучена протераната, афроамериканска пејачка и танчерка, Џозефина Бејкер, која како муштерија била одбиена, во еден од клубовите на Шерман Билингзли во Њујорк. Кели, која во тој момент вечерала во клубот, згрозувајќи се, се упатила кон Бејкер (која ја немала никогаш запознаено), ја фатила под рака, излетала низ вратата, заколнувајќи се дека нема никогаш повеќе да се врати (така и сторила). По таа ноќ, тие две станале блиски пријателки. Нивното пријателство било повеќе јасно кога Бејкер била на работ на банкрот, а Кели (која во тоа време станала кнегињатана Монако) ѝ понудила вила и финансиска помош. Исто така, кнегињата ја охрабрувала Бејкер да им се врати на своите настапи и го финансирала нејзиното победоносно враќање на сцената во 1975 година Кога Бејкер починала, кнегињата го обезбедила нејзиниот погреб во Монако.

Награди и номинации

[уреди | уреди извор]
  • 12ти ноември 1929 година - 19ти април 1956 година Госпоѓица Грејс Патриша Кели
  • 19ти април 1956 година - 14ти септември 1982 година Нејзино Височество, кнегиња Грејс на Монако

Наследство

[уреди | уреди извор]

Додека била бремена со ќерката Каролина, во 1956 година, кнегињата Грејс често била фотографирана како држи карактеристична, кожена чанта од Хермес. Таа веројатно ја користела чантата како штит, кој би ја заштитил бременоста од изложување пред љубопитните очи на папараците. Сепак, чантата била доволно испопуларизирана и поврзувана со модната икона, за потоа да биде и позната како Кели чанта.[38].

Фондацијата на кнегињата Грејс била формирана во 1964 со цел да им помогне на оние со посебни потреби, на кои социјалните установи не им овозможиле услови. По смртта на кнегињата Грејс, во 1983 година, принцезата од Хановер, Каролина, ги преземала должностите како претседател на универзитетскиот совет на фондацијата. Алберт II, кнезот на Монако е потпредседател.

Оваа фондација била основана по смртта на кнегињата Грејс за да ја продолжи работата која таа анонимно ја извршувала низ целиот свој живот, потпомагајќи им на уметниците од областа на театарот, танцот и филмот. Наградите Грејс, програма создадена од истата фондација, до денес има наградено околу 500 уметници од повеќе од 100 институции во САД. , со повеќе од седум милиони долари. Фондацијата Грејс исто така ги има сите права, и го олеснува овластувањето на името и сликата на кнегињата Грејс од Монако, низ целиот свет.

Во 1983 година бил прикажан филм со задршка на младоста на кнегињата, во кој улогите на Грејс и кнезот Рејнер им биле доделени на Шерил Лед и Ијан Мекшејн. На 18 јуни 1984 година кнезот Рејнер отворил јавна градина во Монако, во спомен на кнегињата Грејс и нејзината страст кон цвеќињата.

Во 1993 година кнегињата Грејс станала првата американска глумица чиј лик се појавува на поштенска марка.

Во 2003 година, 83 години откако на олимпискиот освојувач на златен медал, Џон Кели му било забранет влез на најпрестижниот веслачки настан на светот, Хенлиската кралска регата го преименува женскиот четверец по неговата ќерка, „Куп на Кнегињата Грејс“. Во 1981 година кнегињата била поканета да ги води наградите на Хенлиската кралска регата, од страна на Хенли Стјуартс, како понуда за помирување која би ставила крај на конфликтот (1961) помеѓу семејствата Кели и Стјуардс[39]. (нејзиниот брат Џон Кели, ја освоил наградата Дијамантски Весла во 1947 година и 1949 година, како и бронзен медал во сингл скул на Летните олимписки игри, во 1956 година во Мелбурн.) Нејзиниот син, кнезот Алберт, ги водел наградите на Хенлиската кралска регата во 2004 година.

На 1 април 2006 година, музејот на уметности во Филаделфија претставил изложба со наслов „Достоен за кнегиња: венчалниот фустан на Грејс Кели[40], која била изложена до 21 мај 2006 година. Изложбата била во чест на педесетгодишницата од венчавката на кнегињата Грејс и кнезот Рејнер.

25-годишнината од нејзината смрт била одбележана со комеморативни монети од 2 евра, издадени на 1 јули 2007 година, на кои на ‘националната’ страна им била обележана со ликот на кнегињата Грејс. Во Монако и САД била изложена голема изложба, координирана од царското семејство, наречена „Грејс, кнегињата на Монако: Почит кон животот и наледството на Грејс Кели“, која го славела нејзиниот живот и придонес за уметностите преку нејзината Фондација.

Принцезата Стефани, во 2008 година, ја отворила „Епохата на Грејс Кели, кнегињата на Монако“ во Москва.

Во октомври 2009 година, на Родео Драјв била поставена спомен-плоча во чест на придонесите на кнегињата Грејс за префинетоста и модата.

Во ноември 2009 година, ТКФ ја назначиле кнегињата за ѕвезда на месецот, како би го одбележале нејзиниот 80-ти роденден.

Во април 2010 година, во музејот Викторија и Алберт, била отворена изложба со алиштата на Грејс Кели, од страна на кнезот Алберт и Шарлин Витсток. Изложбата продолжила и во Австралија, во ликовната галерија „Бендиго“, помеѓу 11 март и 17 јуни 2012 година[41].

Во ноември 2011 година, изложбата „Грејс Кели: од филмска ѕвезда до кнегиња“ на меѓународниот филмски фестивал во Торонто, била отворена од страна на кнезот Алберт и кнегињата Шарлин.

  1. Buchwald, Art (April 17, 1956). „Grace Kelly Can Retain American Citizenship: Status of Pat Poodle Oliver Not So Clear; His Marriage Could Start Monaco Squabble“. Los Angeles Times.
  2. „High Society (washingtonpost.com)“. www.washingtonpost.com. Посетено на June 2, 2016.
  3. Jacobs, Laura. „Grace Kelly's Forever Look“.
  4. Department of Records. „Margarethe M. Majer, 13 Dec 1898; "Pennsylvania, Philadelphia City Births, 1860-1906". FamilySearch. стр. 378.
  5. 5,0 5,1 „Margaret Majer Kelly (1899 -1990)“. University of Pennsylvania. Архивирано од изворникот на 2018-04-27. Посетено на 2017-09-25.
  6. Kaplan, Tracey (January 8, 1990). „Margaret Kelly, 91; Princess Grace's Mother, Head of Influential Family“. Los Angeles Times.
  7. Spoto, Donald; Forshaw, Barry (May 28, 2009). „Grace Kelly and Hollywood by Donald Spoto“. The Times. UK. Посетено на May 20, 2010. Born in 1929 and raised by stiff-necked Catholic parents in Philadelphia … Philadelphia convent girl (always remaining Roman Catholic) ...
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 8,6 8,7 Jacobs, Laura (May 2010). „Grace Kelly's Forever Look“. Vanity Fair. Посетено на December 30, 2010.
  9. 9,0 9,1 9,2 Leigh 2007
  10. Spoto, Donald (2009). High Society: The Life of Grace Kelly. Harmony. стр. 22. ISBN 0-307-39561-8.
  11. Leigh 2007, стр. 26
  12. „The Private Life and Times of Gene Tierney“. Glamourgirlsofthesilverscreen.com. Архивирано од изворникот на 2021-05-06. Посетено на March 13, 2010.
  13. Tierney, Gene; Herskowitz, Mickey (1978). Self-Portrait. Wyden Books. стр. 150–151. OCLC 5016010.
  14. Barbanel, Josh (October 28, 2007). „The Kelly Connection“. The New York Times. New York City. Посетено на June 19, 2011.
  15. 15,0 15,1 Hedda Hopper Collection. Maraget Herrick Library, Los Angeles.
  16. Kaplan, James (2010). Frank: The Voice. Doubleday. стр. 586. ISBN 0-385-51804-8.
  17. „Grace Kelly Biopic Fails to Come to Life“. scmp.com. November 22, 2014. Посетено на March 11, 2017.
  18. Spoto, Donald (1983). The Dark Side of Genius: The Life of Alfred Hitchcock. Boston: Little, Brown. ISBN 0-306-80932-X.
  19. Eyles, Allen (September 1987). James Stewart. Stein & Day. ISBN 0-8128-8298-9.
  20. 20,0 20,1 Haugland, H. Kristina (2006). Grace Kelly: Icon of Style to Royal Bride. Yale University Press. стр. 966–. ISBN 978-0-300-11644-1. Посетено на January 5, 2013.
  21. 21,0 21,1 „Grace's Riviera Romance“. LIFE. Time Inc: 14–15. May 30, 1955. ISSN 0024-3019. Посетено на January 5, 2013.
  22. 22,0 22,1 Taraborrelli 2003, стр. 96
  23. 23,0 23,1 23,2 The Big Week in Monaco: Movies' Pretty Princess Assumes a Real Life Title. Life. 40. Time Inc. April 30, 1956. стр. 37. ISSN 0024-3019. 'I'm halfway married,' she exclaimed after the first wedding, a 16-minute civil ceremony in his crimson-damasked throne …
  24. Hintz, Martin (2004). Monaco. Children's Press. ISBN 978-0-516-24251-4.
  25. 25,0 25,1 25,2 Choron, Sandra; Choron, Harry (2010). Planet Wedding: A Nuptial-pedia. Houghton Mifflin Harcourt. стр. 103. ISBN 978-0-618-74658-3.
  26. Bulwa, Demian (March 29, 2004). „Memorial scheduled for designer Joe Allen Hong“. SFGate. Hearst Communications.
  27. Vickers, Hugo (2007). Horses & Husbands – The Memoirs of Etti Plesch. стр. 170. ISBN 978-1-904349-54-9.
  28. Quine, Judith Balaban (1990). The Bridesmaids: Grace Kelly and Six Intimate Friends. Pocket Books. ISBN 978-0-671-70770-5.
  29. Davies, Jennifer. Fatal Car Accidents of the Rich and Famous. RW Press. стр. 38. ISBN 978-1-909284-04-3.
  30. Taraborrelli 2003, стр. 149
  31. Werner, Jennifer (2014). Grace Kelly of Monaco: The Inspiring Story of How An American Film Star Became a Princess. BookCaps Study Guides. стр. 40–44. ISBN 9781629172484.
  32. References:
    • Establishing the age and marque of the car: „1982: Hollywood princess dead“. BBC News. September 14, 1982. After leaving the road her 10-year-old Rover tumbled 100 ft (30.5 m) down a ravine...
    • Establishing the model: Parish, James Robert (2002). The Hollywood Book of Death: The Bizarre, Often Sordid, Passings of More than 125 American Movie and TV Idols (eBook. изд.). McGraw Hill. стр. 23. ISBN 978-0-07-178476-4. Посетено на October 18, 2014. After loading her Rover 3500 with luggage and dresses to be altered, she informed her chauffeur that there was now no room for him in the car, and that she would drive instead.
    • Establishing the platform: Gerard, Jasper (January 24, 2011). „Classic Rover P6 review“. The Telegraph. London, UK. Архивирано од изворникот на December 26, 2012. Посетено на October 18, 2014. It's always a little ominous when a car is best remembered for a tragic mishap, but such, alas, is the fate of the P6; this is what Grace Kelly was driving when she careered off the Corniche in Monaco.
  33. „US Gazetteer files: 2010, 2000, and 1990“. United States Census Bureau. February 12, 2011. Посетено на April 23, 2011.
  34. Vinocur, John (September 17, 1982). „Princess Stricken Before Crash, Doctors Say“. New York Times. Посетено на September 23, 2014.
  35. Leigh, Wendy (2007). True Grace: The Life and Death of an American Princess. New York, NY: Thomas Dunne Books. стр. 245. ISBN 978-0-312-34236-4.
  36. „BBC On This Day September 14th 1982“. BBC News. September 14, 1985. Посетено на March 13, 2010.
  37. „Death of Princess Grace – history – central“. British Council. Архивирано од изворникот на March 8, 2010. Посетено на March 13, 2010.
  38. „History of the Hermes Kelly Bag“. pursuitist.com. August 13, 2011. Посетено на August 13, 2011.
  39. „Recent Prizegivers“. Henley Royal Regatta. Посетено на October 9, 2014.
  40. „Press Releases : 2006“. Philadelphia Museum of Art. Посетено на March 13, 2010.
  41. „Grace Kelly: Style Icon“. bendigoartgallery.com.au. Архивирано од изворникот на 2022-02-02. Посетено на June 30, 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]