Прејди на содржината

Арапска Плоча

Од Википедија — слободната енциклопедија
Арапска Плоча
Видмала
Површина5.000.000 км2
Движење1северно
Брзина115–20 мм годишно
ОпфаќаАрапски Полуостров, Аденски Залив, Индиски Океан, Персиски Залив, Црвено Море
1Во однос на Африканската Плоча

Арапска Плоча — мала тектонска плоча на северната и источната полутопка.

Ова е една од трите континентални плочи (заедно со Африканската и Индиската) кои во минатото пристигнале од југот и се судриле со Евроазиската Плоча. Како последица од судирот дошло до мешање на плочните парчиња и настанок на планински венци кои се протегаат на запад од Пиринеите, преку Јужна Европа, Иранската Висорамнина, образувајќи ги веригите Алборз и Загрос, до Хималаите и венците во Југоисточна Азија.[1]

Арапската и соседните плочи на карта на светот.

Арапската Плоча се состои претежно од Арапскиот Полуостров; на запад се протега до Синајскиот Полуостров и Црвеното Море, а на север до Левантот. Границите на плочата се следниве:

историја

[уреди | уреди извор]

Оваа плоча била дел од Африканската Плоча во фанерозоикот (палеозоиккенозоик), сè до олигоценската епоха на кенозоикот. Раседнувањето во денешното Црвено Море почнало во еоценот, а разделувањето на Африка и Азија се случило пред околу 25 милиони години во олигоценот, и оттогаш Арапската Плоча се движи кон Евроазиската.[3] Отворањето на црвеноморскиот расед предизвикало вулканска активност. Западните делови на плочата се покриени со вулкански полиња наречени Постари Харати, чии позначајни примери се Харат Хајбар и Харат Рахат. Постои извесна активност и денес, особено околу Медина,[4] а во Црвеното Море има редовни избуви.[5]

Судирот помеѓу Арапската Плоча и Евроазија предизвикува издигање на венецот Загрос во Иран. Бидејќи Арапската и Евроазиската Плоча се судираат, некои градови како оние во југоисточна Турција (кои лежат на Арапската Плоча) се подложни на земјотреси, цунамија и вулкани.

Земји и региони

[уреди | уреди извор]

Плочата ги опфаќа следниве земји: Бахреин, Џибути, Ирак, Јордан, Кувајт, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Сирија, ОАР и Јемен. Воедно таа ги опфаќа и овие региони: Антилибан (Либан), делови од Аудал (Сомалија/Сомалиленд), Хузестан (Иран), Југоисточна Анадолија (Турција) и Јужна Денкаља (Еритреја).

  1. Image Science and Analysis Laboratory, NASA-Johnson Space Center. „Tectonics of the Arabian Plate“. The Gateway to Astronaut Photography of Earth. NASA. Архивирано од изворникот на 6 јули 2007. Посетено на 21 јули 2007.
  2. arabia2 (15 септември 2014). „Plate Boundaries of the Arabian Plate – GEOS 309: Tectonics“. Geos309.community.uaf.edu. Архивирано од изворникот на 4 март 2016. Посетено на 13 јануари 2016.
  3. „Arabian Plate - African/Arabian Tectonic Plates“. Africa-arabia-plate.weebly.com. Посетено на 23 јануари 2016.
  4. „Volcanoes of Saudi Arabia“. 7 март 2016. Посетено на 24 март 2016.
  5. Wenbin Xu; и др. (26 мај 2015). „Birth of two volcanic islands in the southern Red Sea“. Nature Communications. Nature Communications 6, Article number: 7104. 6: 7104. Bibcode:2015NatCo...6.7104X. doi:10.1038/ncomms8104. PMC 4455101. PMID 26010945. S2CID 15570438.