Прејди на содржината

Австралиска Плоча

Од Википедија — слободната енциклопедија
Австралиска Плоча
Видголема
Површина47.000.000 км2
Движење1североисточно
Брзина162–70 мм годишно
ОпфаќаАвстралија, Нова Гвинеја, Нов Зеланд, Индиски Океан
1Во однос на Африканската Плоча

Австралиска Плоча — голема тектонска плоча на источната и, во голема мера, јужната полутопка. Австралија првобитно била дел од древниот континент Гондвана, и останала поврзана со Индиската и Антарктичката сè до пред 100 милиони години кога Индија се отцепила и почнала да се движи на север. Австралија и Антарктикот почнале да се раседуваат пред 96 милиони години[1] и потоа целосно се одвоиле, пред 60 милиони години[2], а можеби и пред 45.[3]

Плочата подоцна се соединила со соседната Индиска Плоча под Индискиот Океан, образувајќи една Индоавстралиска Плоча. Меѓутоа, поновите изучувања покажуваат дека двете плочи повторно се одвоиле пред околу 3 милиони години или порано.[4] Австралиската Плоча го опфаќа континентот Австралија (заедно со Тасманија), како и делови од Нова Гвинеја, Нов Зеланд и Индискиот Океан.

Австралиската Плоча, на која лежи Австралија, се движи побргу од другите плочи. Движењето изнесува 6,9 см годишно во северозападен правец и мало свртување вдесно. Стручњаците го прилагодуваат глобалниот положбен систем (ГПС) поради ова движење, кое е побрзо на извесни места.[5][6] Гледајќи ги Индија и Австралија во нивните средишта, Австралија моментално се движи 3 см годишно кон Индија,[7] што одговара на подрачјето на изобличување помеѓу двете плочи.[8]

Континенталната кора на плочата ја опфаќа цела Австралија, Карпентарискиот Залив, јужна Нова Гвинеја, Арафурско Море и Коралното Море. Ги опфаќа и северозападен Нов Зеланд, Нова Каледонија и Фиџи. Океанската кора го зафаќа југоисточниот дел на Индискиот Океан, Тасмановото Море и Тиморското Море. Австралиската Плоча се граничи (од лево надесно) со Евроазиската, Филипинската, Тихоокеанската, Антарктичката, Африканската о Индиската Плоча. Меѓутоа, познато е дека оваа дефиниција на Австралиската Плоча е за 20 % помалку точна од дефиницијата која ги претполага независно движечките микроплочи Јарчева и Маквориска.[9]

Географија

[уреди | уреди извор]
Австралиската Плоча (најлево и најдесно) и соседните плочи на светска карта.

Североисточната страна е сложена но начелно приближувачка граница со Тихоокеанската Плоча. Тихоокеанската се подвлекува под Австралиската Плоча, со што се образувани Тонганскиот и Кермадечкиот Ров, како и напоредните островски лакови Тонга и Кермадек. Одговорна е и за издигањето на источните делови на Северниот Остров на Нов Зеланд.

Континентот Зеландија се одвоил од Австралија пред 85 милиони години и се протега од Нова Каледонија на север до Новозеландските Подантарктички Острови на југ, сега е во фаза на расцепување по трансформната граница во Алпскиот Расед.

Јужно од Нов Зеланд границата добива преоден трансформно-приближувачки карактер и наречена е „Маквориско Раседно Подрачје“, каде Австралиската Плоча почнува да се подвлекува под Тихоокеанската долж Пијсегирскиот Ров. На југозапад од овој ров се протега Макворискиот Гребен.

Јужната страна е раздвојувачка граница со Антарктичката Плоча наречена Југоисточноиндиски Гребен.

Подвлечувачката граница низ Индонезија не е напоредна на биогеографската Волесова линија која ги двои домородните животни на Азија од оние на Австралазија. Источните острови на Индонезија лежат претежно на Евроазиската Плоча, но имаат животни и растенија од австралазиски тип. На југоисток се наоѓа Сундската Плоча.

Источно од Индонезија под Индискиот Океан има подрачје на изобличување помеѓу Индиската и Австралиската Плоча, и познато е дека Индија и Австралија не се движат во ист правец на север и почнале повторно да се двојат.[4][7][8][10] Ова подрачје лежи долж северниот Деведесетстепенски Гребен,[7] што значи дека ова подрачје денес е тектонски послабо од местото кајшто Индиската и Австралиската Плоча првично се споиле, подалеку на северозапад.[8] Постои и озибличување во област 1200 км северно од Југоисточноиндискиот Гребен помеѓу Австралиската Плоча и предложената Јарчева Плоча.[9]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. McLoughlin, S. (2001). „The breakup history of Gondwana and its impact on pre-Cenozoic floristic provincialism“. Australian Journal of Botany. 49 (3): 271–300. doi:10.1071/BT00023. Посетено на 21 мај 2023.
  2. „ODSN Plate Tectonic Reconstruction Service“. Посетено на 24 мај 2023.
  3. „New Look at Gondwana's Breakup“. Livescience.com. 6 јули 2013. Посетено на 25 декември 2015.
  4. 4,0 4,1 Stein, Seth; Sella, Giovanni; Okai, Emile A. (2002). „The January 26, 2001 Bhuj Earthquake and the Diffuse Western Boundary of the Indian Plate“ (PDF). Plate Boundary Zones. Geodynamics Series. American Geophysical Union. стр. 243–254. doi:10.1029/GD030p0243. ISBN 9781118670446. Посетено на 26 декември 2015.
  5. Howard, Brian Clark (23 септември 2016). „Australia Is Drifting So Fast GPS Can't Keep Up“. National Geographic. Архивирано од изворникот 27 февруари 2021.
  6. "Australia Is Not as Down Under as Everyone Thinks It Is" by Michelle Innis, September 23, 2016, NY Times.
  7. 7,0 7,1 7,2 Delescluse, Matthias; Chamot-Rooke, Nicolas (2007). „Instantaneous deformation and kinematics of the India–Australia Plate“. Geophysical Journal International. 168 (2): 818–842. Bibcode:2007GeoJI.168..818D. doi:10.1111/j.1365-246X.2006.03181.x. S2CID 52998637.
  8. 8,0 8,1 8,2 Delescluse, Matthias; Chamot-Rooke, Nicolas; Cattin, Rodolphe; Fleitout, Luce; Trubienko, Olga; Vigny, Christophe (26 септември 2012). „April 2012 intra-oceanic seismicity off Sumatra boosted by the Banda-Aceh megathrust“. Nature. 490 (7419): 240–4. Bibcode:2012Natur.490..240D. doi:10.1038/nature11520. PMID 23023134. S2CID 205230868.
  9. 9,0 9,1 DeMets, C; Gordon, RG; Argus, DF (2010). „Geologically current plate motions“. Geophysical Journal International. 181 (1): 1–80. Bibcode:2010GeoJI.181....1D. doi:10.1111/j.1365-246X.2009.04491.x.
  10. Yue, H.; Lay, T.; Koper, K. (2012). „En échelon and orthogonal fault ruptures of the 11 April 2012 great intraplate earthquakes“. Nature. 490 (7419): 245–249. Bibcode:2012Natur.490..245Y. doi:10.1038/nature11492. PMID 23023129. S2CID 4375902.