Прејди на содржината

Трново (Битолско)

Координати: 41°2′38″N 21°15′0″E / 41.04389° СГШ; 21.25000° ИГД / 41.04389; 21.25000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 13:00, 15 декември 2020; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (Демографија: Сменето со македонски апостроф, replaced: К'нчов → К’нчов)
Оваа статија се однесува на битолското село Трново. За други значења, видете Трново (појаснување).
Трново

Куќи во Трново

Трново во рамките на Македонија
Трново
Местоположба на Трново во Македонија
Трново на карта

Карта

Координати 41°2′38″N 21°15′0″E / 41.04389° СГШ; 21.25000° ИГД / 41.04389; 21.25000
Општина Битола
Население 278 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 02117, 02617
Надм. вис. 835 м
Трново на општинската карта

Атарот на Трново во рамките на општината
Трново на Ризницата

Трново — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Географиja и местоположба

Селото Трново се наоѓа во подножјето на планината Баба, западно од градот Битола.

Историja

Трново во почетокот на XX век
Разгледница од почетокот на XX век на која се претставени манастирите од Буково, Трново и Барешани

Трново најпрво било словенско село, на што јасно укажува името на селото. Најстар помен за ова село е од првата половина на XVII век.[2] Власите во Трново се доселиле во втората половина на XVIII заедно со оние во соседното село Магарево.[2] Најпрво се доселила една група Албанци муслимани од околината на Корча, а потоа се доселиле две побројни групи: Власи од Москополе, Грамушта и Клисура и православни Албанци од околината на Корча и Колоња.[2]

Трново во XX век

Во почетокот на XX век, Трново било во најголем процут од неговото постоење. Во центарот биле сместени занаетчиски, трговски дуќани и фурни. Но, егзодусот што им се случил на жителите што биле од Москополе се повторил за време на војната. Тука минувала линијата на фронтот на завојуваните страни. Бугарите ги интернирале жителите од селото, а француската артилерија ги разурнала сите куќи. Според хроничарот Такец, Винстон Черчил забележал дека во борбите за Битола и околината од двете противнички страни стоеле под оружје по 190.000 војници со по околу 900 топови. Сојузниците под командата на генералите Сарај и Милн во Битола влегле во почетокот на ноември задржувајќи ја линијата на фронтот во непосредна близина на градот неполни две години. Поради изменетите услови за живеење и разурнатото село голем дел од жителите се иселиле во Битола, Србија, Грција, особено во Лерин, Романија, Бугарија и во други држави. Според истражувањата на Кокан Грчев во текот на воените операции разурнати се голем број манастири и цркви. Во декември 1916 година голем број објекти во селото Трново како и старата црква Света Богородица подигната во 1837 година се целосно разурнати и срамнети со земја. Повторното населување почнува во 1919 година кога почнува изградбата на разурнатото село. Во 1926 година се добиени одредени средства во вид на воена отштета, а се собрани и доброволни средства од Битола и околните села со што е овозможено да почне изградбата на црквата. Иконостасот во црквата е изработен од Мијакот Нестор Алексиевски од Гари со своите синови, а во 1962 година доградена е камбанаријата како подарок од Џон Спиро, битолчанец иселеник во САД.

Стопанство

Демографија

Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Трново живееле 2.450 жители, од кои 2.400 Власи и 50 Албанци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Трново имало 1.920 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според пописот од 2002 година селото има 278 жители и тоа:[5]

Националност Вкупно
Македонци 146
Албанци 82
Турци 0
Роми 0
Власи 48
Срби 1
Бошњаци 0
други 1

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 309
1953 125 41 39 101 306
1961 170 10 55 ... 57 292
1971 186 44 39 ... 78 347
1981 223 74 19 13 7 336
1991 189 96 14 1 300
1994 187 87 22 3 299
2002 146 82 48 1 1 278

Родови

Трново е мешано албанско-влашко-македонско село.

Родови во селото се:

  • Албански родови: Зеро (2 куќи) доселени се од јужна Албанија, дошол основачот на родот Узеир, го знаат следното родословие: Максут (жив на 62 г. во 1950-тите) Алил-Беќир-Муарем-Узеир, кој дошол во селото; Рамизовци (4 куќи), Аметовци (2 куќи), Љатифовци (2 куќи), Мемедовци (1 куќа), Рустемовци (1 куќа) и Ибраимовци (1 куќа) доселени се од истото место од кое се доселени и родот Зеро; Јусуфовци (1 куќа) доселени се во турско време од селото Снегово.
  • Влашки родови: Гушо (1 куќа), Бошковци (1 куќа), Дервен (1 куќа) и Стерјани (1 куќа) доселени се од Грамос и Москополе; Куниовци (2 куќи), Дука (5 куќи), Адамовци (2 куќи), Пецо (1 куќа), Михалаќи (1 куќа), Алексо (1 куќа), Митруш (1 куќа), Тинка (1 куќа), Лаке (1 куќа) и Минго (1 куќа) потекнуваат од православни Албанци, порано збореле албански, а сега влашки, мешајќи се со Власите. Во родот Дука се знае следната генеологија Тодор (жив на 83 г. во 1950-тите) Јован-Ѓорге-Дуко, основачот на родот кој се доселил, овие родови се доселени од околината на Корча, Колоња и Дарда; Јаневци (2 куќи) потекнуваат од Каракачани, порано зборувале грчки; Маноло (3 куќи), Стојовци (2 куќи) и Маџо (1 куќа) потекнуваат од македонски родови, мешајки се со власите го примиле влашкиот јазик, родот Маноло се доселил од некое околно македонско село, додека другите два рода се доселени однекаде.
  • Македонски родови: Талевци (4 куќи) доселени се однекаде пред крајот на турското владеење; Петревци (1 куќа), Ставревци (1 куќа) и Писковци (1 куќа) доселени се во 1904 година од селото Ротино; Цветковци (1 куќа) доселени се на крајот од турското владеење од раселеното село Кочишта; Котевци (2 куќи) доселени се од Секирани, а пред да дојдат овде живееле и во Братин Дол; Аргиновци (5 куќи) доселени се во 1920 година од селото Јабланица, струшко; Димовци (1 куќа) доселени се во текот на Првата светска војна од некое село во Тиквеш.[7]


Општествени установи

Самоуправа и политика

Изборно место

Во селото постои изборното место бр. 131 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова изборно место е опфатено и селото Магарево.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 321 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости

Цркви[10]
Археолошки наоѓалишта[11]

Редовни настани

  • Јули - Традиционална погранична средба, ја организира Заедницата на организациите на етничките Македонци протерани од Грција - Битола[12].
  • Саем на локални производи - се одржува секоја година со цел за подобрување на животните услови на руралното население во потпланинскиот регион преку идентификација, промоција на локалните производи, развој на алтернативниот туризам и одржливост на природните ресурси[13].

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Српска академија наука и уметности. стр. 231–232.
  3. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.239
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
  5. Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  7. Trifunoski F., Jovan (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  8. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  11. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  12. „В недела во Трново традиционалната погранична средба“. MIA. Посетено на 2010-01-31.
  13. „Саем на локални производи во Трново“. MakMreza. Посетено на 2010-01-31.
  14. Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995.
  15. Ντίνος Χριστιανόπουλος, ΄Ελληνες ποιητές σε μακεδονικές πόλεις (πλην Θεσσαλονίκης) επί τουρκοκρατίας, Θεσσαλονίκη 2008, (ISBN 978-960-7265-86-9)
  16. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 554.

Надворешни врски