Злокуќани (Битолско)
- За други значења видете Злокуќани (појаснување)
Злокуќани | |
Координати 40°58′0″N 21°19′0″E / 40.96667° СГШ; 21.31667° ИГД | |
Општина | Битола |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 02053 |
Надм. вис. | 1081 м |
Злокуќани на општинската карта Атарот на Злокуќани во рамките на општината | |
Злокуќани на Ризницата |
Злокуќани — раселено село во Општина Битола, во околината на градот Битола. Сместено во пазувите на Баба Планина, со највисокиот врв Пелистер.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа под пазувите на Баба планина, југозападно од Битола.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Злокуќани живееле 500 жители, сите Албанци.[3]
Според Димитар Гаџанов во 1916 година во селото имало 394 жители, кои тој ги запишува како Турци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Албанци.[5]
Селото броело 23 жители во 1961 година, додека во 1994 година има само 20-тина жители.
Според пописот од 2002 година, во селото Злокуќани немало жители.[6] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 500 | 394 | 173 | 156 | 23 | 65 | 59 | 38 | 20 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
[уреди | уреди извор]Злокуќани било албанско село.
Родови во селото биле: Љаме (3 куќи), Цаме (7 куќи), Кече (5 куќи), Пале (3 куќи) и Астафе (1 куќа) доселени се кон крајот на XVIII век од северна Албанија (областа Мат). Во родот Љаме се знае следното родословие: Рамадан (жив на 50 г. во 1950-тите) Шабан-Камбер-Селман-Алија-Ислам, предокот кој се доселил. Во родот Цаме се знае следното родословие: Елмаз (жив на 56 г. во 1950-тите) Фазли-Сали-Адем-Фазли-Цаме, предокот кој се доселил.[11]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 157 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 9 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[14]
- Сртот — населба од железно време;
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Голем број на населението од Злокуќани се има иселено во Битола (во населбата Кленовец) и во Турција (во разни села и градови).[11]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.
- ↑ Гаджанов, Димитър. Мюсюлманското население в новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието, София 1993, стр. 266.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 11,0 11,1 Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069