Одеса
Одеса (украински: Одеса, руски: Одесса, романски: Odesa) — град во Украина на Црното Море. Одеса е големо пристаниште и културен центар, како и административен центар на Одеската Област. Населението на градот според последниот попис во 2004 било 1 012 500 жители. Во 1945 г. година е прогласен за град-херој.
Одеса | |||
---|---|---|---|
Местоположба во Украина | |||
Координати: 46°28′N 30°44′E / 46.467° СГШ; 30.733° ИГД | |||
Држава | Украина | ||
Област | Одеска област | ||
Реон | Одеса | ||
Основан | 2 септември 1794 | ||
Управа | |||
• Претседавач на градскиот совет | Алексеј Костушев | ||
Површина | |||
• Градска | 236,9 км2 (915 ми2) | ||
Надм. вис. | 40 м | ||
Најг. вис. | 65 м | ||
Најм. вис. | −4,2 м | ||
Население (1 јули 2011) | |||
• Градско | 1,003,705 | ||
• Густина | 6.141/км2 (15,910/ми2) | ||
• Метро | 1,191,0001 | ||
• Демоним | украински: Одесит, одеситка | ||
Час. појас | EET (UTC+2) | ||
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||
Поштенски број | 65000–65480 | ||
Повик. бр. | +380 48 | ||
Мреж. место | odessa.ua | ||
1 Населението во градскиот дел според пописот 2001 |
Претходница на градот Одеса било едно мало место населено со Татари, чиј водач бил Хаџи I Герај, кримски хан, по кого и тогашното гратче се викало „Хаџибеј“. По кус период на литванско владеење, градот потпаднал под османлиска власт во 1529 г. Под нивна управа останал сè до поразот на Османлиите во Руско-турската војна од 1792. Денешната Одеса била изградена по декрет од кралицата Катерина II во 1794. Од 1819 до 1858 градот бил слободна зона, а за време на Советскиот Сојуз претставувал главно поморско упориште и важна база за морнарицата.[1] На 1 јануари 2000 г. одеското пристаниште било прогласено за слободна економска зона во период од 25 години.
Во 19. век Одеса бил четвртиот најголем град во Руската Империја, веднаш зад Москва, Санкт Петербург и Варшава.[2] Архитектонскиот стил на градот повеќе наликува на оној од средоземните земји, отколку на стилот од словенските. Дел од постарите градби се мешавина од модернистички, ренесансен и класичен стил.[3]
Одеса е стратешки важен пристаништен град на Црното Море. Пристаништата Јужна и Иличовск се двете витални точки на градот. Тие меѓусебно се поврзани со развиена и модернизирана железница. Во градот се изградени неколку нафтени и хемиски фабрики, кои преку долги цевководи се поврзани со Русија и земјите од ЕУ.
Демографија
уредиУкраинците се доминатниот етникум со 62% од вкупното население во Одеса. Руското малцинство е доста застапено, со 29% од популацијата во милионски населениот град. И покрај тоа што поголемиот дел од жителите национално се произнесле како Украинци, рускиот јазик е јазикот кој најмногу се говори во градот, па дури и од страна на мештаните со не-руско потекло. Освен овие две етнички групи, во Одеса уште живеат Албанци, Ерменци, Бугари, Кримски Татари, Грузијци, Грци, Евреи, Роми и Турци. Пред почетокот на Втората светска војна, во местото имало голема еврејска заедница, но поради нивната масовна депортација во концентрационите логори, нивниот број значително опаднал. Во текот на 1970-тите и преостанатите Евреи се иселиле од градот во странство. Во прилог е табелата со бројот на вкупното население по определени временски периоди.
Според извршените пописи и проценки | |
---|---|
Година | Население |
1795 | 122 |
1799 | 4.117 |
1814 | 20.000 |
1820 | 60.000 |
1850 | 100.000 |
1873 | 181.000 |
1881 | 208.000 |
1900 | 400.000 |
1910 | 500.000 |
2001 | 1.029.000 |
2006 | 993.000 |
2007 | 1.080.000 |
2010 | 1.009.000 |
2011 | 1.004.000 |
2012 | 1.007.000 |
Клима
уредиОдеса има суптропска клима, со влијанија од континентална и степска клима. Поради овие поволни климатски услови, туризмот во градот бележел постојан развој. За време на царска Русија, богатите болни луѓе биле испраќани на престој во ова крајбрежно место како би се одмориле и закрепнале. Вредно е да се спомене дека таму снегот е многу ретка појава, за што придонесува топлото зимско време. Зимите се благи и суви, а температурата на воздухот ретко оди под нулата. Речните корита во Одеса никогаш не замрзнуваат. Што се однесува до летата, тогашната просечна температура е над 30 °C.
Климатски податоци за Одеса, 1981-2010 | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 15.1 (59.2) |
18.6 (65.5) |
24.1 (75.4) |
29.4 (84.9) |
33.3 (91.9) |
35.6 (96.1) |
39.3 (102.7) |
38.0 (100.4) |
32.4 (90.3) |
30.5 (86.9) |
26.0 (78.8) |
16.3 (61.3) |
39.3 (102.7) |
Прос. висока °C (°F) | 2.2 (36) |
2.7 (36.9) |
6.6 (43.9) |
13.0 (55.4) |
19.5 (67.1) |
24.0 (75.2) |
27.0 (80.6) |
26.5 (79.7) |
21.0 (69.8) |
15.0 (59) |
8.4 (47.1) |
3.7 (38.7) |
14.1 (57.4) |
Сред. дневна °C (°F) | −0.5 (31.1) |
−0.2 (31.6) |
3.5 (38.3) |
9.4 (48.9) |
15.6 (60.1) |
20.0 (68) |
22.6 (72.7) |
22.3 (72.1) |
17.2 (63) |
11.6 (52.9) |
5.7 (42.3) |
1.1 (34) |
10.7 (51.3) |
Прос. ниска °C (°F) | −2.8 (27) |
−2.6 (27.3) |
1.0 (33.8) |
6.6 (43.9) |
12.1 (53.8) |
16.3 (61.3) |
18.5 (65.3) |
18.2 (64.8) |
13.5 (56.3) |
8.6 (47.5) |
3.2 (37.8) |
−1.2 (29.8) |
7.6 (45.7) |
Најниска забележана °C (°F) | −26.2 (−15.2) |
−28.0 (−18.4) |
−16.0 (3.2) |
−5.9 (21.4) |
0.3 (32.5) |
5.2 (41.4) |
7.5 (45.5) |
7.9 (46.2) |
−0.8 (30.6) |
−13.3 (8.1) |
−14.6 (5.7) |
−19.6 (−3.3) |
−28.0 (−18.4) |
Прос. врнежи мм (ин) | 34 (1.34) |
37 (1.46) |
32 (1.26) |
27 (1.06) |
36 (1.42) |
49 (1.93) |
45 (1.77) |
38 (1.5) |
43 (1.69) |
34 (1.34) |
41 (1.61) |
35 (1.38) |
451 (17.76) |
Прос. бр. врнежливи денови | 9 | 7 | 10 | 11 | 12 | 13 | 10 | 8 | 9 | 10 | 13 | 10 | 122 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 77.5 | 81.9 | 124.0 | 186.0 | 263.5 | 291.0 | 313.1 | 300.7 | 240.0 | 170.5 | 78.0 | 55.8 | 2.182 |
Извор бр. 1: pogoda.ru,[4] | |||||||||||||
Извор бр. 2: опсерваторијата во Хонгконг.[5] |
Личности
уреди- Јосип Михајлович де Рибас (1749-1800) - руски воен адмирал, се смета за татко на градот Одеса.
- Арман Емануел де Плеси Ришелје (1766-1822) - француски државник, привремено гувернер на Одеса.
- Михаил Воронцов (1782-1856) - руски принц и фелдмаршал, познат по успесите во војните со Наполеон и во Кавкаската војна (1844-1853).
- Александар Сергеевич Пушкин (1799-1837) - руски поет од ерата на романтизмот.
- Адам Мицкевич (1798-1855) - полски поет, есеист, публицист и преведувач.
- Михаил Александрович Врубељ (1856-1910) - руски сликар од модернистичкиот правец симболизам.
- Владислав Гордецки (1863-1930) - руско-полски архитект.
- Борис Фармаковски (1870-1928) - руски археолог.
- Иван Бунин (1870-1953) - прв руски поет добитник на Нобеловата награда за литература.
- Владимир Филатов (1875-1956) - украински лекар-офталмолог и академик.
- Корнеј Иванович Чуковски (1882-1969) - руски поет за деца.
- Константин Паустовски (1892-1968) - советски писател номиниран за Нобеловата награда за литература во 1965 г.
- Исак Бабељ (1894-1940) - руски новинар и драматург.
- Едуард Багрицки (1895-1934) - влијателен советски поет од стилот конструктивизам.
- Иљја Илф (1897-1937) - популарен советски писател.
- Свјатослав Рихтер (1915-1997) - украински музичар и пијанист.
- Емил Гилељс (1916-1985) - советски пијанист.
Меѓународни односи
уредиЗбратимени градови
уредиГрадови партнери
уреди
|
Галерија
уредиКултура
уреди-
Улиците на Одеса -
Градот преку ноќ -
Театарот за опера и балет -
Внатрешноста на оперската куќа -
Хотелот „Моцарт“ -
Музејот на Пушкин
Траснпорт
уреди-
Терминал на аеродромот -
Железничката станица -
Брод на пристаништето -
Трамвај -
Жичарницата -
тролејбуски билет
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Nataliya and Yuri Kruglyak, KRT Web Studio at www.webservicestudio..com , Odessa, Ukraine. „Odessa population during WWII“. Odessitclub.org. Архивирано од изворникот на 2011-09-29. Посетено на 28 October 2011.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Herlihy, Patricia (1977). „The Ethnic Composition of the City of Odessa in the Nineteenth Century“: g. 53. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ „Odessa: Architecture and Monuments“. 2009 UKRWorld.Com. Архивирано од изворникот на 2012-03-06. Посетено на 2009-06-09. Надворешна врска во
|publisher=
(help) - ↑ pogoda.ru. „Погода и Климат – Климат Одессы“ (руски). Посетено на 2 октомври 2012..
- ↑ Климатолошки податоци за Одеса, Украина Архивирано на 20 ноември 2012 г., опсерваторијата во Хонгконг. Проверено на 19 мај 2012.
Литература
уредиНа англиски
уреди- King, Charles (2011). Odessa: Genius and Death in a City of Dreams. W. W. Norton & Company. ISBN 978-0-393-07084-2.
- Richardson, Tanya (2008). Kaleidoscopic Odessa: History and Place in Contemporary Ukraine. University of Toronto Press. ISBN 0-8020-9563-1. Посетено на 2009-11-07.
- Tanny, Jarrod (2011). City of Rogues and Schnorrers: Russia's Jews and the Myth of Old Odessa. Indiana University Press. ISBN 0-253-22328-9 Проверете ја вредноста
|isbn=
: checksum (help). Посетено на 2012-05-28.
На украински
уреди- Болдирєв О. В. Одесі — 600: Іст. нарис. — О.: Юг, 1994. — 72 с.
- Герлігі, Патриція. Одеса: Історія міста, 1794–1914. Київ: Критика, 1999 (ISBN 966-7679-04-7).
- Сапожников Ігор Вікторович, Сапожникова Г. В. Запорожские и черноморские казаки в Хаджи-бее и Одессе (1770—1820-е годы). — О., 1998. — 272 с. — (монографія).
- Трусов Юрій Сергійович — Хаджибей (трилогія).
- Бучач і Бучаччина
Надворешни врски
уреди„Одеса“ на Ризницата ? |
- Одеса на Curlie (англиски)
- „Официјалното мрежно место на градот“. Градскиот совет, оддел за информации за јавноста. Архивирано од изворникот на 2011-10-14. Посетено на 2013-02-04. (руски), (украински) и (англиски)
- „Официјалниот водич низ градот“. Архивирано од изворникот на 2010-08-11. Посетено на 2013-02-04. (руски), (украински) и (англиски)
- „Мапа на постојните линии на сите видови траснпорт во Одеса“. (руски), (украински) и (англиски)
- „Народот ја мие Одеса. Овој видео запис беше поставен од страна на Александар Милов“.