Прејди на содржината

State of Love and Trust

Од Википедија — слободната енциклопедија
„State of Love and Trust“
Песна од Pearl Jam
од албумот Singles: Original Motion Picture Soundtrack
Пуштена30 јуни 1992
Снименајануари 1992 во London Bridge Studio(Singles: Original Motion Picture Soundtrack)
27 март – 26 април 1991 at London Bridge Studio(Ten)
Жанргранџ
Должина3:46
МаркаЕпик Рекордс
ПеснописецЕди Ведер, Мајк Мекреди, Џеф Амент
Продуцент(и)Рик Парашар, Pearl Jam

State of Love and Trust“ — песна од американска рок група Pearl Jam. Одликувајќи се со стиховите напишани од вокалист Еди Ведер и музиката ко-напишана од гитаристот Мајк Мекреди и басистот Џеф Амент, State of Love and Trust првпат се појавила на саундтракот за филмот „Синглови“ од 1992 година. Песната била вклучена во албумот на најголемите хитови на Pearl Jam во 2004 година, Rearviewmirror (Greatest Hits 1991-2003). Раната верзија на песната била вклучена како дел од преиздавањето на деби албумот на групата, Ten, во 2009 година[1].

„State of Love and Trust“ има стихови напишани од вокалист Еди Ведер и музика ко-напишана од гитаристот Мајк Мекреди и басистот Џеф Амент. Песната првично била снимен за време на сесиите за Ten со можна намера да се појави во филмот „Синглови[2]. Амент изјавил: „Верзијата на „State of Love and Trust“ со Дејв Крусен на тапани е многу подобра од она што требало да биде објавено“[3]. Песната е снимена како една од првите со тапанарот Дејв Абруцезе.[4][5]

Според Амент, текстот за „State of Love and Trust“ се заснова на она што Ведер го извлекол од гледањето на филмот, и додал:„Мислам дека тој најверојатно го зел потешкиот агол за тоа што филмот беше за многу луѓе, но тоа е Еди“[6]. Според Камерон Кроу, директор на Синглс, песната е претставува „борба на инстинктите во љубовта“.

Изведби во живо

[уреди | уреди извор]

Песната за првпат била изведена во живо на концертот на JC Dobbs на 12 јули 1991 година во Филаделфија[7]. Pearl Jam ја извел песната на MTV Unplugged во 1992 година.

  1. Hay, Travis (2008-12-10). „Pearl Jam's Ten gets the deluxe treatment with four reissues next year“. Seattle Post-Intelligencer. Архивирано од изворникот на 2008-12-12. Посетено на 2008-12-10.
  2. Crowe, Cameron. "Making the Scene: A Filmmakers Diary" Архивирано на 2 мај 2008 г.. Rolling Stone. October 1, 1992.
  3. Light, Alan (2009-03-23). „Pearl Jam's Perfect Ten. MSN Music. Архивирано од изворникот на 2009-04-10. Посетено на 2009-03-23.
  4. Gilbert, Jeff. "Alive & Kicking". Guitar World. September 1992.
  5. Peiken, Matt (December 1993). „Dave Abbruzzese of Pearl Jam“. Modern Drummer. Архивирано од изворникот на 2011-02-15. Посетено на 2007-07-01.
  6. "Interview with Jeff Ament". Hit Parader. September 1992.
  7. "Pearl Jam Songs: "State of Love and Trust"". pearljam.com.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]