Прејди на содржината

Jeremy (песна од Pearl Jam)

Од Википедија — слободната енциклопедија
"Jeremy"
Сингл на Pearl Jam
од албумот Ten
B-страна„Footsteps“ / „Yellow Ledbetter
ПуштенSeptember 27, 1992
ФорматКомпактен Диск сингл, Аудио касета, Грамофонска плоча
Снимен27 март – 26 април 1991 во London Bridge Studio, Сиетл
ЖанрГранџ[1]
Должина5:18 (албумска верзија)
4:46 (single edit) 5:21 (промо верзија)
КомпанијаЕпик Рекордс
Текстописец/иЕди Ведер, Џеф Амент
ПродуцентРик Парашар, Pearl Jam
Pearl Jam singles chronology
Even Flow
(1992)
Jeremy
(1992)
Oceans
(1992)
Музичко видео
„Jeremy“ на YouTube

Jeremy“ — песна од американска рок група Pearl Jam. Стиховите на песната се напишани од вокалистот Еди Ведер а музиката на басистот Џеф Амент. „Jeremy“ била издадена во 1992 година како трет сингл од деби албумот на Pearl Jam, Ten (1991). Песната била инспирирација на Ведер кога во еден весник прочитал за еден средношколец кој се застрелал пред својот клас во училиште на 8 јануари 1991 година[2]. Песната достигнала петто место на топ листите на Hot Mainstream Rock Tracks. Таа првично не била прикажана на редовната табела за синглови на Билборд Хот 100, бидејќи во тоа време не била објавена како комерцијален сингл во САД.

Песната добила големи критики за неговото музичко видео, кое е во режија на Марк Пелингтон, објавено во 1992 година. Оригиналното музичко видео било режирано и продуцирано од Крис Цуфаро. По здобиената популарност, МТВ подоцна го забранила музичкото видео и ја објавила верзијата во режија на Пелингтон. Во 1993 година, видеото добило четири награди од МТВ Видео Музички Награди, вклучувајќи ја и наградата за најдобар спот на годината[3].

  1. Danaher, Michael (August 4, 2014). „The 50 Best Grunge Songs“. Paste. Архивирано од изворникот на 2014-11-09. Посетено на November 9, 2014.
  2. Miller, Bobbi; Nevins, Annette (1991-01-09). „Richardson teen-ager kills himself in front of classmates“. The Dallas Morning News. Посетено на 2014-09-04.
  3. „1993 MTV Video Music Awards“. Rockonthenet. Посетено на 2007-09-05.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]