Прејди на содржината

Чурулин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чурулин
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Чурулинци
Род: Burhinus
Вид: Чурулин
Научен назив
Burhinus oedicnemus
(Linnaeus, 1758)
Burhinus oedicnemus insularum

Чурулин (науч. Burhinus oedicnemus) — северен вид птица од семејството на чурулинците. Распространет е низ Европа, северна Африка и југозападна Азија. Таа е преселница од постудените краеви која зиме преоѓа во Африка. Ја има и во Македонија.

Чурулинот е прилично голема блатна птица иако е со средна големина според стандардите на своето семејство. Должината ѝ се движи од 38 до 46 см, со распон на крилјата од 76 до 88 см и тежина од 290 до 535 грама.[2] Перјето му е со бои од околината во која се вклопува, нозете му се жолти, но впечатлив е неговиот силен црно-жолт клун и големите жолти очи кои потсетуваат на влекачите. Впечатлив е во лет, со црно-белите ознаки на крилјата. Името на родот Burhinus доаѓа од грчкиот bous (секира) и rhis (нос).[3]

Поведение

[уреди | уреди извор]

И покрај тоа што е класифициран како блатна птици, чурулинот претпочита суви отворени простори со гола земја. Тој, во голема мера е ноќна птица, особено во сезоната на парење кога ја пее својата гласна ѕвонлива песна чур-ли, туули, тули тули, чуру-чуру ли. Несе 2-3 јајца во гнездото кое го сместува директно на земјата или во мала пукнатинка. Чурулинот се храни со инсекти, други мали безрбетници и повремено мали влекачи, жаби и глодачи.

Подвидови

[уреди | уреди извор]

Има 5 подвида од Burhinus oedicnemus:[4]

  • Burhinus oedicnemus distinctus (Bannerman, 1914) Канарски Острови, централни и западни[5]
  • Burhinus oedicnemus harterti Vaurie, 1963
  • Burhinus oedicnemus insularum (Sassi, 1908) Канарски Острови, источни [6]
  • Burhinus oedicnemus oedicnemus (Linnaeus, 1758)
  • Burhinus oedicnemus saharae (Reichenow, 1894)
  1. BirdLife International (2012). Burhinus oedicnemus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. CRC Handbook of Avian Body Masses by John B. Dunning Jr. (Editor). CRC Press (1992), ISBN 978-0-8493-4258-5.
  3. Jobling, James A (1991). A Dictionary of Scientific Bird Names. OUP. ISBN 0-19-854634-3.
  4. título = Birds of the World -- current valid scientific avian names.
  5. Datos recientes sobre el Alcaraván (Burhinus oedicnemus L. 1758) en la Isla de La Palma (Canarias): notas Recent data on the Stone Curlew (Burhinus oedicnemus) on La Palma (Canary Islands): notes Autores: Rubén Barone Tosco, Felipe Siverio, D. Trujillo Localización: Vieraea: Folia scientarum biologicarum canariensium, ISSN 0210-945X, Nº. 21, 1992 , pag. [168 http://dialnet.unirioja.es/servlet/articulo?codigo=2358445]
  6. Datos recientes sobre el Alcaraván (Burhinus oedicnemus L. 1758) en la Isla de La Palma (Canarias): notas Recent data on the Stone Curlew (Burhinus oedicnemus) on La Palma (Canary Islands): notes Autores: Rubén Barone Tosco, Felipe Siverio, D. Trujillo Localización: Vieraea: Folia scientarum biologicarum canariensium, ISSN 0210-945X, Nº. 21, 1992 , pag. 168

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]