Стршлени
Стршлен | |
---|---|
Источен стршлен, Vespa orientalis | |
Научна класификација | |
Типски вид | |
Vespa crabro Linnaeus, 1758[1] |
Стршлените (Vespa) се најголеми од еузоцијалните оси, со кои споделуваат физички сличности. Некои видови можат да достигнат до 5,5 см (2,2 инчи) во должина. Тие се разликуваат од другите оси со релативно големата горна маргина на главата и со заоблениот сегмент на абдоменот веднаш зад половината. Во светски рамки, постојат 22 признати видови на стршлени,[2] Повеќето видови се јавуваат само во тропските предели на Азија, иако европскиот стршлен (Vespa crabro), е широко распространет низ цела Европа, Русија, Северна Америка и Североисточна Азија
Како и другите социјални оси, стршлените градат заеднички гнезда со џвакање дрво за да направат пулпа. Секое гнездо има една матица, која носи јајца и ја посетуваат работници кои, иако генетски се женки, не можат да положат плодни јајца. Повеќето видови прават изложени гнезда во дрвја и грмушки, но некои (како што е Веспа ориенталис) ги градат своите гнезда под земја или во други шуплини. Во тропските предели, овие гнезда може да поминат во текот на целата година, но во умерените места, гнездото умира во текот на зимата, со осамени кралици кои хибернираат во легло или друг изолативен материјал до пролетта.
Стршлените често се сметаат за штетници, бидејќи агресивно ги чуваат местата за гнездење кога се под закана и нивните убоди може да бидат поопасни од оние на пчелите.[3]
Распространетост
[уреди | уреди извор]Стршлените се наоѓаат главно во северната полутопка. Европскиот стршлен (Vespa crabro) е најпознат вид, широко распространет во Европа (но никогаш не се наоѓа северно од 63-та паралела), Украина и Европска Русија (освен во екстремни северни области). На исток, областа за дистрибуција на видовите се протега преку планините Урал до Западен Сибир. Во Азија, обичниот европски стршлен се наоѓа во јужниот дел на Сибир, како и во источна Кина. Европскиот стршлен случајно бил воведен во источна Северна Америка околу средината на 19 век и живеел таму од приближно истите ширини како во Европа.
Азискиот голем стршлен (Vespa Mandarina) живее во Приморскиот крај, Хабаровскиот краи (јужен дел) и Еврејската Автономна Област во Русија, Кина, Кореја, Тајван, Камбоџа, Лаос, Виетнам, Индокина, Индија, Непал, Шри Ланка и Тајланд, но најчесто се наоѓаат во планините на Јапонија, каде што тие се познати како „џиновска пчела“.
Источниот стршлен (Vespa Orientalis) се јавува во полусушните субтропски области на Средна Азија (Ерменија, Дагестан во Русија, Иран, Авганистан, Оман, Пакистан, Туркменистан, Узбекистан, Таџикистан, Киргистан, јужен Казахстан), Јужна Европа (Италија , Малта, Албанија, Македонија Романија, Турција, Грција, Бугарија, Кипар), Северна Африка (Алжир, Либија, Египет, Судан, Еритреја, Сомалија) и по бреговите на Аденскиот Залив и на Блискиот Исток.[4]
Азискиот стршлен (Vespa Velutina) е донесен во Франција, Шпанија, Португалија и Италија.
Исхрана
[уреди | уреди извор]Возрасните стршлени и нивните роднини се хранат со нектар и растителна храна богата со шеќер. Така, тие често може да се најдат како се хранат со сируп од дабови дрвја, гнили слатки плодови, мед и какви било прехранбени производи што содржат шеќер. Стршлените често летаат во овоштарниците за да се хранат со презреено овошје. Стршлените имаат тенденција да пронајдат дупка во овошјето за да станат тотално обвиткани во пулпата.
Возрасните напаѓаат и разни инсекти, кои ги убиваат со убоди и вилици. Поради нивната големина и моќта на нивниот отров, стршлените можат без тешкотии да убиваат големи инсекти како што се пчелите и скакулците. Жртвата е оневозможена и се користи како исхрана за ларвите кои се развиваат во гнездото, наместо да ги консумира возрасните стршлени. Со оглед на тоа што некој од нивниот плен се смета за штетник, стршлените може да се сметаат за корисни под некои околности.
Ларвите на стршлените произведуваат слатка секреција која содржи шеќери и аминокиселини што ги конзумираат работниците и матиците.[5]
Осило
[уреди | уреди извор]Стршлените имаат осило за убивање на пленот и одбрана на гнезда. Убодите од стршленот се поболни за луѓето отколку вообичаените оси и убодот содржи голема количина (5%) ацетилхолин.[6][7] Стршлените може да убодуваат постојано, за разлика од пчелите кои умираат при убодот.
Токсичноста на убодот варира во зависност од видовите на стршленот; некои испорачуваат само типичен убод од инсекти, додека други се меѓу најпознатите отровни познати инсекти.[8] Убодите Не се фатални, освен понекогаш кај луѓе со алергиски реакции.
Видови
[уреди | уреди извор]- Vespa affinis
- Vespa analis
- Vespa basalis
- Vespa bellicosa
- Vespa bicolor
- †Vespa bilineata
- Vespa binghami
- †Vespa ciliata
- †Vespa cordifera
- Vespa crabro
- †Vespa crabroniformis
- †Vespa dasypodia
- Vespa ducalis
- Vespa dybowskii
- Vespa fervida
- Vespa fumida
- Vespa luctuosa
- Vespa mandarinia
- Vespa mocsaryana
- Vespa multimaculata
- †Vespa nigra
- Vespa orientalis
- Vespa philippinensis
- †Vespa picea
- Vespa simillima
- Vespa soror
- Vespa tropica
- Vespa velutina
- Vespa vivax
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Црностомачен стршлен
-
Азиски стршлен.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ James M. Carpenter & Jun-ichi Kojima (1997). „Checklist of the species in the subfamily Vespinae (Insecta: Hymenoptera: Vespidae)“ (PDF). Natural History Bulletin of Ibaraki University. 1: 51–92.
- ↑ Archer, M.E. (2012). Penney, D. (уред.). Vespine wasps of the world: behaviour, ecology and taxonomy of the Vespinae. Monograph Series. 4. Siri Scientific. ISBN 9780956779571. OCLC 827754341.
- ↑ Vetter, Richard S.; Visscher, P. Kirk; Camazine, Scott (1999). „Mass Envenomations by Honey Bees and Wasps“. Western Journal of Medicine. 170 (4): 223–227. PMC 1305553. PMID 10344177.
- ↑ Dieter Kosmeier. „Vespa orientalis, Oriental Hornet“. vespa-crabro.de.
- ↑ Wheeler, W.M. (1922) Social Life Among the Insects. II. The Scientific Monthly 15(1): 68–88
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Conniff, R. (June 2003). „Stung – How tiny little insects get us to do exactly as they wish“. Discover.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Стршлени“ на Ризницата ? |