Стихази
Стихази Αηδόνια | |
---|---|
Координати: 40°12′N 21°19′E / 40.200° СГШ; 21.317° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Гребен |
Општина | Гребен |
Општ. единица | Ираклеотес |
Надм. вис. | 760 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 53 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Стихази или Стизјахи (грчки: Αηδόνια, Ајдонија; до 1927 г. Στηχάζι, Стихази[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 53 жители (2011).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото е сместено на надморска височина од 760 м, околу 20 км северозападно од градот Гребен.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Селото е основано во XVIII век во времето на Али-паша Јанински од доселеници дојдени од областа Епир.[4]
Во XIX век Стихази било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Стихази живееле 445 Грци.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Стизахи се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 55 куќи.[6]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Стихази живееле 300 Грци христијани.[7]
Во 1904 г. е изградена црквата „Св. Атанасиј“.[8]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 508 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 350.[3]
Во 1927 година, името на селото било променето во Ајдонија (Αηδόνια).
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението произведува жито, тутун и други земјоделски производи. Населението делумно се занимава и со сточарството.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 508 жители, во 1920 година со 350 жители, во 1928 година со 390, во 1940 година со 387, во 1951 година со 266, во 1961 година со 248, во 1971 година со 127, во 1981 година со 222, а во 1991 година со 154 жители.[3] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 387 | 266 | 248 | 127 | 222 | 154 | 136 | 53 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 15 квадратни километри.[3] Општината Стихази била приклучена во општината Ираклеотес во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Гребен.
Селото припаѓа на општинската единица Ираклеотес со седиште во селото Чурхли, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Стихази, во кој влегува и селото Палеокоприја.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Цркви
- Црква „Св. Атанасиј“ — изградена во 1904 г.[4]
Личности
[уреди | уреди извор]Родени во Стихази
- Илијас Ѓулекас
- Максим Цаусис (1914 - 1986)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Πανδέκτης: Stichazi -- Aidonia“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-08-02.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 131.
- ↑ 4,0 4,1 „Официјанлна страница на областа Западна Македонија“.[мртва врска]
- ↑ „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.46“. www.promacedonia.org. Посетено на 2023-08-01.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 71.
- ↑ Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001, 48-49.
- ↑ „Προσκυνήματα ΔΥΤΙΚΗ ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ (Περιφέρεια) ΕΛΛΑΔΑ - GTP - Greek Travel Pages“. www.gtp.gr (грчки). Посетено на 2023-08-02.
|