Прејди на содржината

Синтезис

Од Википедија — слободната енциклопедија
ДД Синтезис
ПотеклоСкопје, Република Македонија
ЖанровиЕтно, Македонски народни песни
Период на активност1994–денес
СоработнициДраган Даутовски
Тоше Проески
Виолета Томовска
Наум Петрески
Зуица Лазова
Мреж. местоhttp://www.synthesis.com.mk/
Членови
Гоце Димовски
Ване Јовчев
Марјан Јовановски
Гоце Узунски
Радослав Шутевски
Ангеле Димовски
Анета Шуланковска
Билјана Ристовска
Мирјана Јошеска

ДД Синтезис, или само Синтезис - македонска етно-група, основана во 1994 година.

Творештво

[уреди | уреди извор]

Групата во своето музицирање ги користи речиси сите македонски традиционални инструменти – кавал, гајда, зурла, тапан, тарабука, тамбура, а уникатната звучна слика, покрај современите клавијатурни инструменти, ја надополнуваат и трите женски гласови кои пеат во духот на женското групно пеење од старата македонска селска традиција. Првобитната постава на групата ја сочинувале: Драган Даутовски, Гоце Димовски, Ване Јовчев, Марјан Јовановски, Гоце Узунски, Радослав Шутевски, Ангеле Димовски, Анета Шуланковска, Билјана Ристовска и Мирјана Јошевска.[1]

Синтезис имаат настапувано и одржано концерти со Тоше Проески, имаат и две заеднички песни Ој девојче и Жена Балканска имаат и заеднички албум во 1999, со Наум Петрески имаат заедничка песна Што си Лено гајлелија и заеднички албум во 2011 година.

„Синтезис“ одржале бројни концерти низ Македонија, а настапувале и во Унгарија, Словенија, Австрија, Италија, Германија, Грција, Србија и Црна Гора, Португалија, Шпанија, Белгија, Полска, Франција, Шведска, Соединетите Американски Држави, Јапонија и Австралија.

Групата има објавено четири албуми, а нивните композиции се наоѓаат и на познати европски компилации.

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Спотови

Спот Година Режисер
Во наше село 2000 Томато продукција
Ме фатије 2001 Томато продукција
Блазена горо зелена 2008
Помолила бога Маца 2008 Игор Џамбазов
Думердија 2012
Што си толку Лено гајлелија 2013
Јано јановице 2017
Мома Катерина 2020
  1. DD Synthesis, SJF Records, 1996.