Прејди на содржината

Наум Петрески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Наум Петрески
Родено имеНаум Петрески
Роден(а)7 декември 1966(1966-12-07)(57 г.)
Охрид, Македонија
Занимањафолк пејач
Период на активност1987 - сѐ уште

Наум Петрески (роден на 7 декември 1966 во Охрид) — македонски пејач.

Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал голем број на концерти ширум светот. Испеал многу антологиски македонски песни, меѓу кои „Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други. Едни од неговите најголеми хитови се: „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“ и други. Досега објавил 4 албуми, а последниот, со кој го одбележал 25- годишниот јубилеј, го реализирал во 2010 година под наслов „Оди ѕвездо“. Оженет е со познатата македонска фолк пејачка Зуица Лазова со која живеат во Скопје.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден е на 7 декември 1966 година во Охрид. Детството и дел од возрасните години живеел во село Лабуништа, од каде што и потекнува неговото семејство. Со музика се занимавал од самото детство. Првиот јавен настап го имал на седумгодишна возраст, како претставник од македонија на деветтата меѓународна смотра на фолклорни друштва во Загреб. Од 1990 г. почнал професионално да се занимава со музика и до ден денес остварил многу успеси на музичко поле и секогаш останал доследен на корените на македонската фолклорна музика. Настапувал на бројни фестивали, а самиот почеток бил во 1990 г.на фестивалот “Фолк хит на годината” со песната Наум бекрија. Во 1991год. со забележителен настап како млад и перспективен вокал со песната “Има ли песна” постигнал најголем успех во историјата на валандовскиот фестивал освојувајќи четири награди прво место од публика, најдобар дебитант, второ место од жири и награда за интерпретација. Истата песна била избрана за фолк хит на годината, а Наум ја добил наградата за вокал на годината. Од тогаш до сега се ределе бројни настапи, успеси во Македонија и низ дијаспората. Од тие настапи му биле доделени голем број признанија, благодарници и плакети. Испеал голем број дуети “Љубов голема” со фолк дивата Виолета Томовска, “За Македонија” со Есма Реџепова, “Пеј бистро пеј” со Сузана Спасовска, потоа дуети со Росана Тодоровска и песната “Сенките под маслините”, “Тиквешка елегија” со Зуица Лазова, “Љубовта не отепа” со неговата ќерка Анастасија Петреска и многу други.... Некои од песните се обнародени како што се “Има ли песна”, “Жал за Деспина”, “Љубов голема”, “Лазарополе”. Издал две касети првата под наслов “Има ли песна” и втората “Жал за Деспина” и три цедеа “ Песно моја”, “Пат за Македонија”, “Оди звездо” и заедничко ЦД со етно групата Синтезис насловено како Синтезис и Наум Петрески. Едно од најголемите дела во кое учествувал е проектот Македонска чалгија во која учествувал со дури 45 песни од 120, распределени во албум од 6 цедеа. Својата држава ја претставувал во многу земји ширум светот, меѓу кои отворање на македонски културен центар во Истанбул-Турција, Софија-Р.Бугарија, претставување на македонската музика во опера хаус Сиднеј-Австралија и многу други настапи. Остварувал соработка со гордоста на македонското оро Танец, со КУД “Кочо Рацин”, КУД “Орце Николов”, КУД “Билјана”-Скопје, со КУД “Панчо Пешев”-Куманово. Учествувал на голем број хуманитарни концерти, а се јавувал и како организатор на истите еден од нив е помош на децата парафлегматичари од Прилеп и околијата. Зад него се паметат пет солистички концерти првиот во 1992год, вториот во 2001, третиот во 2011 со Синтезис, четвртиот во 2017, и последниот во 2022год. на кои учествуваале врвни имиња од Македонија и Србија.

Спот Година Режисер
Има ли песна 1991 Стојан Стојаноски
Оди ѕвездо 2011
Лазарополе таму најгоре 2013
Русе ле моме најубаво 2013
Суљеман седит на кула 2013
Што си толку Лено гајилелија (Синтезис) 2013
Песна за Растак 2013
Среќна Нова Година 2015
Песна за верни другари 2015
Потроши 2015 Дарио Јанковиќ
Не си одиме рано 2016 Видео Арт Студио
Не се фаќај Доне Донке 2016
Желба последна 2016
Дајте уште вино 2017
За Македонија 2017 Миле Грозданоски
Заљубив 2017 Ин продукција
Сите ловци и риболовци 2018 Видео Арт студио
Маалска (Група Академци) 2018 Видео Арт Студио
Напишав песна 2019 Видео Арт студио
До зори 2019 Видео Арт студио
Моето Јеловце 2021 Ин продукција
Гнездо 2021 Естрада Плус 2
Новогодишна 2021 Ин продукција
Болен ми лежи Миле Поп Јорданов 2023 Скендеровски Продукција
  1. „Зуица и Наум ќе градат куќа во Припор“. Утрински Весник. 13 декември 2006. Посетено на 2011-06-22.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]