Ромен Пертола
Ромен Пертола | |
---|---|
Ромен Пертола | |
Роден/а | 21 декември 1975 Монпелје, Франција |
Занимање | писател |
Државјанство | Французин |
Жанр | сатира |
Ромен Пертола (француски: Romain Puértolas, роден на 21 декември 1975 во Монпелје) — француски писател на бестселери во жанрот современ сатиричен роман.
Биографија
[уреди | уреди извор]Ромен Пертола е роден на 21 декември 1975 година во Монпелје, Франција[1]. Учел на „Камил Верне“ во кантонот Валенс. Магистрирал по шпанска литература и култура на Универзитетот во Гренобл со втора специјалност по француски јазик. Учел во Брајтон и добил диплома по англиска литература. Има и диплома за метеорологија добиена од „Метео Франс“.
Во текот на својот живот живеел во Франција, Шпанија и Англија, и покрај француски зборува шпански, каталонски, англиски и руски јазик. Работел како DJ, професор, преведувач, придружник, чистач на слот машини, бил илузионист итн. Работел како инспектор во Централно управување со француската гранична полиција и бил документарен аналитичар за нелегална имиграција и измама.
Започнал да пишува од школска возраст за сопствено задоволство, а неговиот прв роман го напишал во 2005 година. Добил многу откажувања од различни издавачки куќи за објавување на романот, па затоа решил да направи сопствени изданија само во три примероци за неговото семејство.
Неговиот прв објавен роман е „L'OEuf d'Einstein“ („Јајцето на Ајнштајн“). Неговиот прв официјално објавен роман е „Le jour où Shakespeare a inventé le moonwalk“ кој бил објавен во 2012 година.
Вториот роман „Неверојатното патување на Факир, кој се затворил во гардеробата на ИКЕА“ бил издаден во 2013 година и станал меѓународен бестселер и бил номиниран за различни награди. Романот бил преведен на 36 јазици[2] и во Франција биле продадени повеќе од 100.000 копии до август 2014 година.[2]. Ромен Пертола бил награден со наградата „Жил Верн“ и со наградата „Аудиолиб“ за аудио-изданието на романот.
Хуморот на неговите дела е високо оценет од критиката и читателите.
Дела
[уреди | уреди извор]- L'OEuf d'Einstein (2012)
- Le jour où Shakespeare a inventé le moonwalk (2012)
- L'extraordinaire voyage du fakir qui était resté coincé dans une armoire Ikea (2013)
- The Little Girl Who Swallowed A Cloud As Big As The Eiffel Tower (2015)