Прејди на содржината

21 декември

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< декември >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06 07
08 09 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
2024

21 декември — 355-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (356-и во престапна година). Остануваат 10 денови до крајот на годината.

Настани:

1991  Во Минск, БССР формирана е Заедницата на независни држави.
1994  Група селани во Перу, открија 30 добро сочувани мумии од периодот пред Инките, во една пештера, во југоисточниот дел на земјата. Археолозите веруваат дека, откриените мумии се стари 800 години.
1994  Русија успешно ја тестира новата интерконтинентална ракета на полигонот во Плесецк, во северниот регион Архангел. Ракетата „Топол-М“, претставува прва ракета целосно направена во Русија, која ќе ги замени седумте поранешни видови на ракети што беа произведени во Украина.
1968  Соединетите Американски Држави го лансираа кон Месечината вселенскиот брод „Аполо 8“ со човечки екипаж (Френк Бормен, Џемс Ловел и Вилијам Андерс). Бродот десет пати ја обиколи Месечината и на 27 декември 1968 година, успешно се спушти на Земјата.
1945  Грчката жандармерија го уапси секретарот на реонскиот комитет на КПГ, Таки Белчев и офицерот на ЕЛАС, Понто Влахов од селото Пилкати, Костурско. Идниот ден во селото Калевишта, костурско на ѕверски начин беа убиени.

Родени:

1879  Јосиф Сталинсоветски државник и политичар.
1880  Донка Ушлинова — македонска револуционерка.
1906  Игњат Крстевски — македонски градежен инженер.
1914  Иван Генералиќ — југословенски и хрватски сликар.
1917  Хајнрих Бел — германски писател, добитник на Нобеловата награда во 1972 година.
1922  Мито Хаџивасилев - Јасмин — македонски револуционер.
1924  Крум Томовски — македонски академик.
1937  Џејн Фонда — американска глумица.
1940  Френк Запа — американски рок-музичар.
1941  Џон Хикс — американски џез-музичар.
1942  Ху Ѓинтаопретседател на НР Кина.
1947  Пако де Лусија — шпански гитарист.
1953  Светислав Басара — српски писател.
1954  Крис Еверт — американска тенисерка.
1959  Флоренс Грифит Џојнер — американска атлетичарка.
1967  Михаил Сакашвили — претседател на Грузија.
1990  Милош Ќук — српски ватерполист.
1996  Бен Чилвел — англиски фудбалер.
2000  Јам Мадар — израелски кошаркар.

Починале:

1375  Џовани Бокачо — славен италијански писател и хуманист.
1401  Мазачо — италијански уметник.
1881  Франческо Ајец — истакнат италијански академски сликар и портретист
1940  Френсис Скот Фицџералд — американски писател .
1987  Виктор Аќимовиќ — југословенски и македонски публицист.
2006  Сапармурат Нијазов — туркменистански автократ.
2014  Васил Шишков — македонски глумец, син на глумецот Ристо Шишков.
2019  Емануел Унгарофранцуски моден творец.

Празници:

Краткодневица, на северната полутопка денот е долг само 8 часа, а ноќта 16.