Прејди на содржината

Розовидни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Розовидни
Две рози: Rosa Cinnamomea L. и R. Rubiginosa L.
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Розиди
Ред: Розовидни
Perleb
Фамилии

Барбеи (Barbeyaceae)

Брестови (Ulmaceae)
Дафини (Elaeagnaceae)
Дирахми (Dirachmaceae)
Конопи (Cannabaceae)
Коприви (Urticaceae)
Крушини (Rhamnaceae)
Рози (Rosaceae)
Црници (Moraceae)

Синоними

Rhamnales
Rosanae
Urticales[1]

Розовидните (науч. Rosales) се ред на цветни растенија.[2] Како клад е најсроден на кладот што се состои од Буковидните и Тиквите.[3] Содржи околу 7.700 видови, распределени во околу 260 родови. Редот го сочинуваат девет фамилии, од кои типска е фамилијата Рози (Rosaceae). Покрај ова, Розовидните се делат и на три клада кои немаат назначено таксономски ранг. Базалниот клад се состои од фамилијата Рози; друг клад се состои од четири фамилии (вкл. Крушините); додека пак третиот е составен од четири копривни фамилии.[4]

Редот има силна потпора во монофилетските и полифилетските анализи на ДНК-низи, како оние извршени од членовите на Групата за истражување на филогенијата на скриеносемените растенија (APG).[5] Во нивниот систем за класификација на растенијата APG III се определени деветте фамилии, наведени во таксономската кутија десно. Во 2011 е утврдено сродството на овие фамилии молекуларно филогенетско испитување засновано на два јадрени и десет хлоропластни гени.[6]

Најпознати членови на редот Розовидни се: розата, јагодата, капината и малината, јаболкото и крушата, сливата, праската и кајсијата, бадемот, оскорушата и глогот, хинапот, брестот, банјанот, смоквата, дудинката, лебното дрво, копривата, хмељот и конопот.

Филогенија

[уреди | уреди извор]

Следново филогенетско дрво е добиено со кладистичка анализа на ДНК. објавена во 2011 г.[6]

Розовидни  

Рози





Крушини




Дафини




Барбеи



Дирахми





 копривни розовидни  

Брестови




Конопи




Црници



Коприви







  1. UniProt. „Ред Розовидни (Rosales)“. Посетено на 24 април 2008.
  2. Peter F. Stevens (од 2001 натаму). "Rosales" - Trees - Angiosperm Phylogeny Website. - Missouri Botanical Garden
  3. Hengchang Wang, Michael J. Moore, Pamela S. Soltis, Charles D. Bell, Samuel F. Brockington, Roolse Alexandre, Charles C. Davis, Maribeth Latvis, Steven R. Manchester, and Douglas E. Soltis (10 март 2009), „Rosid radiation and the rapid rise of angiosperm-dominated forests“, Proceedings of the National Academy of Sciences, 106 (10): 3853–3858, doi:10.1073/pnas.0813376106, PMC 2644257, PMID 19223592, Архивирано од изворникот на 2019-09-12, Посетено на 2012-08-20CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: датум и година (link)
  4. Douglas E. Soltis, et alii. (28 автори). 2011. "Angiosperm Phylogeny: 17 genes, 640 taxa". American Journal of Botany 98(4):704-730. doi:10.3732/ajb.1000404
  5. Walter S. Judd, Christopher S. Campbell, Elizabeth A. Kellogg, Peter F. Stevens, and Michael J. Donoghue. 2008. Plant Systematics: A Phylogenetic Approach, III изд. Sinauer Associates: Sunderland, MA, USA. ISBN 978-0-87893-407-2
  6. 6,0 6,1 Shu-dong Zhang, Douglas E. Soltis, Yang Yang, De-zhu Li, and Ting-shuang Yi. "Multi-gene analysis provides a well-supported phylogeny of Rosales". Molecular Phylogenetics and Evolution 60(1):21-28. doi:10.1016/j.ympev.2011.04.008 PMID 21540119

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]