Брестови
Брестови | |
---|---|
Полски брест (Ulmus minor) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Ред: | Розовидни |
Семејство: | Брестови Mirb. |
Родови | |
Ampelocera Klotzsch |
Брестови (науч. Ulmaceae) — семејство на цветни растенија во која спаѓаат дрва како брестот (Ulmus) и зелковата (Zelkova).[1] Членовите на семејството се застапени ширум умерениот појас, а во останатите краишта имаат проретчена расеана распространетост (освен во Австралазија).[2][3]
Опис
[уреди | уреди извор]Семејството опфаќа зимзелени и листопадни дрва и грмушки што содржат слузни лепливи материи во ткивото на листовите и кората. Листовите обично се наизменично распоредени на дршката и прости со мазни или различно назабени рабови, честопати со несиметрична основа. Цветовите им се мали и можат да бидат двополови или еднополови.[4] Плодот може да има крилест, оревест или јаткаст облик. Дрвата од овој род имаат важност како дрвен материјал за мебел. Црвениот брест (U. rubra) се користи како облагнувач при воспаленија на внатрешните органи. Брестот, водиот брест и зелковата се одгледуваат како украсни дрва.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Denk, T (2005). „Phylogeny and biogeography of Zelkova (Ulmaceae sensu stricto) as inferred from leaf morphology, ITS sequence data and the fossil record“. Botanical Journal of the Linnean Society. Linnean Society of London. 147 (2): 129–157. doi:10.1111/j.1095-8339.2005.00354.x. Укажано повеќе од еден
|author=
и|last=
(help) - ↑ Watson, L (1992). „The Families of Flowering Plants: Ulmaceae Mirb“. Архивирано од изворникот на 2019-04-17. Посетено на 21 November 2006. Укажано повеќе од еден
|author=
и|last=
(help) - ↑ Стивенс, П. (2001). „[[Група за истражување на филогенијата на скриеносемените растенија]]“. Ботаничка градина на Мисури. Посетено на 21 ноември 2006. URL–wikilink conflict (help) (англиски)
- ↑ Sytsma, KJ (2002). „Urticalean rosids: Circumscription, rosid ancestry, and phylogenetics based on RBCL, TRNL-F, and NDHF sequences“. American Journal of Botany. Botanical Society of America. 89 (9): 1531–1546. doi:10.3732/ajb.89.09.1531. PMID 21665755. Укажано повеќе од еден
|author=
и|last=
(help)