Прејди на содржината

Робер Пирес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Робер Пирес
Пирес во 2011 година
Лични податоци
Полно име Робер Емануел Пирес[1]
Роден на 29 октомври 1973(1973-10-29)(51 г.)
Роден во Ремс, Франција
Држава Франција Франција
Висина &100000000000001880000001,88 м[2]
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 2016 (42 г.)
Младинска кариера
1989–1992 Ремс Ремс
1992–1993 Мец Мец
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1993–1998 Мец Мец 162 (43)
1998–2000 Марсеј Олимпик Марсеј 66 (8)
2000–2006 Арсенал Арсенал 189 (62)
2006–2010 Виљареал Виљареал 103 (13)
2010–2011 Астон Вила Астон Вила 9 (0)
2014–2015 Гоа Гоа 8 (1)
Репрезентација
1995–1996 Франција Франција под 21 12 (5)
1996–2004 Франција Франција 79 (14)

Робер Емануел Пирес (роден на 29 октомври 1973 во Ремс) — поранешен француски фудбалер, играч од средниот ред.

Пирес играл за екипите на Мец и Марсеј во својата татковина, пред да започне неговото време во Арсенал, по кое тој останал најмногу запаметен. Со топџиите тој освоил три ФА Купа и две титули во Премиер лигата, вклучувајќи ја и сезоната на Непобедливите, во која клубот ја освоил лигата без ниту еден пораз во натпреварувањето. Тој бил изгласан од навивачите на Арсенал како 6-ти најдобар играч во историјата на клубот.[3] Во подоцнежните години од кариерата, тој настапувал за екипите на Виљареал и на Астон Вила, а по три години пауза во сезоната 2014-2015 тој се вратил на фудбалските терени за да го облече дресот на екипата на Гоа од Индија. Своето официјално повлекување од фудбалот го објавил на 25 февруари 2016 година.

Тој, исто така, ја претставувал француската репрезентација за која настапил 79 пати и постигнал 14 гола во периодот од 1996 до 2004 година. Во тој златен период за триколорите, Пирес со својата репрезентација го освоил Светското првенство 1998 на домашен терен и Европското првенство две години подоцна. Тој бил дел од репрезентацијата која освоила две титули на Купот на конфедерации во 2001 и 2003 година, и бил избран за најдобар играч на турнирот во 2001 година.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Роден е во Ремс, Франција, од татко Португалец, и мајка Шпанка. Робер, исто така, има еден помал брат, а во едно интервју за своето детство тој признал дека имал потешкотии во училиштето бидејќи неговиот француски јазик не бил добар, а тоа се должело на фактот што неговите родители зборувале само на шпански и португалски.[4] Страста за фудбалот тој ја наследил од татко му Антонио, кој играл за локалниот тим Лес Корпо, и секоја сабота навечер го гледал Пирес како игра. На возраст од 15 години, Робер го напуштил училиштето и го започнал својот сон за фудбалска кариера посетувајќи двогодишен курс за спорт во Ремс. На инсистирање на мајка му, Пирес останал во екипата на Ремс и бил повикан четири години подоцна.[4]

Во 1992 година, додека играл за Мец, ја запознал својата прва сопруга Натали.[4] Со неа бил во брак шест години, пред да се разведат во 2003 година. Сепак, набргу по разделбата со Натали, Пирес преку заеднички пријатели ја запознал француската манекенка Џесика Лемари. На 10 август 2005 година, двојката го добила своето прво дете, керќичката Наја. Откако, Лемари и Пирес се венчале тие добиле уште едно дете, син по име Тео, роден на 11 јули 2007 година.[5]

Технички одлики

[уреди | уреди извор]

Иако кариерата ја започнал како напаѓач (формирајќи впечатливо партнерството со Сирил Пуже во времето додека играл за Мец), Пирес се повлекол од својот опсег откако се преселил во Олимпик Марсеј (во 1998 година), станувајќи офанзивен играч за врска. За време на неговиот престој во Арсенал, тој дејствувал како лево крило во средниот ред со четири играчи, позиција на која најчесто започнувал, а потоа постепено ја централизирал неговата улога на теренот. Во својата кариера, исто така, тој бил користен и како десно крило.

Како најголеми квалитети во играта на Пирес се истакнуваат давањето асистенции за неговите соиграчи, како и во ударите од далечина.[6][7]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Мец и Олимпик Марсеј

[уреди | уреди извор]

Пирес ја започнал својата кариера во младинската академија на Ремс од каде се преселил во академијата на Мец во 1992 година. Во 1993 година, тој го направил своето сениорско деби за првиот тим на Мец во натпревар против Олимпик Лион. Својот прв гол во кариерата го постигнал на 24 септември 1993, во победата со 3-0 на гостувањето кај Олимпик Марсеј. Во втората половина на 1990-тите години, Пирес формирал впечатливо партнерство во нападот со Сирил Пуже, што му донело многу успеси на Мец: во сезоната 1995-1996, клубот го освоил Лига купот на Франција, победувајќи го Олимпик Лион во финалето по изведување на пенали (Пирес го извел четвртиот пенал и бил прецизен), и завршил на високото четврто место во француското првенство. Во следните две сезони, тој ги покажал својте квалитети и на меѓународната сцена играјќи во евро-турнирите. Во сезоната 1997-1998, неговата последна во дресот на Мец, тој постигнал вкупно 13 гола во 40 натпревари во лигата, националните купови и Купот на УЕФА.

Одличните настапи во дресот на Мец го поттикнуваат интересот на Олимпик Марсеј, кој го купил во 1998 година. Сепак на југот на Франција, Пирес имал различен двегодишен престој: во првата сезона Марсеј ја испуштил титулата за само еден бод, а потоа го загубил и финалето на Купот на УЕФА од италијанската Парма. Во втората сезона, тој имал серија проблеми на и вон теренот поради што го бојкотирал клубот на крајот на сезоната.[8]

Во летото 2000 година, Пирес потпишал за Арсенал во трансфер вреден 6 милиони фунти, иако имал понуди и од други екипи како Реал Мадрид и Јувентус. Така, тој бил идентификуван како играчот кој треба да го замени Марк Овермарс, кој пак во истиот преоден рок заминал во Барселона за рекордни 25 милиони фунти.[4] Своето деби за новиот клуб го направил на 19 август 2000, против Сандерленд, влегувајќи од клупата за резерви.[9] На почетокот Пирес бил индиферентен, а некои и го критикувале за неговите коментари дека играта во Англија е премногу физичка. Меѓутоа, тој полека започнал да ја враќа формата која го красела во Мец, постигнувајќи прекрасен соло гол против Лацио во Лигата на шампионите во октомври 2000.[10] Неколку дена подоцна, тој го постигнал својот прв лигашки гол во победата со 2–1 против Вест Хем Јунајтед.[11] За време на неговиот престој во Арсенал, Пирес имал навика често да постигнува голови против лондонскиот ривал на топџиите, Тотенхем, кои биле една од неговите омилени "жртви" погодувајќи ја нивната мрежа во дури осум наврати.[12] Првиот од споменатите голови се случил за време на првенствениот натпревар на 31 март 2001, кога Арсенал ги победиле Спарс со 2-0.[13] Една недела подоцна, тој повторно се впишал во листата на стрелците против Тотенхем, овојпат постигнувајќи го победничкиот гол во полуфиналето на ФА Купот.[14] Сепак, Арсенал го загубиле финалето на купот од Ливерпул со 2–1; Пирес асистирал за единствениот гол на топџиите што го постигнал Фредрик Јунгберг.[15]

За време на сезоната 2001-2002, Пирес целосно се привикнал на англиската игра и имал една од своите најдобри сезони. Тој постигнал прекрасни голови против Мидлсбро и Астон Вила. Во натпреварот против Астон Вила, Пирес прифатил една долга топка од Јунгберг ја префрлил преку Џорџ Боатенг и ja завршил акцијата со прекрасен лоб удар преку противничкиот голман Петер Шмајхел.[16][17] Пирес, исто така, постигнал гол во ремито 1-1 против Тотенхем на Вајт Харт Лејн, со што ќе започне низа од пет последователни лигашки сезони во кои тој ќе постигне гол во Дербито на Северен Лондон при гостувањето кај нивните ривали.[18] Тој бил лидер на табелата за асистенции во Премиер лигата и бил избран за АФН Фудбалер на годината и за играч на сезоната на Арсенал, давајќи огромен придонес за освоената првенствена титула од страна на Арсенал.[19] Сепак, одличната сезона за него завршила несреќно и предвреме откако во натпреварот против Њукасл Јунајтед во ФА Купот, Пирес претрпел повреда на вкрстените лигаменти (натпревар во кој претходно постигнал гол).[20] Како последица на ова, тој исто така, го пропуштил Финалето на ФА Купот 2002 и Светското првенство 2002.[21]

После долга пауза Пирес се вратил на терените во ноември 2002 година, влегувајќи како замена против Осер во натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите. Иако на почетокот му било тешко, Пирес со текот на времето ја вратил својата форма од пред повредата и постигнал 14 голови во лигата на 20 натпревари во кои започнал како стартер во сезоната 2002-2003, вклучувајќи го и хет-трикот против Саутхемптон во претпоследното коло од сезоната. Сезоната ја завршил, постигнувајќи го победничкиот гол во Финалето на ФА Купот 2003 против истиот противник, со кој му ја донел деветтата титула на Арсенал во натпреварувањето.[22]

Пирес со Арсенал во 2004

Тој продолжил да биде клучен играч на Арсенал и во наредната сезона, кога топџиите ја освоиле титулата во Премиер лигата 2003-2004 во која клубот останал непоразен цела сезона и со тоа станал првиот англиски клуб од најсилната дивизија кој го направил тоа во последните 115 години. Пирес и неговиот соиграч од Арсенал Тјери Анри биле клучни во таа сезона, постигнувајќи вкупно 57 гола во сите натпреварувања. Пирес слабо ја започнал кампањата, со само еден гол зад своето име (против Евертон) до октомври,[23] но еден чудесен гол против Ливерпул на Анфилд ја свртел неговата сезона.[24] Пирес им ја покажал на фудбалските навивачи својата возвишена техника, вештини и завршница, особено со неговите голови против Ливерпул, Болтон Вондерерс и Лидс Јунајтед. Тој изненадил многу луѓе со првокласен старт врз Клод Макелеле и, по тоа, со втрчување во шеснаесетникот со што ги одвлекол Вилијам Галас и Џон Тери со себе, за да направи простор за Патрик Виера да има ситуација еден на еден со голманот на Челси и последователно да постигне гол. Арсенал победил во тој натпревар со 2-1, а голот на Виера бил изедначувачки.[25] Тоа коло во Премиер лигата се покажало решавачко бидејќи Манчестер Јунајтед не успеал да го совлада Лидс Јунајтед истиот тој ден и со тоа Арсенал стекнал огромна предност во трката за титулата.[26] Таа предност Арсенал никогаш не ја загубил и не бил симнат од првото место на табелата до крајот на сезоната. Во четвртфиналето на Лигата на шампионите против Челси, Пирес уште еднаш бил клучниот човек за Арсенал успевајќи да го натскока Џон Тери и со глава да го постигне изедначувачкиот погодок за својот тим, откако Ејдур Гудјонсен обезбедил предност за Челси.[27] Сепак, Арсенал бил елиминиран откако загубиле со 1-2 во реваншот, благодарение на голот на Вејн Бриџ во 87-мата минута. Пирес, исто така, ги покажал и своите плејмејкерски способности во прекрасно изработениот гол против Тотенхем на Вајт Харт Лејн, во кој Пирес бил архитектот на акцијата која ја заокружил со одмерен удар за да го постигне вториот гол за Арсенал на тој натпревар. Сепак, Тотенхем одбил да се предаде и успеал да извлече нерешен резултат 2-2. Но и покрај ова, ремито им било доволно на топџиите да ја заверат титулата веднаш после овој натпревар.[28][29] Пирес ја завршил сезоната со импресивни 14 голови и 7 асистенции во Премиер лигата. Тој бил втор најдобар стрелец за Арсенал (после Анри) и имал најмногу асистенции (заедно со Денис Бергкамп).

Следната сезона, Пирес завршил на третото место на листата на стрелците во Премиер лигата со 14 голови, заостанувајќи само зад соиграчот Анри и напаѓачот на Кристал Палас, Ендру Џонсон.[30] Тој го освоил својот втор победнички медал во ФА Купот во својата кариера, откако Арсенал го освоиле натпреварувањето победувајќи го Манчестер Јунајтед во финалето по изведување пенали; Пирес бил заменет од Еду во второто продолжение од тој натпревар.[31]

Пред почетокот на сезоната 2005-2006, Пирес преговарал со Арсенал за потпишување на нов договор надевајќи се на двегодишно продолжување. Меѓутоа, во согласност со политиката на клубот за играчи над 30 години, на Пирес му било понудено само 12 месечно продолжување на договорот кој завршувал во јуни 2006 година.

Пирес слабо ја започнал сезоната и соиграчите како Јунгберг, Хосе Антонио Рејес и Александар Хлеб имале предност пред него на двете крилни позиции. Но како што одминувала сезоната, формата на Пирес се подобрувала и тој постигнувал повеќе голови од своите конкуренти за позицијата. Пирес го одиграл својот последен натпревар за Арсенал во Финалето на Лигата на шампионите против Барселона, во кој сепак бил заменет после само 18 минути игра, откако голманот Јенс Леман добил директен црвен картон рано во натпреварот. Пирес ја завршил сезоната како втор најдобар стрелец на Арсенал изедначен со Робин ван Перси со 11 гола.

Во мај 2006 Пирес ја прифати понудата на Виљареал после едномесечни шпекулации,[32] и тоа во време додека тој играл против Виљареал во полуфиналето на Лигата на шампионите. Една од главните причини која Пирес ја навел за заминувањето од Арсенал била тоа што тој почувствувал дека веќе не е прв избор кај менаџерот Арсен Венгер. Пирес е цитиран како вели „Морам да кажам дека имав одредени разочарувања оваа сезона. На пример, бев на клупата премногу често“. Пирес, исто така, ја коментирал и одлуката на Венгер да го повлече токму него од игра за време на финалето на Лигата на шампионите што според него покажала дека тој паднал во очите на францускиот менаџер. Пирес изјавил дека се чувствувал повреден од тоа што Венгер повеќе не му верувал, што било голем фактор кој го убедил дека е време да си оди од Арсенал.

На официјалната програма на Арсенал за натпреварот со Виган Атлетик на 11 февруари 2007 година, Пирес го открил своето разочарување од тоа што бил заменет толку рано во финалето на Лигата на Шампионите, изјавувајќи: „Бев многу разочаран. Кога го видов мојот број на семафорот за замени не можев да поверувам. Тоа беше мојот последен натпревар после 6 години во клубот, и тоа беше финале во Лигата на шампионите пред целото мое семејство во Париз каде што станав светски шампион, и траеше само 12 минути. Беше многу тешко да се прифати“.

На 11 јули 2008 година, навивачите на Арсенал го избрале Пирес за шестти најдобар фудбалер на клубот на сите времиња.[33]

Виљареал

[уреди | уреди извор]

Во мај 2006 година, Пирес му се приклучил на шпанскиот клуб Виљареал. Тој пристигнал како слободен агент и требало само да ги помине медицинските тестови, со што стави крај на неговата шестгодишна кариера како фудбалер на Арсенал. Пирес официјално бил претставен како играч на Виљареал на 3 јули 2006 година.

Првиот гол за Виљареал го постигнал во пријателскиот претсезонски натпревар против Њукасл Јунајтед на 5 август 2006 (3-3). Сепак, на 18 август 2006, Пирес ги заработил тешка повреда на лигаментите на левото колено за време на друг пријателски натпревар против Кадис, и му била потребна корективна операција за да се санира проблемот, што значело дека тој ќе отсуствува од терените во наредните 7 месеци. Пирес конечно се опоравил од повредата на коленото и го забележал својот прв првенствен настап за Виљареал влегувајќи како замена во второто полувреме од натпреварот против Реал Сосиедад игран на 17 март 2007 година. Пирес го постигнал својот прв гол во шпанското првенство, во натпреварот на гости против Реал Бетис на 31 март 2007 година во натпревар кој завршил 3-3. После три натпревари влегувајќи како замена, Пирес го имал својот прв старт за Виљареал на 22 април 2007 против Барселона. Тој го постигнал првиот гол за својот тим за на крајот жолтата подморница да слави над лидерот на табелата Барселона со 2-0, одмаздувајќи се на тој начин за неговата прерана замена против истиот противник во финалето на Лигата на шампионите претходниот мај. На 13 мај 2007, во убедливата победа со 4-1 против Осасуна, поранешниот француски репрезентативец им обезбедил совршен старт на гостите во тој натпревар со постигнувањето на првиот гол во седмата минута, со што Виљареал ја продолжиле борбата за место во европските натпреварувања. Позитивната серија на резултати по враќањето на Пирес во составот му помогнала на клубот да дојде на чекор до местата кои водат во Купот на УЕФА за помалку од шест недели, откако преходно биле пласирани на слабото 11 место во лигата без него во тимот. Виљареал ја завршил сезоната на 5. место, а Пирес имал клучна улога во серијата од 8 победи по ред и обезбедување на местото кое води во Европа.

Почетокот на следната сезона ја обележила сагата која траела помеѓу Хуан Роман Рикелме и управата на Виљареал, па тимот потпомогнат од Пирес и благодарение пред се на неговите лидерските квалитети успеал да ја отвори сезоната со 6 победи во 8 натпревари. Против Барселона на Ел Мадригал, Пирес заработил два пенала за „жолтата подморница“ кои во гол ги претворил капитенот на екипата Маркос Сена. Виљареал ја завршиле сезоната на второто место во Примера зад Реал Мадрид, што бил нивниот највисок пласман во лигата во историјата на клубот, оставајќи ја зад себе Барселона на третото место.[34]

Во 2009, Пирес се соочил со поранешниот свој клуб Арсенал во четвртфиналето од Лигата на шампионите, влегувајќи како замена во 70-тата минута во првиот натпревар и играјќи ги сите 90 минути во реваншот на Емирати. Виљареал бил поразен со вкупен резултат од 4-1, но Пирес добил топло добредојде од навивачите на Арсенал кои го скандираа неговото име и на двата натпревари.

Во мај 2010 година, на Пирес му било соопштено дека договорот нема да му биде продолжен и дека ќе треба да бара нов клуб во текот на летото бидејќи Виљареал ќе ја „менуваат својата филозофија“.[34]

Астон Вила

[уреди | уреди извор]

По истекот на договорот со Виљареал, Пирес се вратил во Англија каде во октомври тренирал со поранешниот клуб Арсенал на нивното тренинг игралиште Лондон Колни, за да ја одржи својата форма.[35] Подоцна, клубот Кроули Таун покажал интерес за Пирес, но застапникот на фудбалерот изјавил дека „не се запознаени со интересот“ од тој клуб.[36]

На 16 ноември 2010 година, менаџерот на Астон Вила, Жерар Улие разговарал со претставници на Пирес.[37] Конечно, на 18 ноември, 37-годишниот играч за и се приклучил на Вила на шестмесечен договор.[38] Своето деби за клубот од Бирмингем го имал на 21 ноември, влегувајќи како замена во второто полувреме во поразот на неговиот тим со 2-0 од Блекбурн Роверс. Пристигнувањето на Пирес во клубот било многу добро прифатено од многу фудбалери на клубот меѓу кои биле Габриел Агбонлахор, Стјуарт Даунинг и Шејн Лоури.[39][40][41] Својот прв гол во дресот на Астон Вила го постигнал исто така против Блекбурн Роверс во победата со 3–1 во ФА Купот на 29 јануари 2011 година. Неговиот следен натпревар во кој се нашол во почетната постава на Вила бил во уште еден натпревар против Блекбурн Роверс во Премиер лигата одигран на 26 февруари. Неговиот настап во таа средба која завршила со победа на Вила од 4–1 бил опишан од Скај Спортс како „негов највлијателен“ откако му се приклучил на клубот.[42]

На почетокот на март, Пирес објавил дека би сакал да остане во Астон Вила и во наредната сезона.[43][44] Менаџерот, Жерар Улие, позитивно одговорил на ова тврдење, но признал дека нема да биде донесена таква одлука до летото 2011 година.[45] Сепак, тој бил отпуштен од клубот на 27 мај 2011 година веднаш по завршувањето на сезоната 2010-2011.[46]

Гоа и завршување на кариерата

[уреди | уреди извор]

После повеќе од две години од неговиот последен одигран натпревар, Пирес учествувал во прошталниот натпревар на Стилијан Петров, играјќи за составот на Астон Вила на Селтик Парк во септември 2013 година.

Во јули 2014 година, Пирес објавил враќање на фудбалските терени за да го промовира лансирањето на Индиската Суперлига.[47][48] На 2 септември 2014 година, тој потпишал за екипата на Гоа, со што стана нивниот назначен играч.[49] Така, сега веќе 40-годишниот Пирес се вратил од пензија за да игра за Гоа, една од осумтте екипи во новосоздадената лига, и исто така бил капитен на тимот.[50]

„За мене проектот и страста за играта се многу важни. На Индија и треба почеток. Треба да напредувате. И за мене тоа беше важно. Имав понуди од САД и Катар, но сакав да бидам дел од новиот почеток на спортот во Индија. Што се однесува до условите, сите знаеме за нив – но јас сум подготвен и напорно тренирам. Ми се допаѓа притисокот“, изјавил тој. Пирес бил редовен на тренинг полигонот на Арсенал, ги користел капацитетите за да остане фит, и рекол дека разговарал со Арсен Венгер за играње во Индија: „Тој ми рече дали го имаш тоа во тебе и ако имаш страст да одиш да играш во Индија, тогаш стори го тоа. И мислам дека сум подготвен“. „Пречекот на аеродромот беше неверојатен“, рече тој на своето откривање во Индија, пред да додаде: „Ви благодарам за топлото добредојде Индија... и зачинетата храна“.[51]

Пирес го направил своето првенствено деби за Гоа на 15 октомври 2014 година, во поразот од 2–1 од Ченајин.[52]

На 25 октомври 2014 година, тој бил казнет со два натпревари суспензија поради навреда на менаџерот на АТК, Антонио Лопес Хабас.[53] Својот прв погодок за Гоа го постигнал на 13 ноември 2014, во победата со 4–1 на гости кај Делхи Дајнамос.[54]

Пирес бил отпуштен од Гоа на 13 март 2015 година.[55] На 25 февруари 2016 година, Пирес го објавил своето повлекување од професионалниот фудбал.[56]

По завршувањето на играчката кариера тој изразил интерес и му пристапил на Арсен Венгер во врска со тренерската работа. Во 2016 година, Пирес ја започнал кариерата како фудбалски тренер во првиот тим на Арсенал.[57]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

За француската репрезентација Пирес забележал вкупно 79 настапи и постигнал 14 голови. Своето деби го направил на 31 август 1996 во победата со 2-0 над Мексико во Париз, а својот прв гол го забележал веќе во вториот свој настап во победата со 4-0 над Турција во уште една пријателска средба одиграна во главниот град на Франција на 9 октомври 1996.

Пирес бил дел од тимот на триколорите кој победил на Светското првенство 1998 и Европското првенство 2000. На второспоменатиот турнир, Пирес имал важна улога асистирајќи му на Давид Трезеге за златниот гол во финалето благодарение на кој французите ја совладале Италија за втора европска титула.

Една година подоцна, тој брилирал на Купот на конфедерации 2001 каде бил најдобар стрелец со два гола (со уште 6 други играчи) и избран за најдобар играч на турнирот. Сепак, следната година тој морал да го пропушти Светското првенство во 2002 година поради повреда која ја заработил играјќи за Арсенал. Во летото 2003, ја освоил втората титула со својата земја на Купот на конфедерациите. Последниот голем настан на кој настапил било Европското првенство 2004 во Португалија.

Крајот на репрезентативната кариера за Пирес се совпаднало со доаѓањето на селекторската функција на Рејмонд Доменек, со кој играчот бил во кавга. Интересно е тоа што, селекторот Доменек бил страстен обожавател на астрологијата, и нема да му верува на Пирес не само од страна на техничкиот избор, туку и заради фактот што тој е роден под знакот на шкорпијата.[58]

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Франција
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
31-8-1996 Париз Франција Франција 2 – 0 Мексико Мексико Пријателска - влегол во игра 46'
9-10-1996 Париз Франција Франција 4 – 0 Турција Турција Пријателска 1 влегол во игра 72'
9-11-1996 Копенхаген Данска Данска 1 – 0 Франција Франција Пријателска - влегол во игра 46'
22-1-1997 Брага Португалија Португалија 0 – 2 Франција Франција Пријателска - заменет 79'
26-2-1997 Париз Франција Франција 2 – 1 Холандија Холандија Пријателска 1 влегол во игра 33'
3-6-1997 Лион Франција Франција 1 – 1 Бразил Бразил Турнир во Франција - заменет 46'
11-10-1997 Ланс Франција Франција 2 – 1 Јужна Африка Јужна Африка Пријателска - заменет 46'
28-1-1998 Сен Дени Франција Франција 1 – 0 Шпанија Шпанија Пријателска - влегол во игра 62'
25-2-1998 Марсеј Франција Франција 3 – 3 Норвешка Норвешка Пријателска -
25-3-1998 Москва Русија Русија 1 – 0 Франција Франција Пријателска - влегол во игра 74'
22-4-1998 Солна Шведска Шведска 0 – 0 Франција Франција Пријателска - влегол во игра 46'
27-5-1998 Казабланка Белгија Белгија 0 – 1 Франција Франција Пријателска - заменет 61'
29-5-1998 Казабланка Мароко Мароко 2 – 2 Франција Франција Пријателска - влегол во игра 76'
5-6-1998 Хелсинки Финска Финска 0 – 1 Франција Франција Пријателска - влегол во игра 89'
18-6-1998 Марсеј Франција Франција 4 – 0 Саудиска Арабија Саудиска Арабија СП 1998 - Прва фаза - влегол во игра 78' дет.
24-6-1998 Лион Данска Данска 1 – 2 Франција Франција СП 1998 - Прва фаза - заменет 72' дет.
28-6-1998 Lens Франција Франција 1 – 0 Парагвај Парагвај СП 1998 - Осминафинале - влегол во игра 65' дет.
19-8-1998 Виена Австрија Австрија 2 – 2 Франција Франција Пријателска - влегол во игра 65'
5-9-1998 Рејкјавик Исланд Исланд 1 – 1 Франција Франција Квал. за Евро 2000 -
10-10-1998 Москва Русија Русија 2 – 3 Франција Франција Квал. за Евро 2000 1
14-10-1998 Сен Дени Франција Франција 2 – 0 Андора Андора Квал. за Евро 2000 - влегол во игра 71'
20-1-1999 Марсеј Франција Франција 1 – 0 Мароко Мароко Пријателска - влегол во игра 46'
10-2-1999 Лондон Англија Англија 0 – 2 Франција Франција Пријателска - заменет 46'
27-3-1999 Сен Дени Франција Франција 0 – 0 Украина Украина Квал. за Евро 2000 - заменет 84'
31-3-1999 Сен Дени Франција Франција 2 – 0 Ерменија Ерменија Квал. за Евро 2000 - влегол во игра 69'
5-6-1999 Сен Дени Франција Франција 2 – 3 Русија Русија Квал. за Евро 2000 - влегол во игра 88'
9-6-1999 Барселона Андора Андора 0 – 1 Франција Франција Квал. за Евро 2000 - влегол во игра 60'
18-8-1999 Белфаст Северна Ирска Северна Ирска 0 – 1 Франција Франција Пријателска -
4-9-1999 Киев Украина Украина 0 – 0 Франција Франција Квал. за Евро 2000 - влегол во игра 73'
13-11-1999 Сен Дени Франција Франција 3 – 0 Хрватска Хрватска Пријателска 1 заменет 59'
23-2-2000 Сен Дени Франција Франција 1 – 0 Полска Полска Пријателска - влегол во игра 57'
29-3-2000 Глазгов Шкотска Шкотска 0 – 2 Франција Франција Пријателска - влегол во игра 71'
26-4-2000 Сен Дени Франција Франција 3 – 2 Словенија Словенија Пријателска - заменет 63'
28-5-2000 Загреб Хрватска Хрватска 0 – 2 Франција Франција Пријателска 1 заменет 46'
4-6-2000 Казабланка Јапонија Јапонија 2 – 2
(2 – 4 пен.)
Франција Франција Пријателска - заменет 46'
21-6-2000 Амстердам Холандија Холандија 3 – 2 Франција Франција Евро 2000 - Прва фаза - дет.
28-6-2000 Брисел Франција Франција 2 – 1 Португалија Португалија Евро 2000 - Полуфинале - влегол во игра 87' дет.
2-7-2000 Ротердам Франција Франција 2 – 1 Италија Италија Евро 2000 - Финале - влегол во игра 86' [59] дет.
16-8-2000 Марсеј Франција Франција 5 – 1 World Stars World Stars Пријателска 1 влегол во игра 46'
2-9-2000 Сен Дени Франција Франција 1 – 1 Англија Англија Пријателска - влегол во игра 65'
27-2-2001 Сен Дени Франција Франција 1 – 0 Германија Германија Пријателска - влегол во игра 54'
24-3-2001 Сен Дени Франција Франција 5 – 0 Јапонија Јапонија Пријателска - заменет 58'
28-3-2001 Валенсија Шпанија Шпанија 2 – 1 Франција Франција Пријателска - влегол во игра 58'
25-4-2001 Сени Дени Франција Франција 4 – 0 Португалија Португалија Пријателска -
30-5-2001 Даегу Франција Франција 5 – 0 Јужна Кореја Јужна Кореја Куп на конф. 2001 - Прва фаза - заменет 84'
1-6-2001 Даегу Австралија Австралија 1 – 0 Франција Франција Куп на конф. 2001 - Прва фаза - влегол во игра 74' добил жолт картон во 90+1-тата минута 90+1'
3-6-2001 Улсан Франција Франција 4 – 0 Мексико Мексико Куп на конф. 2001 - Прва фаза 1 заменет 85'
7-6-2001 Сувон Франција Франција 2 – 1 Бразил Бразил Куп на конф. 2001 - Полуфинале 1
10-6-2001 Јокохама Јапонија Јапонија 0 – 1 Франција Франција Куп на конф. 2001 - Финале - [60]
15-8-2001 Нант Франција Франција 1 – 0 Данска Данска Пријателска 1 заменет 64'
1-9-2001 Сантјаго Чиле Чиле 2 – 1 Франција Франција Пријателска - заменет 69'
6-10-2001 Сен Дени Франција Франција 4 – 1 Алжир Алжир Пријателска 1
11-11-2001 Мелбурн Австралија Австралија 1 – 1 Франција Франција Пријателска -
13-2-2002 Сен Дени Франција Франција 2 – 1 Романија Романија Пријателска -
12-2-2003 Сен Дени Франција Франција 0 – 2 Чешка Чешка Пријателска - влегол во игра 46'
30-4-2003 Сен Дени Франција Франција 5 – 0 Египет Египет Пријателска 1 заменет 65'
18-6-2003 Лион Франција Франција 1 – 0 Колумбија Колумбија Куп на конф. 2003 - Прва фаза - влегол во игра 61'
20-6-2003 Сен Дени Франција Франција 2 – 1 Јапонија Јапонија Куп на конф. 2003 - Прва фаза 1
22-6-2003 Сен Дени Франција Франција 5 – 0 Нов Зеланд Нов Зеланд Куп на конф. 2003 - Прва фаза 1 влегол во игра 76'
26-6-2003 Сен Дени Франција Франција 3 – 2 Турција Турција Куп на конф. 2003 - Полуфинале 1 заменет 69'
29-6-2003 Сен Дени Франција Франција 1 – 0 прод. Камерун Камерун Куп на конф. 2003 - Финале - влегол во игра 65'
20-8-2003 Женева Швајцарија Швајцарија 0 – 2 Франција Франција Пријателска - влегол во игра 61'
6-9-2003 Сен Дени Франција Франција 5 – 0 Кипар Кипар Квал. за Евро 2004 -
10-9-2003 Љубљана Словенија Словенија 0 – 2 Франција Франција Квал. за Евро 2004 - влегол во игра 79'
11-10-2003 Сен Дени Франција Франција 3 – 0 Израел Израел Квал. за Евро 2004 - заменет 85'
15-11-2003 Гелзенкирхен Германија Германија 0 – 3 Франција Франција Пријателска - добил жолт картон во 63-тата минута 63' заменет 73'
18-2-2004 Брисел Белгија Белгија 0 – 2 Франција Франција Пријателска - влегол во игра 46'
20-5-2004 Сен Дени Франција Франција 0 – 0 Бразил Бразил Пријателска - заменет 46'
28-5-2004 Монпелје Франција Франција 4 – 0 Андора Андора Пријателска -
6-6-2004 Сен Дени Франција Франција 1 – 0 Украина Украина Пријателска - заменет 83'
13-6-2004 Лисабон Франција Франција 2 – 1 Англија Англија Евро 2004 - Прва фаза - добил жолт картон во 49-тата минута 49' заменет 76'
17-6-2004 Леирија Хрватска Хрватска 2 – 2 Франција Франција Евро 2004 - Прва фаза - влегол во игра 70'
21-6-2004 Коимбра Швајцарија Швајцарија 1 – 3 Франција Франција Евро 2004 - Прва фаза -
25-6-2004 Лисабон Франција Франција 0 – 1 Грција Грција Евро 2004 - Четвртфинале - заменет 79'
18-8-2004 Рен Франција Франција 1 – 1 Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина Пријателска - влегол во игра 46'
4-9-2004 Сен Дени Франција Франција 0 – 0 Израел Израел Квал. за СП 2006 - влегол во игра 66'
8-9-2004 Торшавн Фарски Острови Фарски Острови 0 – 2 Франција Франција Квал. за СП 2006 -
9-10-2004 Сен Дени Франција Франција 0 – 0 Ирска Ирска Квал. за СП 2006 -
13-10-2004 Никозија Кипар Кипар 0 – 2 Франција Франција Квал. за СП 2006 - заменет 46'
Вкупно Настапи 79 Голови 14

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана по завршувањето на кариерата.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1992-1993 Франција Мец Д1 2 0 КФ 0 0 - - - - - - 2 0
1993-1994 Д1 24 1 КФ 1 0 - - - - - - 25 1
1994-1995 Д1 35 9 КФ+ЛК 5+1 0 - - - - - - 41 9
1995-1996 Д1 38 11 КФ+ЛК 2+5 1+1 ИК 4 0 - - - 49 13
1996-1997 Д1 32 11 КФ+ЛК 1+2 1+0 КУ 6 0 - - - 41 12
1997-1998 Д1 31 11 КФ+ЛК 3+3 0+2 КУ 3 0 - - - 40 13
Вкупно Мец 162 43 23+ 5+ 13 0 - - 198+ 48+
1998-1999 Франција Марсеј Д1 34 6 КФ+ЛК 1+1 0 КУ 11 3 - - - 47 9
1999-2000 Д1 32 2 КФ+ЛК 2+1 1+0 ЛШ 11 2 - - - 46 5
Вкупно Марсеј 66 8 5 1 22 5 - - 93 14
2000-2001 Англија Арсенал ПЛ 33 4 ФАКуп+ЛК 6+0 3+0 ЛШ 12 1 - - - 51 8
2001-2002 ПЛ 28 9 ФАКуп+ЛК 5+0 1+0 ЛШ 12 3 - - - 45 13
2002-2003 ПЛ 26 14 ФАКуп+ЛК 6+1 1+1 ЛШ 9 0 КШ 0 0 42 16
2003-2004 ПЛ 36 14 ФАКуп+ЛК 4+0 1+0 ЛШ 10 4 КШ 1 0 51 19
2004-2005 ПЛ 33 14 ФАКуп+ЛК 6+0 2+0 ЛШ 8 1 - - - 47 17
2005-2006 ПЛ 33 7 ФАКуп+ЛК 1+1 2+0 ЛШ 12 2 КШ 1 0 48 11
Вкупно Арсенал 189 62 30 11 63 11 2 0 284 84
2006-2007 Шпанија Виљареал ПД 11 3 КШ 0 0 ИК 2 0 - - - 13 3
2007-2008 ПД 32 3 КШ 5 1 КУ 2 0 - - - 39 4
2008-2009 ПД 32 3 КШ 0 0 ЛШ 8 1 - - - 40 4
2009-2010 ПД 28 4 КШ 2 1 ЛЕ 7 2 - - - 37 7
Вкупно Виљареал 103 13 7 2 19 3 - - 129 18
2010-2011 Англија Астон Вила ПЛ 9 0 ФАКуп+ЛК 2+1 1+0 - - - - - - 12 1
2014 Индија Гоа СЛ 8 1 - - - - - - - - 8 1
Вкупно во кариерата 537 127 68 19 117 20 2 0 725 166

Репрезентативна статистика

[уреди | уреди извор]
Фудбалска репрезентација на Франција
Год. Наст Гол
1993 1 0
1994 9 0
1995 12 0
1996 11 1
1997 4 1
1998 14 1
1999 9 1
2000 10 2
2001 13 4
2002 1 0
2003 12 4
2004 13 0
Вкупно 79 14

Титули и награди

[уреди | уреди извор]

1995–1996
2001–2002, 2003–2004
2001-2002, 2002-2003, 2004-2005

Репрезентативни

[уреди | уреди извор]
Франција
1998
2000
2001, 2003

Индивидуални

[уреди | уреди извор]
Млад фудбалер на годината во Дивисион 1  : 1996
2001
2001 (2 гола)
2002

Кавалер на Легијата на честа (Франција)
— 1998

  1. „Acta del Partido celebrado el 15 de mayo de 2010, en Zaragoza“ [Minutes of the Match held on 15 May 2010, in Zaragoza] (шпански). Royal Spanish Football Federation. Посетено на 16 June 2019.[мртва врска]
  2. „PIRES, Robert“. PES.com. Архивирано од изворникот на 2018-09-03. Посетено на 31 May 2016.
  3. „Gunners greatest 50 players“. Arsenal F.C.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Kimmage, Paul (27 October 2002). „Robert Pires the laughing cavalier“. The Times. London. Посетено на 22 May 2010.[мртва врска]
  5. „Robert Pires; Free Kick Master“. Freekickmastersusa.com. Архивирано од изворникот на 8 August 2010. Посетено на 4 October 2010.
  6. „The best of Robert Pires at Arsenal“ (англиски). 25 февруари 2016. Посетено на 15 август 2019.
  7. „Five of the best Robert Pires goals“ (англиски). 10 јули 2018. Архивирано од изворникот на 15 август 2019. Посетено на 15 август 2019. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  8. „Mrs Pires happy with her rain man“. ESPN Soccernet. 20 November 2001. Архивирано од изворникот на 22 June 2011. Посетено на 4 October 2010.
  9. „Quinn header edges out Gunners“. BBC Sport. 19 August 2000. Посетено на 26 March 2020.
  10. „Pires sends Arsenal through“. BBC Sport. 17 October 2000. Посетено на 20 September 2009.
  11. „Pires guns down Hammers“. BBC Sport. 21 October 2000. Посетено на 26 March 2020.
  12. „Harry Kane and our derby goalscorers“. Tottenham Hotspur F.C. 2 September 2019. Посетено на 26 March 2020.
  13. „Gunners take Spurs apart“. BBC Sport. 31 March 2001. Посетено на 26 March 2020.
  14. „Arsenal sink rivals Spurs“. BBC Sport. 8 April 2001. Посетено на 20 September 2009.
  15. „Owen shatters Arsenal in Cup final“. BBC Sport. 12 May 2001. Посетено на 26 March 2020.
  16. „Arsenal comeback sinks Boro“. BBC Sport. 28 December 2001. Посетено на 26 March 2020.
  17. „Arsenal see off Villa“. BBC Sport. 17 March 2002. Посетено на 26 March 2020.
  18. „Sol suffers in derby draw“. BBC Sport. 17 November 2001. Посетено на 27 March 2020.
  19. „Arsenal stun Newcastle“. BBC Sport. 2 March 2002. Посетено на 26 March 2020.
  20. „Arsenal ease past Newcastle“. BBC Sport. 23 March 2002. Посетено на 26 March 2020.
  21. „Pires to miss the World Cup“. The Guardian. 25 March 2002. Посетено на 26 March 2020.
  22. Wilson, Paul (18 May 2003). „Pires aim is true for muted Gunners“. The Guardian. Посетено на 26 August 2020.
  23. „Campbell off in Arsenal win“. BBC Sport. 16 August 2003. Посетено на 27 March 2020.
  24. „Owen injured in Arsenal win“. BBC Sport. 4 October 2003. Посетено на 27 March 2020.
  25. „Chelsea 1-2 Arsenal“. BBC Sport. 21 February 2004. Посетено на 27 March 2020.
  26. „Man Utd 1-1 Leeds“. BBC Sport. 21 February 2004. Посетено на 27 March 2020.
  27. „Chelsea 1-1 Arsenal“. BBC Sport. 24 March 2004. Посетено на 27 March 2020.
  28. „Arsenal break Spurs hearts“. BBC Sport. 8 November 2003. Посетено на 27 March 2020.
  29. „Arsenal clinch title“. BBC Sport. 25 April 2004. Посетено на 27 March 2020.
  30. „Premier League 2004/2005 Top Scorer“. worldfootball.net. Посетено на 27 March 2020.
  31. „Arsenal 0-0 Man Utd (aet)“. BBC Sport. 21 May 2005. Посетено на 27 March 2020.
  32. „Pires agrees deal with Villarreal“. BBC Sport. 25 May 2006.
  33. 3 mins 25 seconds (11 July 2008). „Gunners' Greatest Players – 6. Robert Pires“. Arsenal F.C. Архивирано од изворникот на 4 August 2011. Посетено на 4 October 2010.
  34. 34,0 34,1 „Pires set to leave Villarreal“. FourFourTwo. 7 May 2010. Посетено на 4 October 2010.
  35. „Arsenal legend training at London Colney“. Arsenal F.C. 24 April 2010. Архивирано од изворникот на 6 October 2010. Посетено на 4 October 2010.
  36. „Robert Pires 'not aware' of Crawley Town interest“. BBC Sport. 21 October 2010. Посетено на 21 October 2010.
  37. „McAllister welcomes imminent arrival of experienced midfield ace Pires“. Aston Villa F.C. 16 November 2010. Архивирано од изворникот на 17 November 2010. Посетено на 16 November 2010.
  38. „Robert Pires completes move to Aston Villa“. BBC Sport. 18 November 2010. Посетено на 18 November 2010.
  39. „Lowry: Lining up alongside class act Pires was surreal“. Aston Villa F.C. Архивирано од изворникот на 27 December 2010. Посетено на 2 February 2011.
  40. „Agbonlahor thrilled to line-up with Pires in claret and blue“. Aston Villa F.C. Архивирано од изворникот на 29 December 2010. Посетено на 2 February 2011.
  41. „Downing joins Pires praise“. Sky Sports. 25 November 2010. Посетено на 2 February 2011.
  42. „Villa sink wretched Rovers“. Sky Sports. 26 February 2011. Архивирано од изворникот на 27 February 2011.
  43. „Pires wants Villa stay“. Sky Sports. 1 March 2011.
  44. „Pires targets extended stay after revealing he is loving life at Villa“. Aston Villa F.C. 1 March 2011. Архивирано од изворникот на 4 March 2011.
  45. „Houllier plans Pires talks“. Sky Sports. 1 March 2011.
  46. „Farewell to Reo-Coker and Carew as released list announced“. Aston Villa F.C. 27 May 2011. Архивирано од изворникот на 27 May 2011. Посетено на 27 May 2011.
  47. „Pires signs up for the Indian Super League“. FourFourTwo. 28 July 2014. Посетено на 26 August 2020.
  48. „Pires signs up for Indian Super League“. theworldgame.sbs.com.au. 29 July 2014. Посетено на 26 August 2020.
  49. „Mumbai, Goa to settle for Arsenal legends“. The Times of India. Посетено на 2 September 2014.
  50. „FC Goa beat Vasco Sports Club 1-0“. indiansuperleague.com. Indian Super League. 9 October 2014. Архивирано од изворникот на 26 December 2021. Посетено на 23 February 2021.
  51. „Why Robert Pires chose India's ISL over America's glitz and Qatar's riches“. First Post.com. 24 September 2014.
  52. Raj, Rohan (15 October 2014). „ISL: Record-breaking Chennaiyin FC romp to 2–1 win over FC Goa“. India Today. Посетено на 15 October 2014.
  53. „ISL announces ruling on incidents from FC Goa vs Atlético de Kolkata fixture“. Indian Super League. Архивирано од изворникот на 2014-10-25. Посетено на 25 October 2014.
  54. „Goa romp into 4–1 lead against Delhi Dynamos“. Firstpost. Press Trust of India. 13 November 2014. Посетено на 13 November 2014.
  55. Mergulhao, Marcus (14 March 2015). „FC Goa drop all four strikers“. The Times of India. Посетено на 13 July 2015.
  56. „Former Arsenal and France midfielder Robert Pires retires from football“. The Guardian. 25 February 2016. Посетено на 25 February 2016.
  57. „Robert Pires Arsène Wenger said that i could coach at Arsenal“. Squawka.com.
  58. Dan Warren. „Not everybody loves Raymond“ (англиски). Посетено на 10 април 2010. Занемарен непознатиот параметар |editore= (help); Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  59. Европски шампион
  60. 1. титула

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]