Прејди на содржината

Никола Кињо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никола Кињо

Никола-Жозеф Кињо (француски: Nicolas-Joseph Cugnot) (26 февруари 17252 октомври 1804) бил француски пронаоѓач кој го измислил првото возило на сопствен погон - автомобилот.

Кињо е роден во Воад, Моз, Лотарингија. Бил обучен за воен инженер. Уште од 1765 експериментирал со функционални макети на возила на парен погон на француската војска, наменети за влечење на тешки топови.

Кињо бил првиот кој го оспособил движето напред-занад на парниот клип за вртливо движење. Првата негова кола наречена „Fardier à vapeur“ („парна кола“) проработела во 1769. Следната година тој направил подобрена верзија. Неговото возило можело да влече 4 тони, а да вози со максимална брзина од 4 км/ч. Ова тешко возило имало две тркала подзади и едно напред, на кое се држел парен котел, а самото возило било управувано со кормило. Во 1771 возилото се удрило во ѕид, што ја чини првата автомобилска несреќа во историјата. Оваа несреќа заедно со финансиските проблеми му оневозможило на Кињо да продолжи со работата, меѓутоа во 1772, кралот Луј XV му доделил пензија од 600 франци за неговата иновативна работа.

Со Француската револуција оваа пензија била укината во 1789, и Кињо морал да пребегне во Брисел, каде живеел во беда. Кратко пред неговата смрт тој бил повикан назад во Франција од Наполеон Бонапарт. Тој се одзвал на овој повик и се вратил во Париз, каде починал.

Возилото од 1770 е зачувано и стои во Националната Конзерваторија на Уметностите и Занаетите во Париз.

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Max J. B. Rauck, Cugnot, 1769-1969: der Urahn unseres Autos fuhr vor 200 Jahren, München: Münchener Zeitungsverlag, 1969
  • Bruno Jacomy, Annie-Claude Martin: Le Chariot à feu de M. Cugnot, Paris, 1992, Nathan/Musée national des techniques, ISBN 2-09-204538-5.
  • Louis Andre: Le Premier accident automobile de l'histoire , in La Revue du Musée des arts et métiers, 1993, Numéro 2, p 44-46
  • Le Fardier en Musee National des Arts et Métiers Архивирано на 27 септември 2016 г.