Прејди на содржината

Мајкл Спенс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мајкл Спенс
Спенс на Светскиот економски форум во 2008 година
Роден7 ноември 1943(1943-11-07)(81 г.)
Монтклер, Њу Џерси, САД
НационалностАмериканец
УстановаХарвардски универзитет
Стенфордски универзитет
СДА Бокони менаџмент школа
Њујоршки универзитет
Полемикроекономија, трудова економија
Алма матерХарвардски универзитет, (докторат)
Оксфордски универзитет, (диплома)
Универзитет Принстон, (диплома)
Влијанија одКенет Ароу
Томас Шелинг
Ричард Цекхаузер
ПридонесиТеорија на сигнали
НаградиМедал Џон Бејтс Кларк (1981)
Нобелова награда за економија (2001)
Информации на IDEAS/RePEc

Мајкл Ендру Спенс (англиски: Michael Andrew Spence; р. 7 ноември 1943) — американски економист и добитник на Нобеловата награда за економија во 2001 година, заедно со Џорџ Акерлоф и Џозеф Стиглиц, за нивната работа на динамиката на тековите на информации и пазарниот развој.

Спенс е веројатно најпознат по неговиот модел за сигнали на пазарот на труд, кој активирал голем дел од литературата во овој дел на теоријата на договор. Во овој модел, вработените сигналираат за нивните соодветни вештини до работодавците преку добивање одреден степен на образование, што за нив претставува трошок. Работодавците ќе платат повисоки надници на пообразованите вработени, бидејќи тие знаат дека соодност на вработени со повисоки вештини е повисок помеѓу образованите, бидејќи е поевтино за нив да стекнат образование отколку за вработени со ниски вештини. За овој модел да работи, не е неопходно образованието да има некоја внатрешна вредност, ако може да испорача информација околу испраќачот (вработениот) до примаќот (работодавецот) и ако сигналот има цена.

Спенс своето образование го здобил на Универзитетот во Торонто. Во 1966 година му била доделена стипендијата Роудс на Оксфордскиот универзитет по дипломирањето на Принстон со диплома по филозофија. Студирал математика на Оксфорд.[1] Спенс е поранешен декан на бизнис-школата на Стенфорд и е претседавач на комисијата за раст и развој.

Спенс се приклучил на Стерновата бизнис-школа на Њујоршкиот универзитет на 1 септември 2010 година.[2]

Тој е постар член на институцијата Хувер на Стенфорд. Спенс е исто така комесар на глоблната комисија за управување со интернетот.[3]

Тој е постојан придонесувач на проектот Синдикат, меѓународен синдикат на весници, од 2008 година. Помеѓу неговите верувања се она дека високофрекфентното тргување треба да биде забрането.[4]

Избрани трудови

[уреди | уреди извор]
  • Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  • Пазарни сигнали: Трансферот на информации во вработување и поврзани процеси. Кембриџ, Масачусетс: Harvard University Press. 1974. ISBN 978-0674549906.
  • Следната конвергенција: Иднината на економскиот раст во светот со повеќе брзини. Њујорк: Farrar, Straus and Giroux. May 2011. ISBN 9781429968713.
  1. Nobel "Autobiography" Архивирано на 1 јуни 2013 г.
  2. „A. Michael Spence, Nobel Economist, to Join NYU Stern“. NYU Stern. 22 февруари 2010. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-03-17..
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-07-26. Посетено на 2015-03-17.
  4. Philips, Matthew (28 март 2011). „Should High-Frequency Trading Be Banned? One Nobel Winner Thinks So“. Freakanomics blog.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]