Прејди на содржината

Лоран Дибреј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лоран Дибреј
Laurent Dubreuil
Лични податоци
Националностканадска
Роден(а)25 јули 1992(1992-07-25)(32 г.)
Квебек Сити, Квебек, Канада
Висина1,82 m
Тежина80 kg
Спорт
ЗемјаКанада
СпортБрзо лизгање
Дисциплини500 m, 1000 m
КлубКлуб за брзо лизгање Левис

Лоран Дибреј (25 јули 1992, Квебек Сити) — канадски натпреварувач во брзо лизгање. Тој се натпреварува првенствено на кратки патеки од 500 m и 1000 м. Дибреј својот прв медал во Светскиот куп го освоил во сезоната 2014-15 кога се пласирал на третото место на Светскиот куп во Сеул.[1] Освоил бронзен медал на Светското првенство во брзо лизгање на единечна дистанца во 2015 година [2] и сребрен медал на 1000 метри на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.[3]

Светски куп

[уреди | уреди извор]

За време на Светскиот куп во брзо лизгање на ISU 2021–2022 во Калгари, Дибреј го соборил канадскиот рекорд во дисциплината 500 метри, трчајќи до време од 33,778 секунди.[4] Дибреј освоил медал на првите осум трки од Светскиот куп.[5]

Зимски олимписки игри

[уреди | уреди извор]

2018 година

[уреди | уреди извор]

Дубреј се квалификувал да се натпреварува за Канада на Зимските олимписки игри во 2018 година.[6][7][8]

2022 година

[уреди | уреди извор]

Дибреј се квалификувал да се натпреварува за Канада на Зимските олимписки игри во 2022 година.[9][10][11]

Се натпреварувал во дисциплината 500 метри и завршил на четвртото место. За време на неговата трка, тој бил обвинет за лажен старт. Ова било доведено во прашање од Барт Велдкамп, кој го нарекол „многу сомнително“.[12] Меѓутоа, Дибреј рекол дека лажниот старт не бил изговор за него да не победил на трка и рече „тоа е нешто што е сосема можно да се надмине. Тоа е само мала непријатност. Тоа не беше разликата.“ [13]

На трката на 1000 метри завршил на второ место, освојувајќи го сребрениот медал, што е негов прв пласман на олимписки подиум.[3]

  1. „Canadians earn 2 World cup speed skating medals“. CBC News. November 23, 2014.
  2. „Blondin wins silver, Dubreuil bronze at speed skating worlds“. CBC Sports. February 15, 2015.
  3. 3,0 3,1 Steiner, Ben (18 February 2022). „Canada's Dubreuil wins silver in men's 1,000m speed skating at Beijing Games“. CBC Sports. Посетено на 18 February 2022.
  4. „Canada's Dubreuil breaks national record to win gold at Calgary speed skating World Cup“. www.cbc.ca/. CBC Sports. 10 December 2021. Посетено на 8 February 2022.
  5. „Dubreuil wins 500 metre World Cup bronze to extend streak to seven straight podiums“. Canadian Press. Toronto, Ontario, Canada. 3 December 2021. Посетено на 8 February 2022.
  6. Harrison, Doug (January 10, 2018). „Ted-Jan Bloemen, Ivanie Blondin front Canada's Olympic long track team“. cbc.ca/sports/. Canadian Broadcasting Corporation (CBC). Посетено на January 11, 2018.
  7. Spencer, Donna (January 10, 2018). „Speed skater Denny Morrison and 'guardian angel' wife both headed to Olympics“. Toronto, Ontario, Canada. The Canadian Press. Посетено на January 11, 2018.
  8. „Canadian long track speed skating team named for PyeongChang 2018“. speedskating.ca/. Speed Skating Canada. January 10, 2018. Архивирано од изворникот на 2018-01-11. Посетено на January 11, 2018.
  9. Nichols, Paula (17 January 2022). „16 long track speed skaters nominated to Team Canada for Beijing 2022“. www.olympic.ca/. Canadian Olympic Committee. Посетено на 17 January 2022.
  10. „Bloemen, Dubreuil leads Canada's long-track speedskaters into Beijing“. Canadian Press. Toronto, Ontario, Canada. 17 January 2022. Посетено на 17 January 2022.
  11. „Speed skating Olympians Blondin, Dubreuil front Canada's long track team for Beijing“. www.cbc.ca/. CBC Sports. 17 January 2022. Посетено на 17 January 2022.
  12. „Jury veroorzaakt ophef met "valse start" voor Canadese topfavoriet: "Heel verdacht" [Jury causes controversy with "false start" for Canadian top favorite: "Very suspicious"]. www.sporza.be (холандски). Sporza. 12 February 2022. Посетено на 12 February 2022.
  13. „Canadian speedskater Laurent Dubreuil edged off Olympic 500-metre podium in fourth“. ca.sports.yahoo.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-02-13. Посетено на 2022-02-13.