Квебек (француски: Québec) — покраина во Канада. Тој е најголемата покраина во земјата по површина, а втора по големина административна единица по територијата Нунавут. Според населението, Квебек е втора најнаселена покраина, при што најголемиот број од жителите живее покрај или близу до реката Сент Лоренс. Главен град е Квебек. Главнината од населението има француско потекло. Службен јазик е францускиот, а Квебек е единствената канадска покраина каде англискиот не е службен јазик на покраинско ниво. Во состав на Канада, Квебек влегува во 1867 година.