Знамето на Свети Кристофер и Невис е официјалното знаме на оваа карипска држава. Знамето е усвоено на 19 септември1983 година кое победило на конкурс за исзбор на националното знаме. Знамето е составено од една црна дијагонална лента со златни рабови која го дели знамето на два еднакви триаголника во зелена и црвена боја. На самата лента се наоѓаат две бели петокраки.[1] Зелената боја ја означува плодноста на островите, црвената ја означува борбата на луѓето за независност, жолтата боја сонцето, црната го означува африканското потекло на луѓето и белата боја надежта и слободата на народот.