Исто како и претходното, но со различни големини на лентите со размер 30:33:37
Знамето на Франција (француски: drapeau tricolore, drapeau français или les couleurs) е официјалното знаме на оваа европска држава. Знамето е познато како француски триколор или само како триколор. Знамето е составено од три еднакви вертикални ленти во сина, бела и црвена боја.
Сината и црвена боја се традиционални бои на Париз кои и денес се користат на парискиот грб. Сината се поврзува со Свети Мартин Турски, додека црвената со Свети Денис. Белата боја се сметала за традиционална француска боја и била нарекувана „античка француска боја“. Белата боја била додадена на револуционерните бои (црвена и сина) и се создал триколорот.[2]
Француските училишта ги учат децата дека секоја боја претставува слој од стариот режим: белата е симболизам за свештеништвото, црвената за благородниците и сината за буржуазијата.