Жолта треска
Жолта треска | |
---|---|
A TEM micrograph of the yellow fever virus (234,000X magnification) | |
Специјалност | Заразна болест |
Жолта треска, историски позната како американска чума или жолта чума,[1] е акутна вирусна болест.[2] Во повеќето случаи симптомите вклучуваат треска, настинка, губење на апетит, гадење, болки во мускулите, особено во грбот и главоболки.[2] Симптомите се подобруваат во рок од пет дена.[2] Кај некои луѓето кои имаат подобрување, се враќа треската, се јавува абдоминална болка и оштетувањето на црниот дроб предизвикува жолта кожа.[2] Ако се случи ова, ризикот од крвавење и проблеми со бубрезите е исто зголемен.[2]
Причина и дијагноза
[уреди | уреди извор]Оваа болест е предизвикана од вирусот на жолта треска и се пренесува преку каснување од женскиот комарец.[2] Може да инфицира само луѓе, други примати и неколку видови на комарци.[2] Во градовите, најмногу се шири од комарците од видот Аедеса еквипти.[2] Вирусот е РНА вирус од родот Флавивирус.[3] Болеста тешко се разликува од други болести, особено во раните фази.[2] За потврдување на сомнителен случај, потребна е анализа на примерок од крвта со полимераза верижна реакција.[4]
Превенција, лекување и прогноза
[уреди | уреди извор]Постојат безбедна и ефикасна вакцина против жолтата треска и некои држави бараат вакцинација за патници.[2] Други напори за спречување на инфекцијата вклучуваат намалување на популацијата на комарците преносители.[2] Во областите каде жолта треска е честа појава а вакцинацијата е невообичаена, важна е рана дијагноза на случаите и имунизација на голем дел од населението за да се спречи појавата.[2] Во случај на инфицираност, следењето е симптоматично без конкретни мерки за ефикасност против вирусот.[2] Смрт се јавува кај половината од луѓето без лекување, кои имаат тешка болест.ref name=WHO2013/>
Епидемиологија и историја
[уреди | уреди извор]Жолтата треска предизвикува 200.000 инфекции и 30.000 смртни случаи секоја година,[2] кои речиси 90% од нив се случуваат во Африка.[4] Речиси една милијарда луѓе живеат во област на светот каде болеста е честа појава.[2] Болеста е честа во тропски предели на Јужна Америка иАфрика, но не и во Азија.[2][5] Од 1980 година, бројот на случаи на жолта треска се зголемува.[2][6] Се верува дека се должи на малкуте луѓе кои се имуни, како луѓето кои живеат во градовите, луѓето кои се движат често и променлива клима.[2] Оваа болест потекнува од Африка, каде што се шири во Јужна Америка преку трговијата со робови во 17 век.[1] Од 17 век, неколку големи епидемии на болеста се случија во Америка, Африка и Европа.[1] Во 18-ти и 19 век, жолтата треска се смета за една од најопасните заразни болести.[1] Вирусот на жолтата треска бил првиот откриен човечки вирус.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Oldstone, Michael (2009). Viruses, Plagues, and History: Past, Present and Future. Oxford University Press. стр. 102–4. ISBN 9780199758494.
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 2,14 2,15 2,16 2,17 „Yellow fever Fact sheet N°100“. World Health Organization. May 2013. Посетено на 23 February 2014.
- ↑ 3,0 3,1 Lindenbach, B. D.; и др. (2007). „Flaviviridae: The Viruses and Their Replication“. Во Knipe, D. M. and P. M. Howley. (eds.) (уред.). Fields Virology (5. изд.). Philadelphia, PA: Lippincott Williams &Wilkins. стр. 1101. ISBN 0-7817606-0-7.CS1-одржување: излишен текст: список на уредници (link)
- ↑ 4,0 4,1 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ „CDC Yellow Fever“. Посетено на 2012-12-12.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)