Прејди на содржината

Жан Жене

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жан Жене
Роден/а19 декември 1910
Париз, Франција
Починат/а15 април 1986
Париз, Франција
Занимањеписател, драматург, политички активист

Жан Жене (19 декември 191015 април 1986) — француски писател, драматург, поет, есеист, и политички активист. За време на младоста имал проблеми со законот, но подоцна се префрлил на книжевноста, а најпознати дела му се романот Дневникот на крадецот и драмите Балконот, Слугинките, и Екраните.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Мајката на Жене била гувернанта која го чувала седум месеци по раѓањето, а потоа го дала на посвојување. Пораснал во провинцискиот град Алињи ан Морван, во централна Франција. Семејството кое го посвоило се занимавало со дрводелска дејност, и било многу грижливо спрема него. По смртта на маќеата, Жене бил даден на постар брачен пар, со кој останал две години. Во еден случај кога му довериле пари, тој ги потрошил на панаѓур. Имал и други судири со законот, а на 15 годишна возраст бил осуден на три години затвор поради учество во хомосексуален чин. Кога бил пуштен, тој станал џепџија и се занимавал со проституција по евроспките градови, случки раскажани во романот Дневникот на крадецот.[2]

Во Париз се вратил 1937, но неколкупати бил апсен поради ситни кражби, фалсификување документи, насилство, и други прекршоци. Во затвор ја напишал првата поема Осуден на смрт, чие печатење сам го платил. Во Париз се запознал со Жан Кокто, кој одушевен од творбите на Жене, ги искористил своите врски за да му помогне да ги отпечати. Во 1949 Жене избегнал доживотен затвор откако Кокто и други уметници како Жан-Пол Сартр и Пабло Пикасо го замолиле францускиот претседател да го помилува Жене, по што Жене веќе никогаш не го прекршил законот. По смртта на акробатката Абдала Бентага, кон која бил емотивно приврзан, паднал во депресија и имал обид за самоубиство.[3]

До 1949 Жан напишал пет романи, три драми, и многубројни поеми. Бил контроверзен поради приказ на провокативнио теми како хомосексуалност и криминал. Напишал и неколку есеи со критички осврт кон делата на Жак Дерида и Даниел Кон-Бендит. Освен со писателска, Жене се занимавал и со политичка активност, залагајќи се против полициската бруталност, како и против масакрот на Палестинците од страна на израелската држава. Жене починал од рак на грлото на 15 април 1986 во хотел во Париз, а бил закопан на шпанските гробишта во градот Лараш во Мароко. Дејвид Боуви го споменал писателот во песната „The Jean Genie“ од 1972, која се пласирала на британските музички листи.

Библиографија

[уреди | уреди извор]

  • Нашата дама од цветови (1943)
  • Чудото на розите (1946)
  • Расправа од Бретања (1947)
  • Погребни обичаи (1948)
  • Дневникот на крадецот (1949)
  • Заробеник на љубовта (1986)

  • Смртен час (1947)
  • Слугинките (1947)
  • Балконот (1955)
  • Таа (1955)
  • Црните (1958)
  • Екраните (1961)

  • „Човекот осуден на смрт“ (1942)
  • „Посмртен марш“ (1945)
  • „Галија“ (1945)
  • „Љубовна песна“ (1946)
  • „Рибарот од Сукет“ (1948)
  • „Парада“ (1948)

  1. Contemporary Literary Criticism, Volume 45 By Daniel G. Marowski, Roger Matuz. Gale: 1987 ISBN 0-8103-4419-X pg 11
  2. Edmund White, Genet: 221
  3. Brian Gordon Kennelly, Unfinished Business: Tracing Incompletion in Jean Genet's Posthumously Published Plays (Rodopi, 1997) p22

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викицитат има збирка цитати поврзани со: