Едмон де Гонкур
Едмон де Гонкур | |
---|---|
Гонкур во 1877 (слика од Надар) | |
Роден/а | 26 мај 1822 Нанси, Франција |
Починат/а | 16 јули 1896 Шампросе, Франција |
Занимање | писател, издавач, книжевен и ликовен критичар |
Националност | французин |
Едмон де Гонкур (26 мај 1822 – 16 јули 1896) — француски писател, издавач, книжевен и ликовен критичар, воедно и основач на Гонкуровата академија. Роден во Нанси, тој поголемиот дел од својот живот го посветил на пишување книжевни и ликовни рецензии, а оформил и писателски пар заедно со братот Жил де Гонкур. По смртта на Жил во 1870, Едмон продолжил да твори сам.
Едмон го заложил сиот свој имот за да ја основа и одржува академијата Гонкур. Во чест на починатиот брат Жил де Гонкур (17 декември 1830 – 20 јуни 1870), секој декември од 1903 година академијата ја доделува „наградата Гонкур“. Тоа се смета за најпрестижна награда во француската литература, а се доделува за „најдоброто фиктивно прозно дело на годината“. Марсел Пруст, Симон де Бовоар, Мишел Турние, Маргерит Дирас, Ромен Гари и Патрик Модијано, се меѓу најпознатите добитници на наградата. Едмон починал во Шампросе во 1896, а бил закопан на гробиштата Монмартр во Париз.[1]
Дела
[уреди | уреди извор]
|
|
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Edmond and Jules Goncourt Encyclopædia Britannica
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Едмон де Гонкур“ на Ризницата ? |