Гулаб
Гулаб | |
---|---|
Гулаб (Columba livia domestica) во лет | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Columbiformes |
Семејство: | Columbidae |
Гулаб (Columba livia) - вид птица.
Изглед
[уреди | уреди извор]Должината на гулабот изнесува 32-34 cm, распонот на крилјата околу 63 cm, должината на опашката 10 cm, а тежи околу 330 гр. Женката е нешто помала од мажјакот. Во својата основна форма е со сива боја и зелени и виолетови одблесоци на главата и вратот, но градските форми се појавуваат во најразлични бои. На крилјата се наоѓаат две црни ленти и еден обоен црн прстен околу вратот. На долниот дел од грбот се наоѓаат посветли пердуви. Женката е со нешто посветла боја и има значително помал сјај на градите и вратот. Со помош на зашилените крилја гулабот лета вешто и брзо.
Исхрана
[уреди | уреди извор]Гулабот се храни со зрна од житарици, коров, репки, моркови, грашок и лен. Иако за време на сеидбата, гулабите јадат жито или друг житни растенија, тие јадат многу повеќе семки од различни видови на коров, на коишто им придаваат предност дури и кога имаат избор, затоа гулабите се покорисни од она што се мисли.
Размножување
[уреди | уреди извор]Додека дивите варијанти на гулаби гнездата ги градат на стрмни карпи, градските гулаби за таа цел користат мостови, издадености над прозорци и слични градби. Женката до трипати годишно снесува во гнездото по две јајца. Двата родители седат на јајцата и се грижат за младите птички. Исто така, тие остро го бранат подрачјето на гнездење и ги бркаат сите натрапници, клукајќи со клунот. Откако ќе се спарат, мажјаците и женките остануваат заедно до крајот на животот.
Распространетост
[уреди | уреди извор]Го има во Јужна Европа, Југозападна Азија и Северна Африка.
Гулабот во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Гулабот како тема во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Тројцата браќа и гулабицата“ - кавкаска народна приказна.[1]
- „Гулабот и гулабицата“ (српски: Голуб и голубица) - српска народна песна.[2]
- „Трошки од кифла“ — кус расказ за деца на ангискиот писател Доналд Басет од 1967 година.[3]
- „Чавката, гулабот и капетанот“ - песна на рускиот поет Владимир Ерл од 1969 година.[4]
- „Јорданската гулабица“ - песна на рускиот поет Сергеј Есенин од 1918 година.[5]
- „Орелот и гулабот“ - песна на Јохан Волфганг Гете.[6]
- „Гулабот“ - книга на германскиот писател Патрик Зискинд.[7]
- „Голаб на барикада“ — песна на македонскиот поет Славко Јаневски.[8]
- „Гулаби“ — песна во проза на македонскиот поет Блаже Конески.[9]
- „Гулабици“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.[10]
- „Касида за мрачните гулаби“ (шпански: Casida de las palomas oscuras) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[11]
- „Заспивалка на гулабицата“ — песна на македонскиот писател Видое Подгорец.[12]
- „Поштенски гулаб“ - збирка поезија на чешкиот поет Јарослав Сајферт од 1929 година.[13]
- „Градот на гулабите“ - книга на македонскиот писател Александар Поповски.
- „Летачот“ - краток расказ на македонскиот писател Јован Стрезовски.[14]
- „Смртта на гулабите“ - расказ на рускиот писател Јуриј Трифонов.[15]
Гулабот како тема во музиката
[уреди | уреди извор]- „Кога плачат гулабите“ (When Doves Cry) - песна од албумот „Пурпурен дожд“ (Purple Rain) на американскиот пејач Принс (Prince) од 1984 година.[16]
- „Синиот гулаб“ (Plavi golub) - песна на хрватската рок-група „Азра“ (Azra) од 1983 година.[17]
Гулабот како тема во филмот
[уреди | уреди извор]- „Еден гулаб седеше на гранка и си размислуваше за постоењето“ (En duva satt på en gren och funderade på tillvaron) - филм на режисерот Рој Андерсон од 2014 година.[18]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Кавкаске бајке. Београд: Народња књига, 1963, стр. 67-73.
- ↑ Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 67.
- ↑ Доналд Бисет, Разговори со еден тигар. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993, стр. 32-34.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 180-181.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 162-163.
- ↑ Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 31-32.
- ↑ Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 18.
- ↑ Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 8.
- ↑ Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 197.
- ↑ Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 59.
- ↑ Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 151.
- ↑ Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 33.
- ↑ „Izabrana bibliografija Jaroslava Sajferta“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 93-94.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 48.
- ↑ Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 289-304.
- ↑ „mojvideo.com, Prince - Ehen doves cry (посетено на 30.1.2016)“. Архивирано од изворникот на 2016-01-18. Посетено на 2016-01-30.
- ↑ Branimir Štulić svira PLAVI GOLUB - YouTube (пристапено на 12.1.2017)
- ↑ Пази се! Доаѓа Cinedays 13. Скопје: Младински културен центар, 2014, стр. 36.