Рак на желудник
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Рак на желудник | |
---|---|
Карцином на желудник | |
Специјалност | Онкологија, гастроентерологија |
Карциномот на желудникот може да се појави во било кој дел од желудникот и може да се прошири и на останатите органи, претежно во хранопроводот (езофагус), белите дробови, лимфните јазли и црниот дроб (хепар). Желудочниот карцином е причина за околу 800.000 смртни случаи годишно во светски размери.
Причини
[уреди | уреди извор]Инфекцијата со Хеликобактер пилори се верува дека е причинител за повеќето случаи на карцином на желудникот, додека автоимуниот атрофичен гастритис, интестиналната метаплазија и многу генетски фактори се поврзани со зголемен ризик за појава на овој карцином. Диететскиот режим исто така има огромна улога во појавата на желудочниот карцином – димена храна, солена риба и месо. Нитратите и нитритите се најчести супстанци кои се наоѓаат во чадените меса. Тие се претвораат од страна на одредени бактерии како Хеликобактер пилори во компоненти кои директно предизвикуваат желудочен карцином. Од друга страна, конзумацијата на свежо овошје и зеленчук кои содржат антиоксидансни витамини (А и Ц) се поврзани со намален ризик од желудочен карцином. Многу важен но превентибилен фактор е употребата на цигари – го зголемува ризикот за 40% (кај лесните пушачи), до 82% кај тешките пушачи. Друг важен фактор е конзумацијата на алкохол, пред се, жестоки пијалаци. Желудочниот карцином почесто се јавува кај мажите отколку кај жените со однос 3:1.
Знаци и симптоми
[уреди | уреди извор]Желудочниот карцином е често асимптоматски (не покажува симптоми) или предизвикува само неспецифични симптоми во најраните фази. Со тек на време со појавувањето на симптомите најверојатно е дека карциномот достигнал напредната фаза и обично има лоша прогноза.Желудночниот карцином ги дава обично следниве симптоми:
- Фаза 1 (ран стадиум)
- Индигестија или жаречка сензација
- Губиток на апетит, особено за месо
- Абдоминална непријатност (дискомфорт) или иритација
- Фаза 2 (среден стадиум)
- Слабост и замор
- Дуење на стомакот, особено после оброците
- Фаза 3 (доцен стадиум)
- Абдоминална болка во горниот дел од стомакот
- Гадење и понекогаш повраќање
- Дијареа или опстипација
- Губиток на тежина
- Крварење (повраќање на крв или постоење на крв во столицата) – темна крв – мелена. Ова може да доведе до анемија.
- Дисфагија (отежнато голтање) – овој знак посочува на тумор во кардијата или ширење на желудочниот карцином во хранопроводот.
Овие симптоми може да се појават и при други проблеми, како стомачен вирус, улкус на желудникот или целијакија.
Дијагноза
[уреди | уреди извор]Се поставува врз основа на анамнезата и целокупната историја, физикалното испитување, гастроскопски испитувања, горно-дигестивна рендгенографија (со контраст), компјутеризирана томографија. Од абнормалното ткиво кое се гледа со гастроскопија се зема биоптичен материјал и се испитува хистопатолошки. Може да се земе примерок од столицата со цел испитување на окултно крварење.
Терапија
[уреди | уреди извор]Оперативниот зафат е најчестиот третман за гастричните карциноми, при што се отстранува или дел од желудникот заедно со зафатените лимфни јазли или пак се отстранува и дел од дванаесетпалечното црево и панкреасот. Долнотретинските тумори може да подлежат на Билрот 1 или Билрот 2 оперативна процедура. Ендоскопската мукозна ресекција е третман за туморите во ран стадиум, каде промената е сместена само на мукозата.Хируршките интервенции се куративни кај помалку од 40% од случаите, а во случај на метастази, хируршката интервенција може да биде само палијативна метода.Хемотерапијата е стандард во терапијата. Се користат цитостатици како 5-флуороурацил, доксорубицин, митомицин Ц, цисплатин и таксотере или пак нивни комбинации.Радијационата терапија е палијативна метода која се користи за намалување на големината на туморот и намалување на болките.Мултимодалната терапија – претставува комбинација од оперативен зафат, хемотерапија и радијациона терапија.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Класификација | |
---|---|
Надворешни извори |
- Користена литература Архивирано на 30 април 2013 г.