Прејди на содржината

Pentatonix

Од Википедија — слободната енциклопедија
Pentatonix
Pentatonix на парадата за Денот на благодарноста Во Њујорк во 2023 година. Од лево кон десно: Мет Сали, Мич Граси, Кирстин Малдонадо, Скот Хојинг и Кевин Олусола
Животописни податоци
Познат(а) и какоPTX
ПотеклоАрлингтон, Тексас, САД
Жанрови
Период на активност2011 (2011)–денес
Издавачи
Мреж. местоptxofficial.com

Pentatonix (транскрипција: Пентатоникс; скратено PTX) ― американска а капела група од Арлингтон, Тексас. Групата е составена од пејачите: Кирстин Малдонадо (мецосопран), Мичел Граси (тенор),  Скот Хојинг (баритон), Кевин Олусола (битбокс) и Мет Сали (бас). Нивната музика се карактеризира со аранжмани во поп-стил со вокални хармонии, бас линии, рифови, перкусии и битбокс, а создаваат преработки на модерни поп-композиции или божиќни песни и оригинални мелодии. Групата Pentatonix била основана во 2011 година и победиле во третата сезона од натпреварот за а-капела групи The Sing-Off на NBC, при што добиле 200 000 долари и договор за снимање со Sony Music.[1][2] Откако издавачката куќа во сопственост на Sony Music, Epic Records по завршувањето на обврската од The Sing-Off, не го продолжила договорот со групата, Pentatonix креирале свој канал на YouTube и ја дистрибуирале нивната музика преку Madison Gate Records, издавачка куќа во сопственост на Sony Pictures.[3][4][5]

Нивниот прв мини-албум, PTX, Volume 1, бил објавен во 2012 година, а истата година го објавиле и празничното издание PTXmas. Третото издание на Pentatonix, PTX, Vol. II, во 2013 година дебитирало на прво место на Билбордовата топ-листа за независни албуми и десето место на Билборд 200.[3] Во мај 2014 година, Pentatonix потпишале договор со RCA Records, „најистакната“ издавачка куќа под капата на Sony Music Entertainment,[6] и истата година, групата го издала четвртиот мини-албум, PTX, Vol. III. Во 2014 година тие, исто така, издале два студиски албума: PTX, Vols. 1 & 2, компилациски албум издаден во Јапонија, Кореја и Австралија и нивното второ празнично издание, That's Christmas to Me. Албумот добил златен сертификат од Здружението на музичките издавачи во Америка (RIAA), станал платинест на 24 декември 2014 година и двојно платинест на 11 февруари 2016 година. Со ова, албумот станал празничен албум од група со највисок пласман на топ-листите од 1962 година и четврти најпродаван албум во САД за 2014 година.[7][8] Следната година Pentatonix го издале нивниот истоимен албум. Ова бил нивен прв албум составен од оригинални нумери, а дебитирал на врвот на американската Билборд 200 топ-листа. Во 2016 година го објавиле нивниот трет божиќен албум, A Pentatonix Christmas, а една година подоцна и ново EP, PTX, Vol. IV – Classics.

Во септември 2017 година, оригиналниот бас-пејач Ави Каплан, ја напуштил групата и бил заменет со Сали,[9] кој пеел на песните од нивниот компилациски албум Pentatonix Christmas Deluxe и на нивниот следен студиски албум PTX Presents: Top Pop, Vol. I. Сали дипломирал на музичкиот колеџ Беркли, каде што бил член на а-капела групата Pitch Slapped.[10]

Пентатоникс освоиле три Греми награди: тие биле прва а-капела група која што освоила награда за „Најдобар аранжман на инструментално или а-капела дело“ (ја освоиле наградата во 2015 и 2016 година)[11] и „Најдобра кантри-изведба од дуо или група“ (2017).[12] На 21 февруари 2023 година, групата добила ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.[13]

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

[уреди | уреди извор]
  • PTX, Vols. 1 & 2 (2014)
  • PTX (2014)
  • That's Christmas to Me (2014)
  • Pentatonix (2015)
  • A Pentatonix Christmas (2016)
  • PTX, Vol. IV: Classics (2017)
  • PTX Presents: Top Pop, Vol. I (2018)
  • Christmas is Here! (2018)
  • We Need a Little Christmas (2020)
  • The Lucky Ones (2021)
  • Evergreen (2021)
  • Holidays Around the World (2022)

Компилациски албуми

[уреди | уреди извор]
  • The Best of Pentatonix Christmas (2019)
  • White Christmas (2021)
  • The Greatest Christmas Hits (2023)
  • Мич Граси – тенор (2011–денес) [14]
  • Скот Хојинг – баритон (2011–денес)
  • Кирстин Малдонадо – сопран (2011–денес) [15]
  • Кевин Олусола – вокални перкусии, виолончело, битбокс, баритенор (2011–денес)
  • Мет Сали – вокален бас и бас, тапани (2017–денес)

Поранешни членови

  • Ави Каплан – вокален бас и бас (2011–2017) [9]
  1. Hyman, Vicki (November 29, 2011). „Pentatonix scores 'The Sing-Off' title“. The Star-Ledger. Посетено на August 24, 2012.
  2. Nededog, Jethro (November 29, 2011). 'The Sing-Off's' Pentatonix on Going From Newly Formed Group to the Show's Winners“. The Hollywood Reporter. Посетено на August 24, 2012.
  3. 3,0 3,1 Barnes, Brooks (November 17, 2013). „A Tiny Label Is Behind an a Cappella Group's Success“. NewYorkTimes. Посетено на November 17, 2013.
  4. „Interview: Entertainment.ie speaks to US a cappella group Pentatonix“. Entertainment.ie. November 25, 2014. Посетено на November 27, 2014.
  5. Karp, Hannah (December 11, 2014). „Pentatonix Tears Up the Charts“. The Wall Street Journal. Посетено на December 15, 2014.
  6. „Pentatonix Signed to RCA Records“. The Hollywood Reporter. May 13, 2014. Посетено на May 13, 2014.
  7. „Pentatonix Has the Highest-Charting Christmas Album by a Group Since 1962“. Yahoo Music. December 3, 2014. Посетено на December 3, 2014.
  8. Празен навод (help)
  9. 9,0 9,1 Nyren, Erin (May 12, 2017). „Avi Kaplan Exits Pentatonix in Tearful Goodbye Video“. Variety. Посетено на May 13, 2017. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „auto“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  10. Haynes, Allana (March 22, 2019). „From singing in a Baltimore church to performing around the world with a cappella group Pentatonix“. baltimoresun.com. Посетено на 2021-12-14.
  11. „Grammy Awards Winners“. Архивирано од изворникот на February 9, 2015. Посетено на February 8, 2015.
  12. Roberts, Randall (February 12, 2017). „Dolly Parton and Pentatonix win country duo/roup performance for 'Jolene'. Los Angeles Times. Посетено на May 14, 2018.
  13. „MULTIPLE AWARD-WINNING A CAPPELLA GROUP PENTATONIX TO BE HONORED WITH HOLLYWOOD WALK OF FAME STAR“, walkoffame.com, Посетено на 2023-02-22
  14. Jones, Darianna. „Bold & Sugar Interviews Mitch Grassi of Pentatonix: "Don't Be Afraid to Be Different". BoldAndSugar.com. Bold and Sugar. Архивирано од изворникот на August 25, 2014. Посетено на January 24, 2015.
  15. „Kirstin Maldonado Voice Type“. Vocal Views.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]