Прејди на содржината

Nickelback

Од Википедија — слободната енциклопедија
"Никелбек"
"Никелбек" на сцена, 12 Септември , 2008 г.
Животописни податоци
ПотеклоХана,Алберта, Канада
Жанровиалтернативен рок, пост-гранџ,[1] хард рок, хеви-метал[1], алтернативен метал[1]
Период на активност1995–до денес
ИздавачиRoadrunner, Атлантик Рекордс, EMI (Канада), LiveNation
Мреж. местоnickelback.com
Членови
Чед Кругер
Риан Пик
Мики Кругер
Даниел Адер
Поранешни членови
Риан Викидер
Брендон Кругер

Никелбек — канадска рок-група од Хана, Алберта, основана во 1995 г..од страна на Чед Кругер, Мики Кругер, Риан Пик и некогашниот тапанар Брендон Кругер. Иако воглавно се работи за рок бенд, бендот исто така има експериментирано и во многубројни други музички стилови како што се поп и кантри-музиката. Никелбек е еден од најуспешните комерцијални групи во Канада, која има продадено 30 милиони записи ширум светот. Никелбек се рангираа на единаесеттото место на изборот за најдобро продаден музички запис во 2000 г. и на второто место на изборот за најдобро продаден странски запис во САД, веднаш зад групата “The Beatles” во 2000 г. Во декември 2009 г. Никелбек беа рангирани како седми на листата “Артисти на декадата” во списанието “Billboard” , за највисоко рангиран бенд и највисоко рангиран рок пејач. Ова списание ги рангираше исто така и на листата за поп пејачи на декадата. Бендот продаде 21.000.000 копии од својот албум во САД.

Историја

[уреди | уреди извор]

Бендот е формиран во Ванкувер (Британска Колумбија), Канада. Неговото име потекнува од ситна монета од пет центи, која членот на бендот, Мики Кругер им ја враќал на своите муштерии кога работел во продавницата “Ѕвездени долари”.Тој честопати им велел на своите муштерии: “Еве ти ја твојата монета назад” (како кусур).

Бендот потпиша договор со “ЕМИ” во Канада и со “Roadruuner Records” за останатиот дел од светот. Во јули 2008 г. тие потпишаа договор со продукцијата “Live Nation” за наредните три турнеи и албумски циклуси. Во овој договор се вклучени видео записи, турнеи, реклами и друго.

Почетни години (1995 — 2000)

[уреди | уреди извор]

Првото издание на Никелбек беше проширена композиција од седум песни, издадена во 1996 г. Во истата година, тие исто така го издадоа нивниот прв албум “Curb”. ,,Fly’’ беше првиот сингл на Никeлбек кој беше дел и од двата нивни албуми “Hesher” и “Curb”. Следниот албум ,,The State’’ беше снимен и независно издаден во 1998 година.

Рон Бурман од “Roadruuner Records” добил информација за само-издавачкиот албум на Никeлбек од една негова извидничка група и прилично импресиониран од него тој отпатувал за Ванкувер за да ја види нивната изведба во живо. Бурман изјавил “Веднаш добив морници по цело тело! Нивниот сингл “Leader of men “ е вистински мега хит! ”Надвор од сцената тој беше импресиониран и од нивната иницијатива за управувањето на нивната кариера. ”Секогаш сум почитувал бенд кој успева сам, без помош од издавачки куќи. Тие се многу вредни и веќе имаат 20 синглови кои се мега хитови во Канада, како и свои турнеи низ целата земја. Тие се сериозни и професионални кога е во прашање нивната кариера,а тоа ја олеснува мојата работа” – изјави тој.

И покрај тоа, на Бурман сепак му требаа 3 месеци да ги убеди своите шефови да го одобрат потпишувањето на договорот, и токму таа одлука го одбележа првиот чекор на “Roadruuner” во конвенционалниот рок. Никeлбек потпиша договор за снимање со “ЕМИ” и “Roadruuner Records” кои го преиздадоа “The State” во 2000 г. Иако ниту една песна од овој албум не се покажа како голем хит, сепак “Leader of Men” и “Breathe” беа меѓу најдобрите 10 рок хитови и беа закитени со злато во САД при крајот на 2001 г.

Големиот успех : 2001 — 2007

[уреди | уреди извор]

Во 2001 година Никeлбек го издадоа албумот "Silver Side Up" којшто ги втурна во најголемиот успех во кариерата. Синглот "How you Remind Me" доживеа голем успех , заземајќи го врвот на топ листите во Америка и Канада. Во САД беше хит број 1 на топ листите за Конвенционален и Модерен рок, како и на топ листата за Поп-музика. Овој сингл исто така го зазеде првото место на топ листата ,, Adult Top 40 . "How you remind me" беше избран за најдобар сингл за 2002 година, на изборот на ,, The Billboard Hot 100’’. Следниот сингл беше "Too Bad" кој исто така се искачи на првото место на Конвенционалната рок топ листа, а имаше и малку успех и на Поп-листата. Последниот сингл од албумот "Never again" беше уште еден хит број еден на рок топ листата на Конвенционалнит рок. Во 2002 година Чад Кругер соработуваше со Џоуси Скот и Гаид Корво кои свиреа како главни гитаристи во главната музичка тема "Hero" од филмот "Spider-man".

Во 2003 година Никелбек го издадоа "The Long Road". Водечкиот сингл од албумот беше "Someday", а албумот достигна продажба од 5 милоини копии ширум светот. Бендот исто така го издаде и синглот "Feelin Way Too Damn Good" кој се најде на третото место на Конвенционалните рок топ листи. Откако беше издаден синглот "Figured You Out", тој исто така се најде на врвот на Конвенционалните рок топ листи цели 13 последователни недели.

Од петтиот студиски албум на Никелбек - "All the Right Reasons' произегоа 5 синглови кои се најдоа меѓу првите 20 на листата "US Hot 100 Top 20 singles" и тоа: "Photograp"’ , "Savin’ Me" , "Far away" , "If Everyone Cared" и "Rock star". Три од овие влегоа меѓу првите 20 најдобри во САД. Албумот "All the Right Reasons" се продаде во 7.225.557 милиони копии во САД во септември 2009 година. Севкупно од неговото издавање во 2005 г. албумот ,,All the Right Reasons’’ се продаде во 11 милиони копии ширум светот. И покрај целокупниот успех на "All the Right Reasons" , главниот пејач Кругер започна да работи во своја сопствена музичка куќа , под името “604 Records” во 2005 година и ја задржа позицијата на извршeн продуцент.

Нови Изданија од 2008—

[уреди | уреди извор]

На 4 септември, 2008 г. , "Roadrunner Records" изјавија дека првиот сингл од новоочекуванит албум ќе биде " If today was your last day" и се очекува да биде издаден на 30 Септември ,2008 г. Како и да е синглот беше заменет со 'Gotta be Somebody". Новиот албум насловен како "Drak Horse" , беше издаден на 18 Ноември,2008 г. Албумот беше продуциран во продукција на "Mutt Lange". "Something in Your Mouth"’ беше издаден како втор сингл на 15 Декември , и го зазема првото место на рок радиото. " If today was your last day" беше третиот издаден сингл . Уште четири синглови беа издаени и тоа: "I’d Come for You" , "Burn It to the Ground " ( кој подоцна ќе биде музичка тема за WWE RAW ) , " Never Gonna Be Alone" – издаден во септември и "Shakin‘ Hands" како седми сингл издаден на 16 Ноември. Нивниот осми сингл "This Afternoon" беше издаден на 23 март 2010 г.

На 28 февруари ,2010 г. Никелбек настапија на почетокот на церемонијата за затворањето на Зимските олимписки игри-2010, со изведба на синглот "Burn it to the Ground".

Според едно интервју со Даниел Адаир на 23 Јануари 20010 г. , плановите на Никлбек за снимање на нов албум по албумот ,,Dark Hourse” пропаднале во вода, а издавањето се очекува во текот на 2011 година. Исто така , Адаир бендот сака да се наврати на музичкиот стил што го имаше албумот ,,All the Right Reasons’’, што тој го опишува како по природен.

Чад Кругер официјално изјави во едно интервју за “Billboard” дека со пишувањето на нови текстови за следниот албум на Никeлбек ќе започнат во почетокот на февруари 2011 г. со околу 4 песни кои веќе ги има на ум.

Списокот на награди и номинации примени од Никлбек

Никeлбек беа дел од неколку церемонии за доделување на награди во Канада, бендот се здоби со 12 награди од 28 номинации на наградите ,,Јuno Awards” и 7награди од 15 номинации на ,,Much Music”. Никелбек исто така се добитници на 2 награди од 6 номинации на Американските музички награди и на 3 награди од 5 номинации на “Billboard Musical Awards”. Во 2006 г. Никелбек добија награда за Најдобро продаден рок албум во светот на “Светските музички награди”. Групата беше дел и од познатата Канадска прошетка на славните во 2007 г. Во истата година тие добија награда во категоријата омилена рок група. Севкупно тие се добитници на 26 награди од вкупно 62 номинации.

Критички осврт

[уреди | уреди извор]

Во различни моменти од својата кариера Никелбек добија отштоприфатени негативни критики од различни извири. Критичкиот агрегатор “Metacriticrepords” ги окарактеризира трите албуми ,,All the Right Reasons’’ , ,, The Long Road’’ и ,,Drak Horse’’ како конвенционални дела кои постигнаа резултат од 62%,41% и 49% за секој последователно. Критиката се фокусираше главно на нивните музички тематики поврзани со “секс, дрога, проституција, стриптизети и алкохол”, како и на тоа дека се држат строго до некоја формула , без да бидат оригинални во својата работа,внесувајќи нови промени.

Во 2007 г. телевизијата “US Today” изјави дека Никeлбек се едни од ретките бендови кои предизвикаа голема одбивност кај публиката. Во статијата за нив се поставува прашањет дали самата нивна реклама е виновна за многубројните погрешни критики. Исто така во неа се објавени и неколку изјави од музички извори. На пример најстарион уредник во “Rolling Stone “ Брекет изјави :” Да не се залажуваме , некои бендови како овој се оригинални критички докази”. Уредникот Брекет и шефот Грег Маркс, ја препишуваат заслугата за успехот на бендот на младите слушатели на радиото и “секојдневните музички обожаватели кои не купуваат многу CD-иња”. Mаркс даде комплимент за популарноста на Никeлбек и покрај критиките, тој им одаде признание со зборовите “Секоја чест за нивниот успех”.

И покрај многубројните критики , Никeлбек продолжија да целат да ги задоволат критичарите со своите наредни конвенционални албуми. Главниот критичар Лиано Џонс им честита на Никeлбек веднаш по нивниот пробив со ,, Silver Side Up’’ со зборовите “ Упорноста и големата страст се двете приоритети кои го кренаа бендот на едно повисоко рамниште”.Тие го постигнаа своето нагорно искачување со понудата на вистинска реалистична приказна за своите слушатели. Чарт Атак ја препиша заслугата за нивниот успех со ,,Drak Horse’’ на нивниот избор на публика.” Чед Крygер e гениј бидејќи знае што точно сака и колку далеко може да стигне”. Тој се појави со еден значително забавен албум исполнет со песни за пороците и со него се проби во конвенционализмот. Пораката од овој негов албум е : ”Весели се Америко, ова е твојот свет”. “Billboard” исто така го пофали бендот со зборовите : “Никeлбек обезбедуваат добра забава, која ветува добри навраќања во тешките моменти. ”Исто така многубројни колеги од музичката сцена каko: Крис Мартин од Кулдплеј и раперот Тимберленд му дадоа поддршка на бендот.

Членови на бендот

[уреди | уреди извор]
Сегашни членови
  • Чед Кругер (главен вокал и гитарист 1995 г. до денес) (1995–present)
  • Риан Пик (гитарист и помошен вокал 1995 г. до денес) (1995–present)
  • Мики Кругер (бас и гитара, 1995 г. до денес) (1995–present)
  • Даниел Адеир (тапанар и помошен вокал, 2005 г. до денес) (2005–present)
Поранешни членови
  • Брендон Кругер (тапанар , 1995-1997) (1995–1997)
  • Риан Викидал (тапанар , 1997-2005) (1997–2005)

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Никлбек имаат издадено 6 студиски албуми, 1 компилациски албум, една IP музичка трака, 27 хитови и 5 видео-албуми.

Погледни исто така

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]