9 ноември
Изглед
<< | ноември | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | |||||
3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
2024 |
9 ноември — 313-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (314-и во престапна година). Остануваат 52 денови до крајот на годината.
Настани:
1494 | Семејството Медичи завладеало со Фиренца. |
1799 | Во Франција се случува државниот „Преврат на 18 бример“ предводен од Наполеон Бонапарт. |
1918 | Во Берлин, по побуната на воената морнарица и работничкиот штрајк, царот Вилхелм II абдицирал. Тоа бил крајот на Германското Царство и почеток на Вајмарската Република. Власта ја презел водачот на социјалдемократите Фридрих Еберт. |
1921 | Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика за неговата работа на фотоелектричниот ефект. |
1938 | Кристална ноќ во Германија: нацистите убиле 92 Евреи, a 25-30.000 биле одведени во концентрациони логори. Започнала физичката ликвидација на Евреите. |
1944 | НОВ: Ослободен е Велес. |
1971 | Народна Република Кина е примена во членството на Обединетите Нации. |
1985 | Советскиот шаховски велемајстор Гари Каспаров во 23 година од животот стана најмлад светски првак во историјата на шахот, по победата над Анатолиј Карпов. |
1989 | Демократска Република Германија (Источна) ја отвори својата граница кон Сојузна Република Германија „падна“ Берлинскиот ѕид. |
1993 | На конференцијата на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), во Рим, се изврши гласањето за нов генерален директор, а приемот на Република Македонија во ФАО предизвика големо интересирање. |
1993 | Војската на босанските хрвати, по неколкудневно бомбардирање, го урнала Стариот мост во Мостар, изграден во 1566 г. |
Родени:
1389 | Изабела Валоа — сопруга на Ричард II. |
1818 | Иван Тургењев — руски писател († 1883) |
1841 | Едвард VII — крал на Обединетото Кралство. |
1855 | Александрос Зајмис — грчки премиер. |
1885 | Велимир Хлебников — руски поет. |
1888 | Жан Моне — француски политичар. |
1902 | Митрофан Неделин — советски генерал. |
1914 | Хеди Ламар — австриско-американска глумица († 2000) |
1922 | Имре Лакатош — унгарски филозоф. |
1929 | Имре Кертес — унгарски писател. |
1932 | Јордан Костадинов — прв претседател на ОМО Илинден. |
1934 | Карл Саган — американски астроном († 1996) |
1936 | Михаил Таљ — советски шахист († 1992) |
1945 | Валериј Сердјуков — гувернер на Ленинградската област. |
1950 | Алдо Климан — книжевник, критичар, публицист и собирач на македонски и хрватски старини. |
1953 | Мерима Његомир — српска фолк-пејачка. |
1955 | Биља Крстиќ — српска пејачка. |
1960 | Андреас Бреме — германски фудбалер. |
1972 | Ерик Дејн — американски глумец. |
1974 | Алесандро дел Пјеро — италијански фудбалер. |
Починале:
959 | Константин VII Порфирогенит — византиски цар. |
1623 | Вилијам Кемден — англиски историчар. |
1778 | Џовани Батиста Пиранези — италијански уметник (графичар) |
1923 | Димитар Ацев — македонски комунист. |
1970 | Шарл де Гол — француски генерал и државник. |
1972 | Елисие Поповски — делегат на Првото заседание на АСНОМ. |
1918 | Гијом Аполинер — француско-италијански писател. |
1991 | Ив Монтан — француски глумец. |
1992 | Александар Дубчек — чехословачки политичар. |
1997 | Хеленио Херера — аргентински фудбалер и тренер. |