Прејди на содржината

10 октомври

Од Википедија — слободната енциклопедија

10 октомври — 283-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (284-и во престапна година). Остануваат 82 денови до крајот на годината.

<< октомври >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05
06 07 08 09 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31
2024

Настани:

1582  Поради воведувањето на грегоријанскиот календар во оваа година, овој ден не постоел во Италија, Полска, Португалија и Шпанија.
1631  Саконската војска ја зазема Прага.
1889  Формиран колеџот Бернард.
1944  Во селото Жегљане, Кумановско, е формирана Кумановската дивизија, во чиј состав влегле XVI, XVII и XVIII македонска НО бригада. Имаше околу 5.500 борци.
1946  Во Скопје, во црквата „Св. Спас“, со сите државни почести и пред повеќе илјади граѓани од цела Македонија, беа положени моштите на истакнатиот македонски револуционер и идеолог Гоце Делчев, кои два дена порано македонската делегација ги донесе од Софија.
1967  Во Скопје, на свечената седница на Собранието на СР Македонија, е извршено свечено отворање на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
1991  Предадено е во употреба студиото на ТВ Прилеп.
1993  Андреас Папандреу победи на претседателските избори во Грција.

Родени:

1813  Џузепе Вердииталијански композитор (п. 1901).
1892  Иво Андриќсрпски писател.
1901  Алберто Џакомети — италијански вајар и сликар.
1904  Сотир Ставридис — македонски хирург и уролог, прв асистент во Хируршката клиника во Скопје.
1913  Клод Симон — француски писател.
1917  Телониус Монк — американски џез-музичар.
1923  Николас Парсонсанглиски глумец.
1930  Харолд Пинтеранглиски драматург - добитник на Нобеловата награда за литература.
1946  Наото Канјапонски политичар.
1953  Бисерка Вишниќ — југословенска ракометарка.
1953  Миџ Јур — шкотски поп-музичар.
1963  Драган Бјелогрлиќ — српски глумец.
1966  Тони Адамс — англиски фудбалер.
1969  Илија Зимбо — македонски музичар, прв флејтист во оркестарот на Македонската опера и балет.
1974  Хулио Круз — аргентински фудбалер.
1983  Никос Спиропулос — грчки фудбалер.
1983  Џек Саворети — англиски поп-музичар.
1985  Антонио Пједра — шпански велосипедист.
1986  Пјер Ролан — француски велосипедист.
1991  Џердан Шаќири — швајцарски фудбалер.

Починале:

426  АтикЦариградски патријарх.
1359  Хуго IVкрал на Кипар.
1636  Питер Бројгел Помладиот — фламански сликар.
1674  Томас Трахерн — англиски поет.
1837  Шарл Фурјефранцуски филозоф.
1930  Адолф Енглергермански ботаничар.
1973  Лудвиг фон Мизес — австриско-американски економист.
1976  Силвана Арменулиќ — југословенска фолк-пејачка.
1983  Ралф Ричардсон — англиски глумец.
1985  Јул Бринер — американски глумец.
1985  Орсон Велс — американски глумец и режисер.
2004  Кристофер Рив — американски глумец.
2014  Валери Карпов — руски и советски хокеар.