Прејди на содржината

Шлезвиг (град)

Координати: 54°31′5″N 9°34′13″E / 54.51806° СГШ; 9.57028° ИГД / 54.51806; 9.57028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Шлезвиг
Катедрала Св. Петар
Катедрала Св. Петар
Катедрала Св. Петар
Грб на Шлезвиг
Шлезвиг во рамките на Германија
Шлезвиг
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Шлезвиг-Фленсбург
Градоначалник Артур Кристијансен
Основни податоци
Површина 24,3 км2
Надм. височина 1 м
Население 25.832 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 1.063 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SL
Пошт. бр. 24837
Повик. бр. 04621
Портал www.schleswig.de
Местоположба на градот Шлезвиг во рамките на округот Шлезвиг-Фленсбург
Карта
Карта
Координати 54°31′5″N 9°34′13″E / 54.51806° СГШ; 9.57028° ИГД / 54.51806; 9.57028

Шлезвиг (германски: Schleswig; дански: Slesvig; јужнојитландски: Sljasvig; долногермански: Sleswig) — град во североисточниот дел на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Претставува административно седиште на округот Шлезвиг-Фленсбург.

Во градот живеат околу 27.000 жители, а како главни стопански гранки се вбројуваат кожната и прехранбената. Своето име го добило од Шлај, фјорд во Балтичкото Море на чиј крај се наоѓа и од „вик“ или „виг“ што означува залив на старонордиски и дански јазик. Шлезвиг со тоа означува „залив во Шлај“. Постои и тврдење дека името на градот потекнува од западнословенското племе, кое живееле во „Славсвик“ помеѓу V и X век.

Географија

[уреди | уреди извор]
Карта за Шлезвиг

Градот се наоѓа на западниот крај на фјордот Шлај, кој ги дели двата полуострова Ангелн и Шванзен и е на западниот крај на шлезвишко-холштајнските висорамнини. Урбаното подрачје се наоѓа од 0 до 20 метри надморска височина. Браутското Езеро се наоѓа во градот.

Најблиски поголеми градови се Фленсбург, Хузум и Кил. Сојузниот автопат 7 поминува западно од градот. Автопатите Б76 и Б77 завршуваат во Шлезвиг, а Б201 поминува северно од градот. Железничката станица во Шлезвиг е станица за брзите и регионалните возови.

Климата во градот е влажна и морска. Просечната годишна температура е 8 °C, а просечните врнежи изнесуваат 925 mm.

Клима на Шлезвиг
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Просечна максимална (°C) 2 3 6 10 16 19 20 20 17 13 7 4 11,4
Просечна температура (°C) 0 1 3 6 11 15 16 16 13 9 5 2 8,1
Просечна минимална (°C) −1 −1 0 3 7 10 12 12 10 7 3 0 5,2
Просечно кол. врнежи (мм) 79 50 61 55 61 71 92 87 86 90 105 88 925
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) 13 10 12 10 9 10 12 11 11 12 15 13 138
Сончеви часови (месечно) 42 67 103 168 226 231 213 215 145 98 51 40 1.599
Извор: The Weather Network[2]

Историја

[уреди | уреди извор]
Шлезвиг во 1600 година

Викиншката населба Хедеби, сместена јужно од денешниот град, била првпат спомената во 804 година. Била моќна населба во балтичкиот дел, која владеела со областа повеќе од 200 години. Во 1050 година, по неколку уништувања, населението се преселило на спротивниот брег на Шлај, во денешниот град Шлезвиг. Во 1066 година, Хедеби била конечно уништена и Шлезвиг станал дел од данското кралство.

Во 1544 година, замокот Готорф станал резиденција на локалните владетели. Војводите Готорф биле вазали на данските кралеви и владееле во денешна Шлезвиг-Холштајн. Во 1721 година, кога завршила Големата северна војна, војводите Готорф ја загубиле својата моќ и нивните поседи станале дански поседи. По Втората шлезвишка војна (1864), Шлезвиг бил припоен од Кралството Прусија.

Знаменитости

[уреди | уреди извор]
Градината Нојверк со куќата „Глобус“ и замокот „Готорф“ во позадина
  • Шлезвишка катедрала (1134) — главна градска црква, со гробот на кралот Фредерик I на Данска
  • Замок Готорф (1161) — поранешна резиденција на војводите, со барокната градина Нојверк, во која се наоѓа Готорфскиот глобус
  • Холм — старо рибарско село на брегот на Шлај
  • Хедеби — викиншка населба

Познати жители

[уреди | уреди извор]
  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2022 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2023. (германски)
  2. „Климатски податоци за Шлезвиг, Шлезвиг-Холштајн, Германија“. Архивирано од изворникот на 2020-08-21. Посетено на 20 август 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]