Шевролет Спарк
Оваа статија бара повеќе извори за проверливост. Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Шевролет Спарк четврта генерација (М400) | |
Производител | Daewoo Motors (1998–2002) GM Daewoo (2002–2011) GM Korea (2011–сè уште) |
---|---|
Период | 1998-сè уште |
Претходник | Daewoo Tico |
Сегмент | Градски автомобил (А сегмент) |
Каросерија | Хечбек со 5 врати |
Шевролет Спарк е градски автомобил или „мини“ автомобил произведен од јужнокорејскиот производител на возила GM Korea. Првично се продавал под името Daewoo Matiz. Достапен е само како хечбек со 5 врати. Првата генерација на Daewoo Matiz била лансирана во 1998 година од јужнокорејската гранка на Џенерал моторс, GM Korea со цел да го замени автомобилот Daewoo Tico.
Откако Џенерал моторс ја презела компанијата Daewoo Motors во 2002 година, автомобилот започнал да се продава под името на Шевролет. Втората генерација била претставена во 2005 година, а третата во 2010 година. Во јуни 2013 година во Калифорнија и Орегон, САД била лансирана електричната верзија Шевролет Спарк ЕВ и станал првиот електричен патнички автомобил на Џенерал Моторс откако моделот ЕВ1 на компанијата прекинал да се произведува во 1999 година.
Галерија
[уреди | уреди извор]Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |