Прејди на содржината

Целувка (десерт)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Целувка
Целувка со биен крем
Други имиња
  • Meringa (во Италија)
  • Beza (во Полска)
  • Suspiros (во Португалија и во Бразил)
  • Sneg (во Словенија)
  • Puslice (во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна гора)
  • Habcsók (во Унгарија)
ВидДесерт
Главни состојкиБелки, шеќер
Cookbook: Целувка на Викикниги 
Павлова, десерт на база на меренга од Нов Зеланд и австралиско потекло

Целувка[1][2] — вид на десерт често поврзани со француската, италијанската, швајцарската и полската кујна, традиционално направен од изматени белки од јајца и шеќер, а понекогаш и кисела состојка како лимон или оцет. Во јајцата може да се додаде и сол, брашно или желатин. Клучот за правење на добра целувка е образувањето на крути врвови со денатурирање на протеинот овалбумин (протеин во белките од јајцето) преку механичко смолкнување.