Прејди на содржината

Ходник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ходник во Лурсовата кула, деловна зграда од 1929 година во средиштето на Феникс, Аризона.

Ходник ― внатрешен простор во зграда што е користен за поврзување на други простории. Ходниците се воглавно долги и тесни.

Училиштен ходник во Средното училиште „Кеми Лицеум“ во Кеми, Финска.

Ходниците мора да бидат доволно широки за да се осигура дека зградите може да се евакуираат за време на пожар и да им се овозможи на луѓето во инвалидски колички да се движат по нив. Минималната ширина на ходникот е регулирана со градежни кодови. Минималните ширини во живеалиштата се 91 цм во Соединетите Држави.[1] Ходниците се пошироки во места со поголем сообраќај, како што се училиштата[2] и болниците.[3]

Во 1597 година Џон Торп е првиот забележан архитект кој заменил повеќе поврзани простории со соби долж ходникот до кои секоја се пристапува со посебна врата.[4]

  1. Mitton, Maureen; Nystuen, Courtney (11 јануари 2011). Residential Interior Design: A Guide to Planning Spaces (англиски). John Wiley & Sons. стр. 201. ISBN 978-1-118-04602-9.
  2. „Guideline for Square Footage Requirements for Educational Facilities“ (PDF). Georgia Department of Education. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-03-21. Посетено на 18 март 2023. The minimum clear width of corridors shall be 8 feet when serving 2 or more IUs. Corridors, where lockers will be installed, shall be a minimum clear width of 9 feet if the lockers are on one side only. If there are to be lockers on both sides, the corridor must be at least 10 feet wide.
  3. Carson, Chip. „The Life Safety Code and health care corridor width“. www.nfpa.org. Архивирано од изворникот на 2021-01-25. Посетено на 18 март 2023. According to NFPA 101®, Life Safety Code®, new health care facilities are required to have corridors 8 стапки (2.4 метарs) “in clear and unobstructed width.”
  4. Judith Flanders (8 септември 2015). The Making of Home: The 500-Year Story of How Our Houses Became Our Homes. St. Martin's Press. ISBN 978-1-4668-7548-7.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]