Хиоска овца
Хиоска овца – грчка раса овци која се одликува со висока млечност[1] и пониски приноси на волна и месо.
Потекло и распространетост на расата
[уреди | уреди извор]Како и за многу други раси и за хиоската овца не се знае нејзиното потекло. Се смета дека е создадена на островот Хиос како резултат на вкрстувањето на локални овци со анадолски донесени подоцна, можно од расите кивирџик и даглик.[1] Во периодот 1983 – 2007 година, популацијата на расата нараснала од 16.000 на 51.860 грла.
Опис и особини на расата
[уреди | уреди извор]Главата е со слабо испакнат профил. Ушите се малку надвиснати. Телото е издолжено, а коските се тенки и здрави. Лицето, ушите и нозеете се покриени со црни дамки. Опашката е широка, густа, рунеста и достига до земјата. Вимето исто така е црно. Стомак нема руно исто како и долниот дел на нозете.
Руното е бело, волната е ретка и полугруба. Често кај јагнињата се забележуваат пигментни дамки кои подоцна бледнеат.
Овците се тешки 45 – 55 кг, а овните 65 – 80 кг. Средниот настриг на волна е 1,5 – 2,3 кг кај овците и 2 – 3,5 кг кај овните. Плодноста е во рамките на 180%. Средната млечност за лактационен период е 240 – 320 l.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2
http://afs.okstate.edu/breeds/sheep/chios/ „Chios“ Проверете ја вредноста
|url=
(help). Oklahoma State University, Dept. of Animal Science. Посетено на 6 април 2020.